Оние напнатите и Езоп би го забраниле
КОЈ БОЛЕН УМ ГО НАПИША ОВА? - ќе крикне некоја дама која го споделила овој Фејсбук пост.
Па, Езоп.
„Орелот и лисицата“ е басна од Езоп, децении наназад стандардна детска литература на многу меридијани и напоредници. Меѓу оние што го поддржале овој пост со комсомолско „грозење и осуда“, можете да најдете македонски книжевници, новинари, активисти, твитер крстоносци...
Чудо сме, чудо.