Разно

Кате во челуста на нотите

Уште кога ја објавувавме Сања, имавме чувство дека несреќата никогаш не доаѓа сама. Вака: земете ја прочуената реплика од филмот Few Good Men. Том Круз: I want the truth! Џек Николсон: You can't handle the truth! Сега заменете го зборот "truth" со зборот "фалш" и бидете спремни Кате Тембелеска од Прилеп доживотно да го промени вашиот тоналитет. You can't handle, верујте.

Сања ја заболе

Не дека Шимборска и Марина Цветаева не знаат да предизвикаат поетски дилеми, меѓутоа ние сме длабоко натопени во езотеријата на Сања Ристеска и реката прашања кои ни ги предизвика нејзината песна "Ме заболе". Да речеме: "Раке пуке, раке шлаке". Дали ние тоа правилно го изговараме?

Приказна за Киро

Да бевме мангупи па од ова да направевме идиотска ФБ апликација за збирање лајкови, па да се изнакликаа луѓе мислејќи дека ќе откријат ексклузивна ал шокантна информација за атентатот врз Глигоров од типот Аца Лукас загинал, Скандал на снимањето со Џамбазов и Трендо, Најдено мртво тело на македонска манекенка.... Ама не сме. Ова е само една од досадните работи кои ни се бендисуваат.

Звуците на Léa Promaja

Таа е звучен уметник од странство со која си ветивме дека ќе ја споделиме (таа нам, ние на читателите) нејзината документарна фикција, реализирана од некој што не гласа овде.

Химна за Жерновски

Музичка поддршка за Андреј Жерновски и тоа не општо туку конкретно, за третата мајка. Ако, убаво е тоа, со песна да се поддржи оној за кого навиваш. Само малку чудно што дечково пее за победата толку "еуфорично", ко Тодоровиќ да му држи нож под грло. После песнава, одиш и гласаш за Андреј ама има некоја тага у тебе, да му се невиди! Еве, чујте.

Extreme makeover: Чакаларов

Читател кој по сопствени зборовие е "фан на Чакаларов" сподели со нас задоволство што неговиот јунак конечно добил споменик во Скопје и истовремено незадоволство што тој - не личи на себе. Да видиме како стојат работите.

Шампионите од Шутка

По повод Светскиот ден на Ромите, бујрум фасцинантниот документарец за нашите сограѓани од Шутка. Еден час и 17 минути за најфелинијевската населба во Европа.

Реплика на реплика

Знаете, карпошовскиот победник од првиот изборен круг еуфорично со подржувачите ја испеа "Не може нам нико ништа". Не може? Нико? Стевче не е свесен каков противник си навлече на грб со еден ваков непромислен потег. На ваквата негова провокација, итно одговори директно прозваниот.

Мистерии на креативноста

Не прашувајте детали, не ни е јасно ништо. Само дека во овој невиден еп, Наско Џорлев (автор на „Не кажувај либе добра ноќ", „Во Струмица на улица", „Фато мори душманке") тажно ги опејува Гунди и Котков. Кои се па Гунди и Котков? Е па, двајца бугарски фудбалери кои загинале во сообраќајка во 1971-ва година. Хмм, рециталот околу погибијата во клетата Алфа Ромео е посебно траорен.

Едно - офф - оки

Телевизиите деновиве навистина се пребукирани со ексклузивен материјал (турски серии + предизборни пораки) па можете да разберете зошто од најобјективни жими мајка причини не може да се најде место за оние одвратни и невоспитани Еднооки. За среќа, нашата шема е прилично релаксирана (вести + заебанции) па можеме да ви ја пуштиме епизодата на Еднооки која нема да ја видите на ТВ.

Македонија до Токио

Така е, не Србија, туку Македонија до Токио! Одиме на една хорска проба, со песна нарачана од Благој Нацоски, една од двете преработки на наши нумери со кои ќе заврши еден гала концерт во Токио.

Паљото за Битола

Не се мешаме во изборната понуда која ќе ја видите во рекламниот простор на нашиот сајт (а таму ќе се најдат сите кои биле доволно паметни да закупат простор), ама па и ние сме луѓе, плус наш е сајтот и затоа, без ич да ни чуе, си даваме право на наши фаворити и изборни миленици. На самиот почеток на оваа кампања, го издвојуваме уникатниот лик од Битола, надалеку прочуениот Шварценегер од Широк Сокак, Паљото, и неговиот прв спот кој може да оди под работен наслов: "Паљото е мајка на знаењето".

Есма и Лозано сас козите

Значи стварно се изнасравме на сè што годинава се случува околу Евровизија. Не дека нема за што: ем тоа песната помпезна (замислите Турчин пред ТВ кога сфаќа дека НИЕ пееме за империја), ем спотот крајно лош, ем да ја трошиш Есма со таква песна е како да ја имаш Мерил Стрип за еден филм а ѝ даваш да ти глуми во "Македонски народни приказни". Одиме со верзија од читател кој додал дополнителни вокали и заменил пар кадри кои по него подобро ја претставуваат состојбата во нашата земја.

Хитлер дознава за "Империја"

Милион пати употребената финта со надсинхронизирање на познатата сцена од филмот Untergang со Бруно Ганц, секогаш знае повторно да биде свежа кога ќе се употреби на актуелна ситуација. Ајмо, весело и опуштено.

За кого? За Пекинезери!

Македонија има историска шанса да ја испрати својата свинг репрезентација во најголемиот музички котел на светот - Њујорк. А патот дотаму оди преку вас. Да запнеме, ич да не ни чуе!

Алшар - во живо

51-на минута врвно уживање со Коџобашија, Џијан, Дино, Џоле, Парушев..... Мадафкери едни, болно е колку се добри!