Како ќе поминеа изборите закажани на 12 април!?

Во новата епизода на Фчерашни Новости ќе може да дознаете како ќе поминеа изборите кои беа закажани за 12 април, а не се одржаа поради вонредната состојба заради корона вирусот, инаку беше се спремно, вака како инсајдерска информација.

„Карантин Бенд“ растура со настапи по дома. Нови песни, нови сплетови и желби. Се надеваме дека виберот ќе го издржи тој наплив на фанови и нарачки.

Воедно во епизодата во недела ќе може да погледнете каква мода е актуелна во карантин. Што да носите по дома, а што засекогаш да остане во плакарот. Тие фармерки од минатото лето, секако дека ќе останат во плакарот.

Гледајте не во недела од 19:30 часот на Канал 5 телевизија.

После од 20часот може да го измочате кучето. Мислам дозволено е законски до 100 метра од домот. Како знае кучето кај се 100 метра, не прашавме. Земете си метро за секој случај.

(Комерцијален текст)

10 април 2020 - 10:50