Чорба освен шо е надимак на српскиот Томпсон - Боро Џорџевиќ (да му се одјаде на човек уште на самиот почеток, ќе мора да сум доста убедлив за да се избавам од овие зулуми), воедно е и еликсир за вечна младост. Гориво од кое воскреснувате. Светена вода за просечниот љубител на малиганите. Деј-афтер за претерувачите. За да бидете ваистински чорбаџии и такуѓере чoрбаџики, самиот збор ви кажува дека мора да сте тврдокорни чорбољупци. Етимолошки, поимот чорба влече корени од персискиот јазик, каде што кованицата значи солена супа, мање-више. Чорбоспектрумот нема крај. Има мал милион варијанти и подваријанти.
Денес припремаме обезмесната чорба со печурки. Зима е, па овој рецепт доаѓа како ‘кец на десетка‘ околу грејната ситуација. Плус одлична е за започнување алкохолни Одисеји или за продолжување на сагата ‘од вчера‘.
Зачорбување, сега:
Од зеленчуков момент издвојуваме: ситно скоцкани кромид, морков, лук и ѓумбир. Да да, ѓумбир - додава на свежина, башка е секси пикантен.
Свежи билки: магданос и нане. Тек кога ќе се прегрнат нането и ѓумбирот, тоа ќе биде страст од brazzers-ки размери.
Печурки: какви што може да набавите. Јас одбрав шитаке, но слободно убацете шампињони, вргањ, буковка, срндак, лисичарки итн. Микс од повеќе видови дополнително ќе ја збогати чорбата.
Мешунки: леќа. 200-250 грама.
Во длабоко тенџере го запржуваме зеленчукот. 7-8 минути. Потоа следуваат печурките и леќата уште 5-6 минути. Го тушираме тенџерето со литар ипол врела вода.
Сетне имаме 2 опции: ако сакаме да останеме вегетаријанци до крај, додаваме зеленчукова или печуркова бујон-коцка, ако не, идеме со говедска. Комада 2. На тивок оган вариме 40 минути. Во тенџерето треба да се случат меури како од бонг у спот на Сајпрес Хил.
5 минути пред да завршиме со варењето, чорбата ја шокираме со ладна запршка: во мал филџан мешаме 2 лажици (за кафе) брашно, многу црвен пипер и еден прст зејтин. Мешаме, и добиената ‘легура‘ џентламетски ја сипаме во чорбата, да ја згусти и зацементира. Тоа е тоа.
Со кутлача сипаме во длабок тањир од ова друидско волшебство, прснуваме малку лимон и забавата може да почне. Се правиме лапмионини, таман за елката.
Кирил Стоименов