Зошто Боби влегол во темница, дали платил карта и зошто не направил селфи, тоа се темите со кои сами избираат да се бават, па после Цацко им е крив кога никој не ги есапи, ни кога мислат дека имаат нешто важно да кажат.
Фејсбук статусот на Стојановски. Бонус: добар ТОНЧ од Бобан Авалон:
Одговорот на Боби Илиевски:
Пошо стално сакам да им помагам на тие шо се доволно платени но несфатени, лет ми ентертеин ју со сенароден превод на штивото на Филип Стојановски - Развигор, дипломец на Грејсленд (САД) и магистрант на Сорбона (Франција), програмски директор на „Метаморфозис" фондацијата за интернет и општество, дел од семејството на Институтот за Отворено Општество.
За оние кои не знаат што е „Метаморфозис", еве мала помош: „Мисијата на Метаморфозис е да придонесе за развој на демократијата и подобрување на квалитетот на живеење преку иновативна примена и ширење на знаењето. Наши главни вредности се отвореност, еднаквост и слобода." (извор: http://metamorphosis.org.mk/za-nas/)
Драгиот Филип денес реши да го подобри квалитетот на живеење преку иновативна примена и ширење на неговата перцептилна моќ во функција на разоткривање на најголемите тајни конекции во Македонија кои го попречуваат горенаведениот квалитет на живеење.
Во својот статус на фејсбук од пред 8-9 часа, драгиот магистрант од Сорбона и интелектуален покровител на сајтот „Проверка на факти" јавно ја споделува својата егзистенцијална мака на денот. Оди вака:
„Неколку минути откако почна концертот на Дуке Бојаџиев во неделата, седењето на публиката го поремети влезот на пратеникот Илија Димовски, придружуван од Бетмен Велит (Богдан Илиевски). По темница, седнаа во истиот ред кај што беа Бакрачевски, Иванов и други државни функционери."
Авторот сака да каже дека дрската маленкост на пратеникот Илија Димовски придружуван од мене (поставувајќи хиерархиски однос, еден доаѓа, друг придружува) го нарушила почетокот на концертот на Дуке Бојаџиев на Античкиот театар во Охрид. Седењето на публиката било пореметено. Вака пореметеното седење на публиката се случило ПО ТЕМНИЦА!
Тука авторот сака да постави уште една интригантна тема - Илија и јас доаѓаме во темница, за никој да не види дека доаѓаме заедно на концерт на Дуке Бојаџиев во Охрид. Попусти беа нашите обиди никој да не забележи дека сме пријатели, доаѓајќи во темница, при што пратеникот не ја искористи својата моќ да ги исклучи светлата на Антички за оние поспремните во публиката како магистрантот од Сорбона да не забележат дека заедно доаѓаме на концерт / сме пријатели.
Заплетот продолжува со тоа што нашето место на седење било во истиот ред каде што биле седнати претседателот Иванов, еден од моите омилени градоначалници Бакрачески и „други државни функционери".
Продолжува вака:
„Чудно што од стотиците присутни на концертот на Дуке Бојаџиев, само Бетмен Велит не објави селфи од лице место, ниту раскажа како било."
Не е чудно што магистрантот од Сорбона, драгиот Филип исто така не објави селфи од концертот и не раскажа како било, но тоа ќе го сфатам како дел од диверзантските програмски активности на „Метаморфозис" за подобрување на живеењето, во кои не сакал да открие дека бил во публиката на Антички (О, Јупитере!) и вака - на препад да ме фати неподготвен за неговото истражувачко око кое во темницата забележало пореметување на седењето на публиката од државни функционери, претседатели и градоначалници, предизвикано од желбата никој да не дознае дека јас и пратеникот Димовски сме пријатели кои дошле да гледаат концерт заедно.
Блиц забелешка за сите кои можеби се прашуваат зошто е потребата од темница, макар по цена на пореметување на седењето на публиката во Античкиот театар, пренесена од прецизните Сорбонски прсти на драгиот Филип:
Според него и според пар дегустатори на џусеви од портокал, Илија Димовски е лошиот демон кој се храни со деца на опозиционери, а секој кој е негов пријател треба да се срами од тоа друштво (и да доаѓа во темница на концерти на Античкиот театар во Охрид). Ваквото етикетирање кое придонесува за квалитетот на живеењето според начелата на „Метаморфозис" исто така придонесува оние кои го прават да бидат позиционирани на топ-листата на добри луѓе, одлични ученици, борци за сеопштото добро во нашето општество кое се стреми да е отворено. Односно, ако кажам дека Перо е лош, значи дека јас сум добар.
А драгиот Филип е повеќе од добар. Не само што добро гледа, одлично резонира, шерлоковски заклучува и фрла бомби со дилеми за да го подобри живеењето на сите нас, туку и поентира со третиот пасос од статусот во кој ја објаснува суштината на неговата денешна битка, во кој вели:
„Прашање од јавен интерес е можеби дали самите си платиле билети за концертот, или пак по некоја линија нивното заедничко уживање во музиката на Дукета беше на наш, народен трошок."
О, Јупитер! Тука авторот сака можеби да праша дали јас и Илија сме се гагале на концерт кај Дуке на сметка на грбот на народот од кој не сме дел, или можеби сме си купиле карти. Земајќи го сиот ризик да го вознемирам авторот на ова преубаво штиво, јавно изјавувам дека картите за концертот на Дуке Бојаџиев на Античкиот театар во Охрид на кој стотици луѓе објавија селфија и раскажаа како беше освен некои луѓе, се купени со народни пари, попрецизно со ДДВ-то кое во државната каса го плаќа драгиот Филип. Јас лично побарав од Министерот за Финансии картите да бидат купени од ДДВ-то и придонесите на добриот Филип Стојаноски Развигор, со цел на негов грб да уживам во концертот заеднички со лошиот пратеник Илија Димовски.
О, зошто сум го сторил овој чин од јавен интерес, пореметувајќи го седењето на плебсот на Античкиот театар во Охрид, покрај тоа затоа што се дружам со лоши луѓе и сакам народот да пати па да се помрдне од своето место за да пројдам до моето?
Затоа што драгиот Филип Стојаноски Развигор, магистрант од Сорбона, целиот живот го помина по тие пусти фондации, бивајќи закачен на туѓа цицка од која ги црпи сите хранливи материи за стимулација на неговиот мозок кој открива вакви конспирации кои ни темнината на вечерен Охрид не може да ги сокрие. Па така, мојата карта за концертот на Дуке Бојаџиев ја платиле милиони граѓани од Холандија, Данска и други земји од целиот свет кои срдечно донираат пари на Сорбона-алумнија посветени на подобрување на живеењето на луѓето преку откривање на концертните конспиративни дивеења на владеачката каста на сметка на кутриот угнетен народ кој мора да мрдне долни екстремитети.
Фактички, мојот престој на концертот на Дуке беше индиректна странска инвестиција во моето уживање, за што неизмерно сум благодарен.
Програмскиот директор на фондацијата „Метаморфозис" чие чедо е и сајтот „Проверка на Факти" нема потреба од дополнителна проверка на овој факт. Треба само да фактурира за овој натчовечки напор до своите спонзори кои користат ненародни пари за да ја охрабрат нивната детективска дејност пред која капа симнуваат Шерлок и Поаро.
Тоа што картите беа купени најлегално, а ПМС булшитот на драгиот подобрувач на живеењето е индиректно реакција на мојата реакција на неговиот уредник на „Проверка на факти" Владимир Петрески кој лапна кромид за „Министерството за правда и џусеви" и гордо го пласираше по своите мирисни канали нема никаква врска со овој прекрасен обид на магистрантот од Сорбона, драгиот Филип, да го задоволи јавниот интерес за изворот на ресурсите кои овозможиле уживање на еден лош лош пратеник и неговиот лош лош придружник на концертот на Дуке Бојаџиев во Охрид.
Браво Филип Развигор, продолжи со дувањето и нишањето на гранчиња над изворчиња. Па после провери ги фактите и отвори ја устата за уште малку млеко. Се радувам што постоиш како подобрувач на демократијата и живеењето и те охрабрувам да се бавиш со вака важни теми од јавен интерес.
Да ти нафрлам уште неколку:
-Кој ми даде карти за концертот на Ману Чао во Дојран? Зошто? По темница ли влегов?
-Дали на грбот на граѓаните е набавен јогуртот кој го пиев утринава?
-Дали на ваш, народен трошок ќе е струјата која ќе ја потрошам за да ги исперам гаќите врз кои во моментов ставам ладни облоги, во обид да задржам ладна глава кога на бело видело ме откри што сакам да правам по темница?
-Што сè правам по темница, на грбот на некои граѓанки од Републиката?
Дувај ветре, Развигорче.