Шест Гранд при трки по ред, тимот на Ред Бул успева да го изведе најбрзиот пит топ. Пред неколку дена во Шпанија, „биковите“ сменија четири гуми на болидот на Макс Ферстапен за 1.90 секунди. Не го урнаа рекордот ама беа близу. Апсолутниот рекорд го постави токму Ред Бул лани во Бразил кога направија чудо за 1.82 секунди.
Еден од најдобрите француски тенисери, Гаел Монфис, секогаш е расположен за добра зафрканција. А таква да ти била и неговата девојка, тенисерката Елина Свитолина. Само што овојпат улогите им беа заменети, па Украинката беше Ранду а Монфис Касандра.
Додека професионалниот тенис уште се надева дека годинава ќе се врати во нормален живот како што полека се вратија кошарката и фудбалот, тенискиот рекет се употребува ширум светот, но за други потреби.
Ернесто Бергамаско е поранешен италијански боксер. Учествувал на Летните олимписки игри 1972. Роден е на 17 февруари 1950-та година. Има 70 години и страшен удар. Младиов противник се покајал што влегол во ринг со чичко Ернесто.
Кралот на мафијата во Чикаго и еден од најозлогласените босови се занимавал не само со шверц на алкохол, проституција, коцка, нарачани убиства и рекет. За него боксот не бил само страст туку и една од можностите за заработка.
Легендарниот Валентино Роси (41) низ кариерата помина низ баш многу ситуации во кои го ризикувал дури и животот, но инцидентот на трката во Австрија ќе го памети засекогаш. На една кривина му налетаа моторите од кои секунди претходно излетаа возачите на Јамаха Франко Морбидели и Жоан Зарко од Дукати.
Светскиот тенисер број 1 се спрема за УС Опен во Шпанија, а на еден од подготвителните натпревари се сретна со 21 годишниот Алехандро Давидович Фокина. Тој е 97-ми на рангот на АТП, ама тоа не го спречува да го изведе тешкиот удар наречен „твинер“, на што се воодушеви и Новак.
Што е не може да го препознаете? Добро поминаа 24 години и брадата му е веќе обелена. Ама гледајте го тој атлетски физикус. Идентичен и на 28 и на 52 години.
По половина век работа како спортски новинар и коментатор, Зоран Михајлов дочека да не го пуштат на стадион каде отишол да известува. Немал акредитација за мечот Вардар – Борец. Таа што им ја покажал од АИПС со која има влезено на Ел Класико не важела.
Американката Кејти Ледецки има 20 златни медали, што е рекорд во историјата на женското пливање, а синоќа на Твитер објави видео за кое вели дека и е едно од најјаките пливачки настапи во кариерата.
Стартот на СП во снукер го одбележа Курт Мафлин, кој во еден момент реагираше како да игра билијард со другарите во маало. Се изнервира затоа што со белата топка ја погоди жолтата, а не смееше според правилата. Беше многу блиску во 16 фрејм да направи максимален брејк од 147 поени. Доби и судиска опомена поради глупоста.
Во наше време најмногу се играше Winning Eleven, ама зборуваме за Сони кецот. Кое дриблање бе, држиш Р2 за да се улеташ или па го бираш Бразил поради Роберто Карлос, толку. А сега прање мозок постоело со човечињава. Како ли се изведува ова со џоистик?
Еден од најголемите боксери на сите времиња во септември најверојатно ќе боксува против стариот познаник Рој Џонс кој пред 17 години одби ваков дуел и заработка од 40 милиони долари.
Ерлинг Халанд пред неколку објави фотка како сече дрва со татко му во Норвешка за на зима. Еве го сега и Ѓоковиќ кој на рамо со татко му носат два тешкаши. Некои медиуми пишуваат дека ова му било само тренинг.
Мислевме дека тоа е спорт во кој нема никаква динамика и навистина таков ни беше ставот се додека не налетавме на видеово. Двајца снема од кадар, а другите двајца легнаа на земја. Неверојатно.
Долго време најдобрата светска тенисерка, Симона Халеп, која во моментов е број 2 на светската ранг листа, во 2009-та година на свои 17 години носи одлука која што драстично ѝ ја смени кариерата.
Да ве потсетиме што правевте лани на овој ден? Седевте 5 часа пред телевизор со препотени раце од возбуда и јанза, кој дали ќе победи вашиот идол од двајцата великани без кои тенисот никогаш повеќе нема да биде ист.
Формула 1 од оваа сезона воведе робот којшто им ги носи пехарите и другите трофеи на возачите кои ќе се најдат на подиумот, од причина што постојат мерки во борба против вирусот.