Емисијата на Миленко - овде.
Соопштението на ЗНМ - овде.
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува грозното етикетирање, навреди и ширењето на говор на омраза од страна на лицето Миленко Неделковски кон колегите новинари од фондацијата Метаморфозис. Тој освен недолични коментари и навреди, во оваа објава споделува и фотографии од колегите новинари и се користи со зборовите ,,сатрапи, гноеви, гнидите, чировите кои крварат во земјава, дека биле поставени таму за да не се дознаела вистината…”.
Мала лекција до ЗНМ: Кога ќе се најави цитат, она што се наоѓа меѓу наводниците треба да биде цитат а не прераскажување (за делот „биле поставени таму да не се дознаела вистината“).
ЗНМ проценува дека ваквите наративи „ги доведуваат во ризик вработените во Метаморфозис“ па најавува пријава до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР со барање да се преземат итни мерки.
Аман бе? Затвор за Миленко не се бара? Засега не, но потсетуваат дека веќе има судска пракса со условни казни затвор по претходни пријави на ЗНМ.
Она што ЗНМ инсистира да го пласира, а не може да го аргументира а не па докаже, го сместува во категоријата „очигледно“:
Оваа објава на Неделковски е дел од очигледно организираниот напад на Метаморфозис која веќе трае извесен период на социјалните мрежи каде се таргетирани сегашните и поранешните вработени.
Каде е тоа очигледно дека постои ни помалку ни повеќе туку „организиран напад“? Кој го организира, кои се играчите, која позиција покрива Миленко? Нам тоа не ни е очигледно. Ако постоеле неколку негативни мислења за работата на Вистиномер, зошто тоа би било доказ за организиран напад, а не, на пример, за создавање критична маса дека агендата на Метаморфозис е провалена?
Нам ни е па очигледно дека сета оваа епизода е само за да се лапне уште некој грант за борба (или барем семинарче) против хибридните напади од Русија или Кина.
Два коментара од Фејсбук (на споделувањето на Мери Јордановска на соопштението на ЗНМ):
Знаеш што е спорно и што многу нервира? Тоа што сите вести на Вистиномер сега се однесуваат на проверка на опозицијата, а пред 2016та на проверка на тогашната власт. На пример, никаде нема информација или факт чекирање на изјавите на Спасовски за пасошите, на изјавите на Бошњаковски за пасошите, за изјавите на Заев за аутопутите, за цвикерите на Грујо од "65.000 еура", за изјавите на Заев за двојазичноста у "Прилеп" итн итн итн. И така со години. Е па, нервира.
Панзо З.
А Тричкоски добар е?
Горан Ј.
Во соопштението на ЗНМ се вели дека за ризикот по вработените на Метаморфозис, аргумент се и „недоличните коментари на објавата кои се толерирани од страна на авторот“.
Да? Стварно срам да му е што толерира:
**********
Види и:
Вистиномер си ја извадија платата
Пазете со што се бават „Вистиномер“
Датумите и инвестициите беа точни па Вистиномер фати да го расчистува Фејсбук
Оние Метаморфозис и во вест се досадни