Фудбал

Против Шпанија со осум фудбалери кои се пласираа на ЕП 2017

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски направи одличен потег во пресрет на тешкото гостување во квалификациите. Ќе им даде шанса на дури осуммина играчи од У21 кои на 11 октомври испишаа историја во македонскиот фудбал.

Во Каен сите доаѓаа на тренинг со Ферари, а Канте’ со тротинет

Кога на неговиот прв клуб од детството во предградието на Париз им стигнал процент од продажбата на Канте од Каен во Лестер (250.000 евра), не знаеле што да прават со парите и свикале состанок. Што ли правеле со парите од трансферот од Лестер во Челси?

Камера која го следеше изгубениот Роналдо

Точно е дека медиумите не им даваат на Меси и Роналдо да прднат и тоа е така поради нивниот статус на најголеми фудбалски ѕвезди на планетава. Ама кога не им оди, не им оди и тука нема љутиш, а Роналдо синоќа во Варшава имаше меч за заборав и плус се лутеше.

Син му на Зидан не е баш за голман

Лука Зидан, помладиот син на тренерот на Реал Мадрид брани за младинците на овој клуб. Но како брани, ништо чудно наскоро да го седнат на клупа. Минатата недела направи глупост, а и синоќа против Легија Варшава У17 прими неверојатно глупав гол.

Ковачиќ го спаси Реал Мадрид од срамен пораз во Варшава

Легија Варшава и Реал Мадрид го одиграа највозбудливиот меч во вечерашната ноќ од ЛШ. Пољаците беа на чекор до сензација откако по негатива од 0:2 направија целосен пресврт. Борусија Дортмунд и Севиља се осминафиналисти.

Една лудорија со топка на Ди Марија во Бенфика

Во јуни 2010-та Реал Мадрид потпиша 5 годишен договор со 22 годишниот Анхел Ди Марија од Бенфика за сума од 25 милиони евра и сигурно Кралевите се заљубиле во него откако ја виделе оваа будалаштина која наликува на оние на Фалкао во сала.

Градоначалничката која после работа облекува копачки

Откако ја прочитавме приказната за девојкава, прво што сакавме да направиме е паралела, за тоа кој би можел во иста ваква улога да биде кај нас и ни текна на Беличанец како игра за Цементарница 55.

Најде ли Португалија добар шпиц првпат после 1971-ва?

Повеќе од четириесет години Португалија чекаше на моментот кога нацијата нема да се моли некој од ѕвездите од средниот ред да распали од далечина и да им ги скрати маките со стерилните напаѓачи. Андре’ Силва им ја враќа надежта.

Синиша Михајловиќ - рекордерот по број на црвени картони

За Синиша Михајловиќ уште од играчките денови знаевме дека има незгоден карактер и дека кога ќе збесне поради некоја судиска одлука, црвениот картон му беше неизбежен. Таков е и денес како тренер. Во Серија А добил дури осум црвени картони како тренер.

Топџиите се незапирливи, Арсен Венгер нема наведнато глава од 14 август

Кога го гледа човек составот на Арсенал, особено нивната навала во напад и резултатите кои знаат да ги направат, особено последнава серија, просто неверојатно е како овој клуб победува и упорно не освојува трофеи.

Хит на Тоше Проески ечеше на НБА натпревар

Мајами Хит славеше над Сакраменто со 108:96, а најдобар поединец на мечот беше Словенецот Горан Драгиќ со 25 поени. Не го издвојуваме поради учинокот на мечот, туку поради неговиот избор за песна на кароке, а тоа е Чија си која се слушна во „Американ Ерлајнс“ арената.

Италијанците се далеку од освојување уште едно место во ЛШ

По четири изминати кола во Лигата на шампионите имаме нова апдејтирана ранг листа која покажува дека екипите од Серија А треба да газат на меѓународна сцена за да си го вратат четвртото место.

Акинфеев во епизодата прашај паталец не гаталец

Најдобриот руски голман од 2003. година е незаменлив на голот на ЦСКА Москва и руската репрезентација, но тој има сериозен проблем што цели 10 години ниту еднаш не ја сочувал мрежата во Лигата на шампионите и примал гол на 40 средби по ред.

Сте го виделе ли најчудниот фелш во историјата?

Бидејќи лека полека наближува месец јануари кога ФИФА ќе дели признанија за најдобрите, не смее да го заборави овој гол на Фаиз Субри од Малезија кој мора да влезе во тесна конкуренција за Пушкаш награда. И да, Роберто Карлос не ја сруши физиката, туку Субри.

Магија и уметност во едно

Лудогорец синоќа имаше извонреден резултат од 2:0 против Арсенал по само 15 минути игра, но кога Топџиите ќе тргнат во налет, Бугарите може само да гледаат, да се чудат и да го мотаат неколку пати ова ремек дело на Озил како што го мотавме ние.

Барселона надиграна и поразена на Етихад

Атлетико Мадрид, Арсенал и ПСЖ во последните мигови стигнаа до победа и заедно со Баерн Минхен се првите осминафиналисти кои по 4 кола обезбедија пласман во нокаут фазата од ЛШ. Манчестер Сити и се одмазди на Барселона за високиот пораз на Камп Ноу.

Како Ел Шарави работи со топката

За да гледаме вакви видеа не мора секогаш да чекаме за да налетаме на Роналдињо, некој друг Бразилец како него или на фристајл мајстор. Гледајте што знае и еден италијански напаѓач.

Челси се препороди откако Конте ја смени формацијата

Италијански стратег не е Италијанец ако не покаже што може да направи со добра тактика која во последно време се покажа како полн погодок, а тоа во превод значи нема примање гол со тројца во одбрана.

Едноумието на Саутемптон

Премиерлигашот кој во четврток ќе го пречека Интер во Лига Европа реши на своите навивачи да им понуди да гласаат за најубавиот гол во месец октомври. И ништо не би било чудно, освен ако исходот на гласањето не би бил познат од почеток. Нејсе, добар штос.

Фудбалска фотографија за сите пари

Англиските нисколигаши Гилдфорд Сити и Северен Грендфорд освен што одиграа супер неизвесна средба која заврши 4:4, беа инспирација и за фотографот Пол Бургман кој ја направи најдобрата фудбалска фотка на сезоната.

Омилениот фудбалер на Симеоне кој го тргнал татковото презиме

Кога Арда Туран замина во Барса, Атлетико Мадрид знаеше дека тешко ќе најде достојна замена за Турчинот. Од Монако го доведоа Караско и го гледаа само како перспективен и амбициозен играч, но тој брзо стана важен дел од првиот тим.

Приемот на Суарез на топка фрлена од кран

Луис Суарез има неверојатен прием на топка, а тоа го покажа откако му фрлаа топка од кран висок 35 метри.

Почина скулпторот на трофејот за Светско првенство

Силвио Гаѕанига, човекот кој го дизајнираше највредниот трофеј во историјата на фудбалот почина во Милано на 95-годишна возраст. Кафу му изрази сочуство и благодарност за тоа што го дизајнирал пехарот кој ја носи најголемата радост во спортот.

Несторовски држи подобра форма од Нејмар и Ибрахимовиќ

Македонскиот напаѓач е во голгетерска серија за Палермо и тоа многу радува пред гостувањето на Македонија против Шпанија на 12-ти овој месец. Но проблемот е што во неговиот клуб никој не е на висина на задачата како него.