Сечено, гмечено и неиспразнето

Здраво Трендо,

Месец или два ние упорните ги гмечевме пластиката и лименките низ отворот на контејнерот. Ама веќе преполн е.Ни со гмечење не оди.Не ми е јасно зошто не го празнат. Кога се наполни до нормално ниво со радост забележав дека навистина има пластика и лименки а не остатоци од помфрит и хамбургери.А сега веќе им пукна филм на луѓево па почнаа да оставаат секакво ѓубре : (

Изгледа на крај излегоа во право тие што викаа `џабе селектираш`.

*читател

27 ноември 2018 - 16:42