Разно

Златниот скок на Ивана Шпановиќ-Вулета за европска шампионска титула, Италија ниже злата

Српската атлетичарка Ивана Вулета (попозната со моминското презиме Шпановиќ) освои златен медал во скок во далечина. Ивана на култниот „Олимписки стадион“ во Минхен скокна 7.06 метри и убедливо стигна до златниот медал и титула европски шампион.

Маленко: Од 2018 до 2021 државата и претседателот немаат дадено денар за Охридскиот маратон

Охридскиот пливачки маратон кога треба да прослави голем јубилеј од 60 години е под голем знак прашалник дали воопшто ќе се одржи поради блокираната сметката на Пливачка федерација на Македонија. Актуелниот претседател вели дека неговиот претходник Александар Маленко ја оставил федерацијата во долгови, а тој пак има своја верзија за проблемот.

Сензацијата на Чориќ против Надал во 4 минути

Само двајца тенисери во светот имаат позитивен биланс против Рафаел Надал на пет или повеќе меча. Првиот е Новак Ѓоковиќ (30:29), а од синоќа втор е Борна Чориќ (3:2).

Излегуваш на автопат и ти се појавува формула

И тоа не било кој болид, туку на Ферари каков што возеше Михаел Шумахер, мртов ладен се шуња меѓу коли како на трка. Видеото е снимено во Чешка, а ако го види полиција, џабе ќе се мачи да го брка.

Епската трка на малолетниот Давид Поповичи кој урна светски рекорд

Младиот 17-годишен пливач Давид Поповичи од Романија постави нов светски рекорд на 100 метри слободно. Во големото финале на Европско првенство во Рим сруши 13 години стар рекорд кој го држеше Бразилецот Сезар Сиело Фиљо поставен во истиот култен базен во Форо Италико во Рим.

Навивачка со украинско знаме отстранета од тениски меч на Русинки во Синсинати

Дуелот од квалификациите за главната ждрепка на женскиот турнир во Синсинати меѓу Ана Калинскаја и Анастасија Потапова беше неколку пати прекинуван поради тоа што некоја навивачка, извесна како Лола, влегла со големо украинско знаме, со цел да ги провоцира руските тенисерки.

Невозможен тениски поен кој го крена цел стадион на нозе

Шпанецот Пабло Карењо Буста (31) е победник на големиот АТП Мастерс во Монтреал откако во финалето го совлада Хурберт Хуркач со 2-1 во сетови 3-6, 6-3 и 6-3.

Скијачка му пркоси на МОК: „Едвај чекам да ви го видам ликот кога ќе ми врачите медал“

Дваесет и едно годишната руска скијачка Вероника Степанова му се спротивстави на раководството на МОК кое сериозно зајава на бранот на санкции за руските спортисти.

Прво правило - нема правила, ќе кажеш одиш во тоалет и готово

Каспер Руд, седми рекет на светот е единствениот тенисер од топ 10 кој остана во игра на Мастерсот во Монтреал откако едвај го совлада незгодниот Роберто Баутиста Агут со 6-7, 7-6, 6-4. Во мечот кој траеше три часа, на крајот од првиот сет, Норвежанецот тргнал да се пресоблече во соблекувална, а судијата го убедуваше дека за такво нешто мора да побара пауза за тоалет. Според правилата.

Циципас почнува сериозно да го заменува Кирјос во идиотлуци

Додека австралискиот Грк или грчкиот Австралиец Кирјос полека како да ја намести главата и повеќе прави забава и шоу отколку што е непријатен на терен, Гркот Стефанос Циципас повторно направи голем екцес. 

Како Роџер Федерер изненади едно дете кое навива за него од мало

Некаде во август 2017-та на прес-конференција на големиот УС Опен, малото дете Изјан Ахмад Зизу го прашува неговиот голем идол Роџер Федерер „дали би можел да продолжи да игра уште едно осум, девет години така што кога Зизу ќе стане професионален тенисер, ќе игра против неговиот идол“? 

Малер на сезоната: Италијанец изгуби водство на трка зошто шорцот му откри премногу

На трката на 400 метри на младинско Светско атлетско првенство за атлетичари до 20 години во Кали, Колумбија, Италијанецот Алберто Нонино имаше водство на стартот но како одминуваше трката имаше се повеќе проблеми со шорцот па мораше да се крие пред публиката и камерите и на крај заврши последен.

Кирјос погоди бабичка со топче, па ѝ подари пешкир во знак на извинување

Ник Кирјос не престанува да прави заврзлами на турнирите. Сега е во Вашингтон каде го победи Американецот Пол со 2:0 (6-3; 6-4) и се пласираше во 1/8 финале каде го чека уште еден домашен играч - Опелка. На дуелот со Пол Кирјос погоди една бабичка со топче од сервис, па подоцна и се извини и и го подари својот пешкир.

Кирјос од Али Експрес направи глупост на турнир во Италија

Летонецот Ернест Гулбис, некогаш најголема млада тениска надеж и водечки талент во Европа, веќе неколку години игра по скромни турнири и драстично падна на ранг листата. Сега на Челенџер турнирот во Корденонс во Италија на меч против Шпанецот Санчез Изгуиердо после двојна сервис грешка го заџитари рекетот скроз до заштитната ограда. Притоа го пцуеше самиот настан па доби опомена од судијата. На крај сепак победи 2-0 и се пласираше во следно коло.

Храбар гест на кинески тенисер со дете што собира топки

Седумнаесет годишниот кинески тениски талент Шанг Жунченг е јунак на летото откако за време на мечот во Лексингтон, САД против Стефан Достаниќ, забележал дека на едно од децата кои собираат топчиња не му било баш најдобро, па го крева во раце, го носи под сенка и му дава вода.

Ник Кирјос пак правеше заврзлами, овојпат во Вашингтон

Во првиот меч по поразот од Ѓоковиќ во големото финале на Вимблдон, Ник Кирјос во 1. коло од турнирот во Вашингтон го совлада Маркос Гирон со 6:3, 6:2 за точно 1 час игра. За последниот поен, за меч топката отиде до трибините и прашал една возрасна госпоѓа каде да сервира.

Бразилката што направи забава на тренинг на Челси

Жоржињо и Каи Хаверц против Тиаго Силва и неверојатно фудбалски спремната Наталија Гвитлер на партија сервис на маса, игра позната како Текбол. Да може човек цел да ги гледа.

Таткото на тенискиот бисер Хамад раскажа како Новак Ѓоковиќ направил врвен гест

Деветнаесет годишниот Хамад Меџедовиќ во моментов важи за голем талент во Србија и пред неколку дена го освои првиот важен трофеј во кариерата, на турнир во Луденшајд (Германија). За Хамад јавноста дознава сега кога татко му откри колку многу им помогнал Новак Ѓоковиќ.

Пантерски спринт на 100 метри со пречки за нов светски рекорд

Дваесет и петгодишната Нигеријка Олуватобилоба „Тоби“ Амусан постави нов светски рекорд на 100 метри со пречки кои ги истрча за 12,12 секунди и заслужено влезе во финале. Тоби два часа подоцна, во големото финале истрчала 100 метри со пречки за 12,6 секунди но овој рекорд не ѝ бил признаен поради ветерот кој надминал брзина 2,5 метри во секунда. Заслужено освои златен медал.

Дуплантис леташе до облаците за нов светски рекорд

Швеѓанецот Арман Дуплантис продолжи да доминира во дисциплината скок со стап и го освои златниот медал на Светското првенство во Орегон, САД.

Има такви моменти кога со право се пцуе

Тур д’Франс годинава изобилува со инциденти. Велосипедистите најчесто се жртви на неодговорни поединци што од публика што од самите возила-актери на трката. Така во неволја западна и 37-годишниот Џек Бауер од Нов Зеланд кој со право пцуеше.

Фантастични трки на 200 метри, урнат е рекордот на Мајкл Џонсон поставен пред 26 години

На точно седум дена од почетокот на Светското атлетско првенство во Орегон (САД), имаше две неверојатни трки на кои се поставија историски резултати.

25.000 потпишале петиција на Ѓоковиќ да му се дозволи да игра, УС Опен и официјално го одби

По неколку неделни нагаѓања сега е веќе извесно дека 7-от тенисер на светот според ранг листата, нема да се појави на американскиот Гренд Слем.

Ако одам по патека, ќе прошетам јас со камера

Во големото финале од машката трка на 3.000 метри со пречки на Светското атлетско првенство во Орегон (САД), еден камерман најлежерно си вшета на сред патека додека натпреварувачи кои со години тренирале за таа трка мораа да го одминуваат да не паднат и изгубат време.