Путин

Добар ден политички аналитичари и доктори за пропаганда, знаевте ли дека Путин освен шо е џиуџицу лидер на Русија и јавач на мечки, во исто време по хомонимност значи и помфрит со сос и кашкавал - канадски рецепт од Квебек.?

Не знам дали Канаѓаните се горди или се срамат од овој обид за кулинарска иновација, но традиционалниот путин е подрум под дното. Пробав у Дизелдорф, као Канаѓани го држеле снек-барот, спремен беше со сите конвенционални салтанати. Сопственикот страсно ме убедуваше дека тоа уствари било, цитирам „Супер-фуд фор хенгоувер“.

Или не чул за чорба мајсторот, или никогаш не бил мамурен. Добив бајат помфрит прелиен со говедски сос како за свадби и некој евтин ’пластиканац‘ растопен кашкавал. Ужас. Денес ќе му дадам хипстерски твист на Путин-от. За инат на Трудо. И на Путин. И на Енди Ворхол за инат.

Каман:

За почеток, мислам дека е декадентно да ви пишувам инструкции за тоа како се пржи компир. Мислам дека домашниот помфрит е главниот одземач на кулинарската невиност кај нас миленијалците. Он и евентуално јајцата.

Ок, да ‘прочешламе’ у кратки црти: компир, го лупиме, сецкаме, загреваме зејтин, компирот внатре, ЕУРЕКА.

Во сецко ставаме цвекло, 3-4 лажици павлака, сол и оригано. Блендираме до хомогена секси розева смеса. За фановите на Никлбек: ДА, може и грчки јогурт да користите. Свашта!!!

Нанесуваме врз компирите. Маслинки црни како подочњаците на Мики Попов. Ги сецкаме на кругчиња, да личат на шајбни или гумици за чешма. Ги додаваме врз компирите, такоџе. Магдонос. И на крај рендано тврдо италијанско сирење, пармезан, грана падано, пекорино, би мај гест. И така комради, шо ви кажувам.

Се препорачува како прилог уз Киевски котлет.

Кирил Стоименов - МиркаВелинововист

6 март 2022 - 15:30