Да ја отвориме епизодата со троа непопуларно мислење: Гинисот е еден од полошите стаути шо некогаш сум ги пробал. Ок, можеби ‘лош’ е престрог епитет, ама поентата ми е дека е далеку од најдобар. Уствари, ај вака да се договориме: Гинисот е Мекдоналдс меѓу стаут-пивата. Затвoрам случај.
Баш поради горенаведените причини, денес ќе го користам за готвење. Мада денешниот рецепт си бара белгијски ејл (Dubbel), поради недостапноста, цената, но и прекрасноста на овие пива, курбан го даваме Гинисот.
Спремаме јунешка тава по фламански. Фламанците се уствари белгијските Кумановци. Со најјаки пива у свет, мене ак' ме питате. Него доста со пивата, ај малку околу храната:
Стартуваме со 800 грама до кило јунешко. Шо почисто месото, тоа полокум искача тавата. Го цепкаме на коцки како за гулаш (види: Пијандурски гулаш). Лонец врел како Моника Белучи у Малена. Запржуваме 10-тина минути и го вадиме месото на страна. Околу зеленчукот: По традиционалниот рецепт се запржува само кромид. Во солзопресушувачки количини. Но јас ќе го ‘расипам’ со додавање на моркови, црвена пиперка, лук и буковки. Печурката со своето умами ќе придонесе за дополнителен диверзитет на вкусови.
Откако зеленчукот е омекнат, го враќаме внатре месото и зачинуваме: сол, бибер и свежа мајчина душица. Додаваме и три лажици сенф, две ловорови ливчиња за ‘од очи’, а најхрабрите можат да додадат и морско оревче. Ептеееен малце. Промешуваме. На крај го истураме пивото.
Последно мешање, ја намалуваме ринглата на најтивко што може, инсталираме капак и нека кроти 2-3 часа. Повремено отворајте, промешувајте и додавајте врела вода по потреба. Густината сами си ја одредувате. Имајте репетирано еден грст сецкан магданос. Кога ќе одлучиме дека сме готови со тавата, го додаваме магданосот.
Јас ликвидирав 4-5 империјал стаути со ова гинисово-рекордерско мезе. Вие можете шо ви душа сака. Со сè иде. А вие шо не пиете, преиспитајте се...
Кирил Стоименов - мастербајтер