Разно

Натанкирана песна за мајката

Незапосленост, без примања, а не знам да пљачкам,
па стихотворба ќе напишам, очи да замачкам.

Размислувањата на еден македонски мафијаш

Еден од полудите текстови на македонска песна што, евер, сте ги чуле. Се вика „Мафијаш“ а изгледа љубовна е. Целата е проткаена со психоаналитички загатки околу главниот јунак, ама, лирското крешендо сепак е делот:

Тереза Кесовија - Химна на плинарите

Тереза Кесовија беше вистински крем де ла крем на пејачката сцена во екс Југославија. Една класа дама која секогаш се држеше аристократски и по малку надмено, мислиш бисери сере госпожата. Настапи во париска Олимпија, дружења со европскиот џет сет, живот на висока нога, љубовни драми, козметики, третмани.... А ова, како дошло до ова, питај бога!

Што го занима македонското гласачко тело?

Баталете ги оние аналитичари, експерти и други јасновидци што секоја вечер на телевизија МАЕСТРАЛНО го утнуваат „духот на времето“ и од ракав  тресат толкувања за тоа што го мачи и го интересира народот. Гугл ги знае овие работи од прва рака.

Ние и Кинезите, 1001 дрон

Во Кина гулабите треба да си најдат нова работа, кај нас тоа важи за пафтачките за скара. Кинези пуштија 1.000 дронови управувани од еден компјутер за небото да изгледа убаво, на наш човек му е доволен еден дрон за да покаже дека сме попрактични од нив.

Хелоу, иц Али

Бане К-15 по којзнае кој пат ја убоде у центар. Да покрие „топ тема“ и досетливо да смисли арка за пренесување на пораката, а да не биде тоа стандардно дрвење. Овојпат во име на Али Ахмети ја препеал песната од Адел, тажна и љубовна балада со горечка желба за хепиенд и со многу чувство за дражесни видеодетали (хукање на прозор, индијанката). Заплачете и вие, помалку ќе мочате (од среќа или страв) кога поетското пророштво ќе стане реалност.

Учиме албански

Па ова лесно било! Текстот почнува со „Антон Антон“, по што следува една мелодична и римувана брзозборка. А не знаеме што се раскажува. Можеби за „Чехов Чехов“.

Американци пробуваат македонска храна

Ајварот им е како сос за ќофтиња, ширденот како кобасица, за кукурекот викаат дека е добро што не знаат што е (паметно), сармата ги плаши (непаметно) а на тавчето гравче му замераат што има многу - грав.

Како да се реши проблемот со дрогите

Мислам дека најдобар начин за борба против трговијата со наркотици е да се легализираат сите видови опијати, па дилерите фино лепо да отворат фирми и да трчаат во УЈП...

Надвор е музика шо ја нема на ЈуТјуб

Стани, отвори го прозоро и диши.
Гледај, биди сега и тука.
Слушај, надвор е музика шо ја нема на ЈуТјуб.

Дечкото научи македонски за два месеца

Го објавивме кога си даде задача следен јазик што ќе го учи да му биде македонскиот (види за тоа во статијата „Наши не научија, тој ќе научи“). Тогаш си даде фора од три месеци, но по само 8 недели, еве го како зборува подобро од многумина на кои тоа им е мајчин јазик. Стварно, кое им е оправдувањето?

Царев двор да ви ги запали гаќите

На сосема спротивниот музички крај од, да речеме Крсте, но од дијаспора и вредно да се спомне. Не е за сечиј вкус, ама, баш затоа.

Амбасадори, Ми Амор

Не знам дали да ви ги претставувам, пошто мене они ми се легенди. Добро, ај малку: тоа е оној пеjач (Ерол се вика, добар човек и крајно љубезен комшија) кој пее како оној од Хари Мата Хари. Ви текнува?

Спремни сме за да се видиме?

Курт Хилшер е германски фотограф што благодарение на службувањето во Белград, во средината на 20-тите години од минатиот век има доста пропатувано по она што тогаш било идна, а сега бивша Југославија. Ги одвоивме неговите фотографии направени на нашиве простори (легендите на фотките ги оставивме во оригинал). Само да ве чуеме пак да зборите дека Охрид има малку мрднато напред. 

Сакате морална дилема?

Сексуалните работнички во близина на МКЦ палат дрва за да се згреат. Дали ваквата постапка ја оправдувате или ja осудувате?

Снежно Скопје видено од дрон

Баш убава 4 минутна зимска прошетка низ Скопје. Ако не сте Супермен, нема друг начин да видите како градот во снег изгледа од негова перспектива. А оние помалку романтичните, можат да гледаат кои улици се исчистени а кои не. 

Нема сила што водите на Вардар, макар на ден, ќе ги направи свети

Време е да се воведе некаква регулатива: попот што го фрла крстот треба да има право да дели жолти и црвени картони, или да исклучува играчи на две минути, да го повторува стартот на трката и слично. Во спротивно, и натаму немо ќе го посматраме парадоксот дека некои луѓе се спремни и да убијат, само за да се дограбат до доказ за нивната благословеност.

Лимпе на денот

Алимпие Алулоски, вевчанец, хајдуковец и господин човек, на тема ракомет.

Капитализамот не сака заебанции

Секој ден оставаме драгоцени минути од нашите животи низ овие глобално-комуникациони мрежи. А таму, хуманистички треш. Социјалните мрежи убрзано, но сигурно се претвараат во антисоцијален Соборен храм на полуписменоста, музеј на проектирани фрустрации, галерија на порно-дадаизам. Човек на човека му е Block.