Народе Македонски сос какви идеи си ти кога станува збор за тиквиците? Доста беше разбуди се, скролни си, информирај се ти.mp3
Тикварски занимливости:
• Тиквичките се овошје.
• А иде уз ракија, за разлика од рибизлите, на пример.
• Цветовите од тиквата се екстравагантно мезе. Поховани, милина. Орален секс!
• Најголемата измерена тиква била малку поголема од Љупчо-Интегра
• Шо не е мала работа
• Да бидеме реални
• Тиквицата е прва братучедка на лубеницата
• Постојат сиромашни хипстери шо ја ословуваат како зукини или коржета.
Во македонскиот јазик тиквата најчесто се употребува во пежоративна варијанта. Значи кога антропоморфира, или кога се користи да опише некој хомо-сапиенс, најчесто има за задача да навредува. Мајстори сме за злоупотреба. Да оставиме тоа на лингвистите, ние денес имаме друга работа.
Фалоу ми: Запечуваме тиквички на тава. Или што би рекле оние истите хомо-еректуси од последната точка: спремаме КАСЕРОЛЕ од зукини.
Го ‘палиме’ рендето. Немојте од најситната страна, туку од онаа со капките дожд. Кило тиквички. Бојата не е битна, немој да сте расисти. Ги рендерираме, шо би рекол секој просечен 3D аниматор.
Вака изрендани ги цедиме. Како го праиме тоа? На два начина:
1. Во кујнска крпа ставаме пола од тиквиците, ги преклопуваме со крпата и налегаме.
2. Или истото стискање и налегање го правиме на повеќе пати, со нашите шепи. Можеби попримитивно, ама една крпа помалце за перење.
Ја дехидрираме тиквата како Кирил Стоименов у недела сабајле. Дехидрираните парченца тиква ги пребацуваме во длабок сад. Сол, бибер и лук во прав. Или може и да исецкате лук. Доколку не сте мрзливи Гарфилди како мене. Во истиот сад кршиме три јајца, додаваме 3 лажици сенф, две шаки презла, рендан кашкавал и рендан пармезан (по 70-100 грама и од двете).
Со рака или со дрвена лажица, мешаме како да месиме тесто. Мора да добиеме компактна тиквена топка. Смесата ја распостиламе во тавка за печење. Може да биде и олдскул плехче, огноотпорен сад, некој сад со нелепливо дно шо мајка ти/сопругата го добила на некоја турско кафе наградна игра.
Откако е рамномерно уцуцлена во садот, врз целата површина истураме микс од презла и пармезан. Ја репетираме рерната на 180 степени и печеме 45 минути. Вадиме, отвараме прозор од кујна за да ја напраиме љубоморна козата на комшијата, чекаме да се олади и..
Паркираме некоја домашна максузија и почнуваме дрско да делкаме. Шала на страна, ова е исто одличен гарнир за со риба, ево рецимо. За овие шо викаат зукини и коржета, гарнир е сајд-диш. Иф ју ноу уат ај мин.
Кирил Стоименов – ХардКоржета