Македонските ракометари го одиграа можеби најдобриот натпревар во последните години, но за жал на крајот од готово направија вересија, па наместо со убедлива предност, од Чешка се враќаат со реми 24-24. Речиси во текот на целиот меч имавме апсолутна доминација над Чесите а доказ за тоа се и атрактивните цепелини, дури четири колку што сме немале никогаш на еден натпревар.