Journalist kills the radio star

Една од најблесавите новинарски стории на кои сме налетале во последно време. Дописникот на Канал 5 јавува дека "секс скандал ја тресе општинската организација на СДСМ во Кривогаштани" (добро, колкав потрес може да е тоа?).

Ај што прилогот е полн со патетични кованици:

-  за него:
"наместо да тера кампања и нуди излезни решенија...",

- за неа:
"млада дама која сè уште не го вкусила бракот",

- за влогот во врската:
"ѝ ветува богати житни полиња и високи планини",

.... своето дно прилогот до достигнува со воведување очајна радио драма.

Среќа што Борис Мајсторов не е жив да види каде му оди жанрот во кој тој беше легенда.

Чујте.

6 јуни 2012 - 12:21