Доколку не го поздравите Звонко Иван, Звонко Иван ќе се поздрави и сам. И потоа ќе ви го опише неговиот разработен план за пишување песни. Доколку не му успее еден ден, ќе пробува пак, СКОРО секој ден, додека не му успее. Кога ќе му успее, ќе ги закачи песните на разни платформи по што ќе замине на заслужен одмор кој ќе трае 10, 20, 30 до 33 дена. Ворен Бафет нема ваква агенда. Добровечер Звонко Иван.