Феноменални трансфери во јавното здравство

Скриншот од рубриката „Кадар“ на (едит: наводниот) сајт на припепската болница
Скриншот од рубриката „Кадар“ на (едит: наводниот) сајт на припепската болница

* додека не смениле, уверете се овде (едит: доцна е сега)

*******

Стигна ова:

Почитувани,

Ве молиме да ја тргнете објавата која е поставена на порталот off.net.mk од ваша страна а во врска со WEB страната на ЈЗУ Општа болница „ Борка Талески “ – Прилеп, поради тоа што се работи за лажна страна која е креирана од лицето Марко Чурлиноски од Прилеп против кое ќе биде поднесена соодветна пријава.

Една сериозна институција како ЈЗУ Општа болница Прилеп никогаш не би си дозволила да добие .con домен, а уште помалку да ги постави Др.Оз и Др.Но кај персоналот. За луѓе со искуство и углед во оваа сфера како Вашето мислам дека е жално и под секое ниво да си дозволат вакви дезинформации без да ги проверат фактите.

Се надеваме на ваша соработка.
Со почит ЈЗУ Општа Болница „ Борка Талески “ Прилеп

******

Праќаме ова:

Почитувани,

Нема да тргнеме ништо бидејќи не се занимаваме со ретуширање на стварноста. Колку што гледаме, сега таа страна е суспендирана. Не знаеме дали вие сте се погрижиле за тоа но ако е така, сте можеле тоа да го направите и порано, за да не се доведуваат вашите потенцијални пациенти и клиенти во заблуда. Ама не, вие сте оставиле таа страна да постои во ваше име и дури сега ви текна да кажете дека имате проблем. А вчера, завчера, преквчера?

секое добро,
Т. 

Инаку, тука

22 август 2019 - 10:53