- Кој е најголемиот сон за вашето дете?
- Ќе го оставиме сам да сонува.
(Њу Делхи, Индија, септември 2014.)
- Зборува на повеќе јазици отколку кој било во семејството. Ова е затоа што си игра со сите деца на улица.
(Ебрил, Ирак, август 2014.)
- Го најдов во ѓубре. Го викам Сенка затоа што секаде ме следи.
(Њујорк, јули 2014.)
- Одлежав 8,5 години за обид за убиство.
- Што се случи?
- Некој 30 и нешто годишен тип постојано ја малтретираше сестра ми. Ја чекаше пред училиште и ја канеше на журки. Па се обидов да го убијам.
(Њујорк, јуни 2014.)
- Најтажен момент? Како можам да изберам меѓу тоа што ги изгубив родителите и што ги гледав пријателите како ми умираат во Виетнам. Не ги категоризирам овие работи. Слушај, човек е како топка од ластици. Имаш еден куп ластици што не чинат, и еден куп добри ластици, и тие се сите преплетени заедно. И мора да ги имаш и двата типа на ластици инаку топката нема да отскокнува. И нема потреба да се обидуваш да ги расплеткаш. Ме сфаќаш што зборам?
(Њујорк, мај 2014.)
- Неговиот сопственик ми кажа дека според индијанските митови, кучињата со различна боја на очи можат да го гледаат и небото и земјата.
(Њујорк, април 2014.)
- Пред некој ден колега ми го побара бројот. Моите другари ме слушнаа и ми рекоа: "Мора да се пали на Индијки." А јас им викам: "Или па можеби стварно сум ебано добра."
(Њујорк, март 2014.)
- (Њујорк, февруари 2014.)
- Кога имав 19 години со другарка ми решивме да одиме на студии во Париз. Нашите дечковци дојдоа до пристаниште за да нè испратат. Таман да се качиме на брод, дечкото на мојата другарка и рече: "Ако отидеш, нема да те чекам." Па таа се премисли и одлучи да остане. Мојот вереник го виде ова и ми рече: "Ни јас нема да те чекам." Му реков: "Немој!"
(Њујорк, јануари 2014.)
- Имам цел куп книги во количката. Најголем дел од нив се првични верзии. Знам каде ги фрлаат.
- Колку книги имаш прочитано?
- Илјадници.
- Па зошто си бездомник?
- Многу пати сум пробал да работа. Ама тогаш се натажувам, и после тоа дувам, и после тоа целата работа се распаѓа.
(Њујорк, декември 2013.)
- Бев учителка во градинка, ама ме отпуштија.
- Што се случи?
- Па, одлучив дека сакам да имам социјално свесна паралелка. И почнавме да учиме за апартхејдот во Јужна Африка. Потоа учевме за бездомниците. Потоа на денот на мајката правевме картички за мајка му на Трејвон Мартин. И мислам дека директорот одлучи дека ова е премногу за 3 и 4 годишни деца, бидејќи ми рече дека "не сум била добро решение." Искрено, изгледа премногу силно светев за сите нив. И сега ќе ме види на Луѓето на Њујорк, и ќе и биде криво.
(Њујорк, ноември 2013.)
- Ќерка ми живее во Пенсилванија. Работи во дом за старци и студира за сметководител. Таа е мојата радост и гордост.
- Дали знае дека си бездомник?
- Не, си има доволно проблеми. Јас само и кажувам дека сум пензиониран.
(Њујорк, октомври 2013.)
- Секој ден пишувам во мојот дневник.
- Зошто?
- Толку многу се случува во животот, и мислам дека е добро тоа пак да го живееш и да го видиш од дистанца. Или во спротивно се е помешано.
(Њујорк, септември 2013.)