На утринска емисија на српска телевизија демонстрираат показна вежба колку е лесно да се угаси оган со ПП апарат. Мало оганче, пола метро. Задачата ја доверуваат на „просечна женска особа со просечна градба.“ Се вика Милица. Противпожарно наравоучение од акцијата на Милица: кај што има дим, има и оган.