Вегетаријанци, како иде со вегетата? Овој рецепт е за вас. Но не е само за вас, туку е и за месождерите. Како прилог. Прилог за месо. Редефинираме граматики. И рецепти. И животи. Забегав... ...А сакав само да пишам само дека благиот/слаткиот компир е всушност тиква у пубертет. Па не, стварно, нема допирна точка со компир на вкус. Едино на форма. Од изнутриционистичка гладна точка, слатките копири се извор, уствари каков извор, они се вруток на бета-каротен. Кркаш 2 компира и имаш бета-каротен за извоз. Продаваш расад за органско соединение. Има работа на кој му се работи!!!
Ај сеа малце сериозно околу храната. Припремаме едноставен оброк кој ќе ни понуди експлозија од разнолични вкусови. Витаут фрдр аду:
Нашиот денешен јунак, слаткиот компир исто-познат-како батат, комада 3. Го сечеме на половина. Надолжен пресек. Секоја од половинките ги премачкуваме со масло, сол и бибер. Рерната загреана на 180. Ги печеме копирите саат време, или додека не омекнат скроз. Последните 5-10 минути редиме сирење врз компирите. Ја пошто сум гастербајтер ставив моцарела. Вие од негастербајтерска вероисповед може да ставите некое наше тврдо биено сиренце. Или жежено. Или обично бело. Сирењето и неговата соленост (не знам дали постои ваков збор, ме мрзи да проверувам, битно се разбираме) треба да ѝ пркосат на благоќата (бог да чува со зборовите у текстов) од компирот. Ваквиот контра-спој е неодолив.
Додека компирот се пече, да ги соопштиме составите. Уствари составот, на денешниот дресинг. Во длабок сад ставаме 3-4 лажици таан-паста, на старо-хипстерски позната како тахини. Иначе тоа е паста од малку потпечен сусам. Додаваме сок од еден лимон. Сол, бибер и ситно сецкана мента. Овде може и сецкан свеж копар, гејм-чејнџер у дресингот, да му веруваш на чичо. Промешуваме да се соединат компонентите. Ако е премногу густо, додаваме вода, сè до посакуваната густина.
Јаткаст момент. Знам дека коштаат како викендица у Блатец, ама набавете 100-тина грама пињоли. Пињолите се борови ореви, од одредени сорти на бор. Да не филозофирам, ШИШАРКА БЕ, ШИШАРКА. И се лупат тоа гранчињата и добиваш многу моќна јатка.
Братски топол совет до скороевичите вегани, вегетаријанци и сличните тревопасни социјални животни: ако ве пукаат апстиненцијални кризи за чварка, потпечете пињоли и оставете ги да се оладат. Ја коа пробав прв пат не ми беше верно.
Значи, и за овој рецепт, ги потпечуваме пињолите на сува тава, додека не станат кафеави. Ок, не мора нужно да е пињола вашиот јаткаст избор. Ставете било каков орев, бадем, лешник и слично, само прво потпечете ги. За вкусот да си го добие својот суперлатив. Океј. Компирот готов. Сирењето растопено. Го вадиме од рерна и го преливаме со дресингот од сусамова паста и лимон. Врз дресингот ги додаваме потпечените јатки и декорираме со некое ливче од свежата билка која ја употребивме за дресингот. Ако сте родители, вашите јуниори ќе го обожаваат овој рецепт.
Но ако сте родители, сигурно и пијуцкате. Ја го мезев со коњак. Супер е. После обрнав на пиво. Па на... Ај да не си го опејувам резилот. На здравје нека ви е бета-каротенци. Поздрав и до наредно запрчување ракави! Знаете како кој...
Кирил - компир гледа коњак вади - Стоименов