Разно

Васо је мало нервозан

Видеово е непријатно од а до ш ама дава увид како доаѓа до оние случаи од црна хроника на кои единствениот коментар ни е: "Како е бе можно?" Ете, лесно било можно. Само треба да се спојат една нервоза, една секира и неколку чекори одвишок. Ало, некоја институција? 

Заев игра на сигурно

Покрај бескрајните колони хејтања и други срања, чат-пат од тоа Фејсбукот знае да излезе некоја гачка која ќе освежи.

А бре попе, караоке

Сите знаете дека на овој Илинден Аца Лукас беше во Охрид а Јоксимовиќ во Дојран, но на само малкумина посветени им е достапна тајната дека на големиот православен празник, од еден македонски манастир се ширеше гласот на пресвета Северина.

Аудио Пекторис

Чичково го пуштавме и порано па после ни пиша некој од негова фамилија, демек, тргнете го, што има да го објавувате, он е само мераклија за пеење. И, еве го пак, сега со песна за Жан Митрев?! До читателите: внимателно, песната не е за оние со слабо срце. До семејството: да ви е жив и здрав и да му забраните да качува песни на Јутјуб.

Поезијата на Чорба

И нашите драги Тихо (да му дојдете на промоција, ич да не ви чуе) и Лешоски пишуваат поезија, плеткаат таму нешто... Не дека се лоши ама да бидеме објективни, не се ни приближиле до височините кои секојдневно ги поетува (без с) модерниот писател од Струга, Селман Чучул, самонаречен Селман Чорба.

Од "Чачак, Чачак", до "Џелем, Џелем"

Настрана овој позитивен еволуциски развој на Лепа Брена, главниот дечко во клипот е Рајито, еден шпански гитарист од џипси-јапонско потекло. Брена е гратис.

Марија ок ама пласт?

Еве една бесплатна реклама за мала приватна фирма. Со надеж дека некој од таму ќе ни пише и ќе ни објасни зошто "пласт".

Заев-от на Цеца

Како да го најавиме овој клип а да не прегрееме кревките партиски мозочиња на тема „што е неговата тема“?

Најдолгиот пат

Долг е патот кон Џамбо. И е поплочен со ескалатор. Ако го згрешиш, патот станува уште подолг. Видете ја вие оваа млада девојка, занесена во тоа телефонот како упорно вергла нагоре додека патот и оди надолу. Text & Drive е опасно. Text & Walk е глупо.

Роби и неговиот Столе

Знаеме дека љубовта е слепа ама да е до толку глува? Не го знаеме ни Роби ни Столе ама очигледно е дека Роби негува толку убави чувства за Столе што е тоа - греота за Столе. Затоа што никој (никој!) на светов не заслужил да биде инспирација на една волку лоша песна.  Геј парада во Скопје? Може! Химната е веќе родена.

Песни за Тито

"Мајку вам божју, од сè што ви оставив, Јованка најдобро се држи", вака деновиве некој досетлив лик во името на Јосип Броз Тито ја попиша состојбата на оставнината на лидерот на кого генерации луѓе му се колнеа дека нема да скршнат од неговиот пат.

Кодексот на Никола

'За жените не е дозволено да носат здолништа над колена, блузи на прерамки и со длабоки деколтеа, блузите треба да покриваат половината, да не се носи облека со флуоресцентни бои и сл...'

Религиозен фристајл

Се разбира дека кај некои луѓе, овој видео клип ќе има и поинакви толкувања, но за нас, ова е супер пример за толерантноста и релиозната кулоќа на Македонија. Две вери, на 15 метри една од друга, секоја си го пичи своето. Само атеистите троа ненаспани али тоа е. Снимено на Велики четврток, годинава, во Охрид.