Разно

Коста Рурки и Мики Бургов

Нема нова песна (штета!), ама направил спот, еден видео мешап во кој не е секогаш јасно "где Дунав љуби небо", тоест каде престанува Коста а продолжува Мики. Освен кај делот со човекот кој цврсто се држи за пожарникарски скали и гледа право, за кој сме сигурни дека е нашиот. За да не навлегуваме во провизорни интерерпретации на поетиката на Бургов, го запрашавме самиот автор за што тој уствари пее во оваа песна. Еве што ни одговори во својот - како и секогаш, запирка фри - допис:  

Наш Крсте, од Битола, од Њујорк

Во Њујорк моментално има одлична постава Македонци, чија дружба некогаш заличува на најлежерните и најлуди будалаштини од Зизи Топ во опуштените 90-ти години. Овојпат, од сите нив најмногу нè интересира еден Крсте, психијатар.

Македонија има блуз

Во моментов се одржува голем меѓународен конкурс за блуз и рок гитаристи од цел свет. Најдобрите 100 ќе добијат шанса да го отсвират своето во Медисон Сквер Гарден а најдобриот, да настапи со Ерик Клептон. А ние имаме наш човек во трката. (+ прилепчаните CROSSROAD BLUES BAND)

Пука Козметика за даунлод

Отакако 4 гигабитните стикчиња накрцкани со албуми се шитнаа како Павловиќева, хип-хоперите Пука Козметика решија да ги дадат и на слободен даунлод. Едниот оди на МТВ АДРИА, другиот кај нас. Следат детали & линкови.

Хаику во тмурниот ден

'"Бегство од градот, сивилото на Скопје, остана зад нас".

Замрзнат флеш моб во Скопје

Едни дечки пред Нова Година замрзнуваа делови од Скопје, со намера да не замрзне градот.

Бранко е најдобар!

Да, тоа е нашиот конечен одговор. Не мислевме дека ќе дојде време да мора вака да се отвориме но настаните не принудија да одбереме страна.

Солзата на Јани

Можеме да се радуваме што изборниот циркус започна. Додуша, не започна весело затоа што Јани ни се расплака. Ние најискрено ја почитуваме секоја солза, особено машка (зашто само вистински мажи умеат да заплачат) ама малку чудно што Јани емотивно се скрши на спомнување на Курбан Бајрам и Свети Никола. Е сега, бидејќи политичарите сакаат да си прават вратки  "на ист терен, само појако", ако го видите Коце како талка по улици и рика од плачење, јасно ви е...

Двајца без тројца

Разбираме дека калеш Анѓа нејќе да се мажи за Турчинот, разбираме дека на оној црепот што заспал му го украле гунчето, разбираме дека  Деспина планираат да ја грабаат, никој да не знае... Ама, ќе ни објасни ли некој што се раскажува во оваа песна и како тоа одеднаш свадба и за кого побогу?

Мислам дека имаме хит

Ја знаете онаа досадна музика која е толку безлична и никого не допира што најчесто ја нарекуваат "музика за лифтови"? Воленвајдер, курци, палци. Е, па, обратно. Тешко дека ова ќе го слушнете во лифт бидејќи од тројца во него, едниот ќе се расплаче, вториот ќе се разигра а третиот ќе збудали. Како и да е, песМа, један кроз један!

Македонија, филгуд

Повелете две волшебни визуелни доживувања од една земја, која, да не ѝ знаете едно 475 глупи детали, може да ви личи на идеална. Македонија од воздух, од земја и покриена со зима.

Силеџии на трезнење

Базична лекција по демократско уредување и регулирачки усул на Теофил Панчиќ, по повод паѓањето на Уставен на забраната за ноќно купување алкохол во Белград. Се препорачува за морални паничари кои сакаат да дознаат во што е разликата меѓу државата како рационално организиран сервис на граѓаните и државата како посесивна Семајка која гуши во името на љубовта.

Ново Лисиче

Mooger Fooger & Gotra