Од свинските светци омилен ми е Св. Бут. И Св. Врат не е лош, ама бут си е бут. Великомаченик Бут!
Денес приготвуваме свинска тава за зафатени. Евтини намирници, готова за пола саат (мање-више) безобразно вкусна, одлично мезе за повеќе алкохолни дисциплини. Заролувајте ракави како на Вице Заеф брат му и да почнеме:
Шестотини му грамова свинског бута. Спаструваме на коцки. Двестапеесе грама шампињони, спаструваме на 4 дела по шампињон. Овде може и друга печурка по желба на конзументот. Една главица солзо-предизвикателен зеленчук, виолетов (може и обичен кромид, нехипстерски) го цепкаме на ленти. Два патлиџани, ја ги излупив, вие како сакате. И лaст бат нoт лист, црни маслинки. Половинки. Месото го зачинуваме со следните салтанати: сол, бибер, црвен пипер, лук у прав и оригано.
Вака испозачинето го џиткаме во вулканот Тава каде што врие зејтинската лава. Откако месото добие боја како велешанка на Пефкохори ги џиткаме и веганските изнутрици - шампињоните. Пржеме 5 минути и ги додаваме зеленчуците. Во текот на пропржувањето, печурките и зеленчуците ќе си пуштат вода и сокови и всушност тоа ќе ни биде течноста за динст.
Динстање - ах каква пост-социјалистичка кулинарска техника. И вечната семантичка битка околу тоа што е правилно: 'Динстање' или 'Дејствување'. Уште на такви фракции се немаме поделено како нација. Се поделивме на тие што викаат 'сок на растварање' и 'сок на претварање', мислам дека ова е следно, само уште да се покрене поагресивна иницијатива у блиска иднина.
* Ги има такви како Трендо на кои не им се верува дека некој стварно вика „дејствување“. Еден скриншот за нив:
И додека тавата ни жубори како бонг, можеме да додаме половинки листови мента, ептен ја крева играта за ниво погоре. Динстаме сè
додека течноста не ни испари. Повремено промешуваме како гевгелиски крупие.
Додека тавата сè уште чури и свинските локуми се топли, ослануваме со пармезан. Или грана падано. Или некое наше тврдо биено сирење. Поентата е да се растопи и да додаде неодолив сексапил.
Шо би рекле радовишани:
Гледаш ли го тава?
Е тава е тава! И тоа свинска!
Кирил Стоименов - Ханибал Лектор