Разно

Македонски паркур

Баге и Гаго се викаат хероите кои без мака го прелетуваат Скопје. Баге и Гаго се махери. Ако дечурлана почнат масовно да се лакомат да станат како нив, одма да се регистира фирма за увоз на гипс во Македонија.

Повели Стеф

Нашиот омилен хроничар на поп културата во 21-от век повторно се огласи. По повод 9- ти април (?) на препознатливиот возбудлив и инспиративен начин Стеф проговара за неколку горечки теми од нашите животи. Хајлајт: заразната насмевка после вицот за црнците. Како ли му текнува сето тоа?

Раѓањето на фонтаната

На скопскиот плоштад до пред некое време имаше едно големо ништо. Сега има едно големо сешто. Како изгледаше периодот меѓу тие две состојби, ќе видите во ова ексклузивно видео, кое, благодарејќи на авторот, наместо на Дискавери, завршува пред читателите na off.net. Биле потребни 14 месеци секојдневно сликање за време на кои се направени 900 фотографии. Материјал за историја. Браво.

Сродни души

Гручо Маркс викаше: Тој можеби изгледа како идиот и звучи како идиот ама тоа нека не ве прелаже - тој стварно е идиот. А сега, топло добредојде за најновата вонаби стендап сензација од Јутјуб, Стеф! Знаете кога некој е урнебесно забавен, вешт, луциден и неповторлив? Е па, обратно.

Скопје

Скопје, внимавај
кога правиш шпага над реката Вардар
да не си ги скршиш мадињата од камениот мост!
Јовица Ивановски

Уличарење

Не сме одушевени од било чии намери да се менуваат називи на улици. Не заради парите и идеологиите туку затоа што тоа секогаш значи бришење на нечии спомени. Си проодел на ТАА улица, првата тепачка си ја имал на ТАА улица, првпат си се пољубил баш на ТАА улица. Таа улица била именувана по некој безначаен за Македонија? Sо what? Значаен е за сите кои растеле и шпартале по неа. Но, кога веќе си играме играчки, да пробаме да избуткаме некој наш предлог.