Внукот на баба Натка од бугарското село Копиловци, пред некој месец ја научил како да општи и како да го користи интелектуалниот капацитет на ЧетГПТ, кого Натка нагалено го вика Джи Би Ти. Тој ѝ станува пријател, другар, советник .... и најмногу ѝ има помогнато околу патлиџаните. Натка има и сопруг, ама покрај Джи Би Ти, тој е во епизодна улога во нејзиниот живот.