Средбите на глобалната ВИ и локалните ликови допрва ќе раѓаат драгоцени ситуации. Човек од село во околина на Врање треба да патува со авион ама му е фуфка. Му објасниле дека постои вештачка интелигенција која може да му одговори на сите дилеми кои ги има и дека со неа може да разговара како со човек. А врањанецот воспитан човек па првото прашање до ЧетГПТ му е: Нели спиеш?