Овој рецепт нема никаква поврзаност со преценетите Орео колачи (Ишлери за неискусни). Има поврзаност со сличноста во името. Затоа што ќе користиме ореви, ореви и само ореви. Па има ли нешто по Орео од рецепт дизајниран стрикно на база на ореви?
“Газ жена краси, стечај - власи, а торта - ораси. Нека знаат широките народни маси“
Денешниот метод на подготовка на путер од јатки може да се примени на кој било од вашите омилени јаткасти плодови: лешник, бадем, ф'стак, орев, исто орев само индиски, кикирики.... Едноставен е, брз, здрав и одличен за диеталци и диеталки. Супер нутритивна замена за кога ќе закризирате за благо.
Оддругастранапак, (читај го ова како да го изјавил некој политички аналитичар на дебатна емисија) одлично клиза со обоени алкохолни напитоци. Значи ги подмирува сите табори. Јас одбрав ореви. Од едноставна причина што не сум пил бадемовача или ф'стаковача.
ОДДРУГАСТРАНАПАК, дедо ми праеше опасна ораховка. Демек за лек. Секој ден се лечеше од нешто. Фантазија.
Немам намера да ги набројувам бенифитите од конзумирање ореви. Веројатно ги знаете. Ако не, доволно возрасни сте, прогуглајте. Ова запутерување го започнуваме со 200 грама ореви. Ги требиме како ориз, притоа елиминирајќи ги црвливите јатки. Можат да направат горчлива беља.
Ги распространуваме на врз хартија за печење и садот у рерна претходно воспалена на 200 степени. 5-6 минути. Вака ги размрдуваме мастите во јатките и самите тие малку омекнуваат. Потоа ги вадиме и чекаме 10-тина минути да оладат.
Вака искулирани одат во блендер. Додаваме многу малку сол, на врвот на лажичката. Опционално: намазот ќе биде благ колку што се благи јатките. Но, секогаш можете да додадете лажица мед. Една кафена лажица на 200 грама е сосема доволно. Сладок бустер. Ако сте фанови на цимет, не се устручавајте, слободно прснете. Рум? Зошто па да не. Експериментирајте слободно. Блендираме сè до посакуваната текстура. Секоја јатка захтева различно време. Мене ми требаа некој 6 минути за оревите. Следен пат ќе ги терам до 8, за помазно.
Го префрламе намазот од блендер у тегла и во фрижидер. Мислам дека може да го чувате до 2 недели, ако не и повеќе. Нема шо да се расипе уствари. Да знаете дека иако сте го довеле до апла течна состојба, после ден-два згуснувава. Но, вкусот е ист. Би било секси ако внатре во намазот додадете кршени јатки, но различни од тие од којшто е направен самиот намаз.
На леб се мачка, без леб се јаде. Заменете ги палминово уље кремовите со ова слатко задоволство. Одличен додаток е за десерти, по разноразни колачи, слатки, палачинки. Јас го подбрав со коњак.
Сон, на летната ноќ.
Кирил Стоименов - ДеСертер