Во четврток на 29-ти мај во киното Cineplexx премиерно започнува со прикажување на филмот Edge of tomorrow, базиран на романот "All you need is kill" на Hiroshi Sakurazaka.
"Соработката со Sony Image Works на проектот Edge of tomorrow ни претставува посебно задоволство бидејќи за разлика од други проекти, тука имавме можност да изработуваме комјутерски генерирани модели. Всушност, ги изработивме повеќето возила, работевме на сите летала, на бродовите и ховеркрафтите кои беа со висока комплексност. Ова се најреалистични, најусовршени и најдетални модели кои сме ги изработиле. Исто така работевме и на компјутерски генерираните дублери (digital doubles) кои се дигитални верзии на дел од актерите, и на егзоскелетоните кои ги носат главните актери во филмот", изјави Кристијан Даниловски, ко-сопственик на ФХ3Х и извршен продуцент на проектот.
Атрактивен деликатес за љубителите на научно фантастичниот жанр, со нов режисерски пристап: нашиот главен јунак Бил (го игра Tom Cruise) го губи животот уште на почетокот на филмот. Покрај спектакуларните визуелни ефекти, тоа е само една од атракциите која треба да го крене адреналинот кај гледачите, но оставаме да видите што ќе се случи понатаму во војната со вонземјаните.
Главните улоги ги толкуваат: Том Круз, Емили Блант, Бил Пакстон, Џереми Пивен...
Режисер на филмот е Даг Лиман кој е режисер и на серијалот филмови The Bourne Identity, The Bourne Ultimatum и The Bourne Supremacy.