Ви ја претставуваме првата лига во Алжир, во сличен стил со онаа вчерашната акција во Полска. На фудбалерот до толку му беше непријатно, што фати да и се извинува на публиката.
Има многу играчи кои се презиваат Андерсон, ама он е познат по онаа најскратена бразилска форма само како Андерсон. Поделени се мислењата за квалитетите на овој играч, ама сепак ваквиот пад во кариерата го носи во нашата омилена рубрика.
Де бе куче нели сконта дека на иста финта те лета цело време. Зар на Меси не можеш да му ја земеш? Гледаш колку е слаб, не знае да дрибла па со рака ја фаќа.
Додека Италијанците одбројуваат до стартот на Серија А или поточно до дебито на Роналдо, некои навивачи работат на случајот и како да профитираат од првата појава на мегаѕвездата во нивниот град. Претерале малку.
За ваква балон топка од 50 метри да ја примиш во трчање, па уште и на мангупски начин треба да си...не знаеме што. Ете во случајов тоа е извесен Нико Лопез од Интернаcионал. Страшен осет. Браво.
Пред две години, селекцијата на Португалија стана европски првак со голот на Едер во 109-та минута. Синоќа Португалија У-19 стана европски првак со голот на Педро Кореира во 109-та минута. Како само успеаа да се поклопат.
Што да се каже за овие. Едниот штопер ја гледа топката, другиот се пишмани што се обиде да ја врати на голманот, а за понатаму сами ќе си видите. Антифудбалски потези во Полска. Ужас.
Веројатно прашањето број 1 кое треба да го избегнуваат новинарите кога го интервјуираат Златан Ибрахимовиќ е „Кога мислиш да се пензионираш?“. 36 години за голман е нормална возраст, а меѓу напаѓачите е нормална само ако си Ибра.
Сте виделе ли вие како се игра пајдушко со топка, а истовремено во орото да има и жртва? Па овој после ова никогаш повеќе нема да помисли да му припари, а ништо чудно во голмани да отиде.
„Порасна со нас и победуваше со нас, среќен роденден Горан“, напиша Интер на својот Фејсбук профил и го постираше голот на Пандев со кој го тресна Баерн среде Алијанц Арена и го исфрли од осминафинале во ЛШ и тоа во 88-ма минута за пресврт од 2:3. Убаво од нивна страна.
Горда сум на него, бидејќи дојдовме од место каде немавме храна и облека, вели мајката на големиот талент кој не само што е успешно интегриран во Канада, туку е хит меѓу тинејџерите. Дрибла цели одбрани и реди рекорди. Допрва ќе се слуша за малиот.
Во очи на својот роденден Горан Пандев го сефтоса својот прв гол во претсезонските натпревари, и тоа во неговиот препознатлив стил кога ќе добие топка во шеснаесетник свртен со грб према голот.
Малку чудна и несекојдневна сцена од Јужна Америка, а сè во знакот на големата почит кон нивниот соиграч. Дечките не можат да се помират што ги напушта толку рано, па одлучија да направат барем уште акција со него. Тажно во секој случај.
Реал за Бејл и Ронало плати по 100 милиони евра, Манчестер за Погба 105, Барселона за Дембеле 105, Јувентус за Роналдо 117, Барселона за Кутињо 140, ПСЖ за позајмица на Мбапе 180, а за Нејмар 222 милиони. Пред 20 години не беше вака забегано.
Треба да ти легне, ама треба и да те бива вака силно и прецизно да ја збибериш во агол од таа далечина. Величе на пример не можеше да ја добаци од таму, а Марио Рикардо душмански ја опали преку голман.
Она што не го направивме по Светското, а требаше да го направиме е да го избереме Офсајд ликот. Тука нема конкуренција. Човекот кој се избламира како никој во Русија беше Диего Армандо Марадона. Ова е топ 10 листата на неговите активности.
Фудбалот има забавна страна само затоа што дел од него е Јирген Клоп. Тој не мора да направи ништо посебно за да внесе хумор, едноставна таква појава е човекот. На пријателската во САД, Ливерпул го совлада Сити со 2:1, а прес конференцијата на Пеп практично му ја заврши Клоп.
Вие ќе ми кажувате мене дали било гол или не. Дечко, сликна ли ти нешто? Сликнав дојди да видиш. Аха, епа ете се гледа дека е гол, ајде топката на центар. Каков ВАР, подобро е со ФАР.
Рајо Махадаонда е мал клуб во Шпанија кој игра на стадион со 3.000 седишта. Од трета лига погоре немаат мрднато во живот. И што се случува. Играат реванш плејоф меч со Картахена кој за пласман во втора лига треба да го победат 1:0. Судијата покажува продолжение од 7 минути, а гостите на 0:0 си даваат автогол во последната минута. Полудува сè живо на терен од играчи, навивачи до коментатори. Не им се верува дека е вистина.