Два месеци словенечкиот репрезентативец поминал на антибиотици. „Тоа беше прав пекол. Сериозно размислував да ја завршам кариерата“, рекол Јосип откако му откриле бактериско заболување.
Едуардо Бељо е Венецуалец кој игра во Депортес Антофагаста во првенството на Чиле. На меч против Евертон (2:3) постигнал два гола а за време на прославата на едниот гол се качил на трибините и ја запросил девојка му. Судијата, според правилата му дал жолт картон а гледчите го наградиле со аплауз.
Отсуството на најдобриот фудбалер на денешницата Лионел Меси не се почуствува ама баш воопшто на Ел Класико, затоа што Луис Суарез направи шоу со хет-трик и прославите на погодоците.
Фразата “Политиката надвор од спортот“ секогаш била само пуста желба и далеку од вистина. Тоа деновиве се потврди во Браазил каде на претседателски избори победи кандидат околу кој се подели земјата а имуни не останаа ниту спортистите и фудбалските клубови.
Хеликоптерот на тајландскиот милијардер Вичај Шривадханапрабха се урнал веднаш по полетувањето од „Кинг Пауер“ стадионот каде газдата редовно слетуваше да го гледа клубот на кој му ја донесе историската титула.
Ако некој се обиде на фудбалот да му залепи етикета дека е само машки спорт, најмногу ќе се налути Американката Макарио кој веднаш ќе го побие тоа. Многу, ама многу добро изведено.
Сме виделе и гледаме извонредни слободни удари скоро секој фудбалски викенд, ама онаму од каде што обично се нафрлува да ја дувнеш право во гол е вистинска реткост. Швајцарецот Гранит Џака од Арсенал ова коло се истакна со посебна мајсторија од каде ретко кој успева да ја смести во агол.
Фудбалерите на Емполи имаа изненадувачко водство од 1:0 на полувреме на дуелот против апсолутниот фаворит Јувентус. Но инвестицијата на италијанскиот шампион вредна 112 милиони евра не се исплати само поради продажбата на дресови која одеше како алва. Португалскиот ас го сврте мечот со гол од пенал и бомба во агол за конечни 1:2. Сега има 7 гола на 10 меча, два помалку од Пјонтек.
Да ги погодиш двете стативи со еден удар, а потоа соиграчот твој локум топката која требаше да ја даде мижеечки, да ја дувне во пречка е чудо над чудата. Немале ден овие и точка. Дупло поширок и повисок да беше голот пак ќе го направеа истото.
Интер лани и плати на Сампдорија 20 милиони за дефанзивецот Милан Шкрињар и го направи најскап словачки фудбалер во историјата. Има 23 години, ама игра многу зрело. Погледнете како му влезе на Кутињо. Го изеде за сите пари.
Иако е на залез на кариера и го јаде силна конкуренција од помладите, сепак мајстор си е мајстор и на 35 години. Ремек делото на Горан Пандев против Верона е номинирано за гол на годината во Серија А.
После четири очајни натпревари по ред Баерн Минхен оправдано се нашол на удар на новинарите кои напишале неколку критички осврти: чисто, јасно и концизно. Но од улица Зебенер стигнаа отровни стрели и жесток удар на слободата на говор.
Европската куќа на фудбалот го направи есапот за Лига Европа од сезоната 2017/2018. И покрај тоа што не беше финалист, на прво место според заработка е Арсенал, а на последно Вардар. Топџиите инкасирале 12 пати повеќе пари од Црвено црните.
Во пресрет на ел класико се потсетуваме на мечот кога Реал ја згроми Барселона со 3:0 а најубавиот гол на тој дуел го даде бразилскиот бек Роберто Карлос.
Неколку англиски клубови се спремни да предложат бришење на забраната за продажба на пиво и други алкохолни пијалаци на стадионите. Оваа забрана во Англија важи добри 33 години.
Не треба многу да гуслате по нетов за да најдете некој еврогол од Лига Европа. Многу групи се и многу натпревари. Од вкупно 69 погодоци кои паднаа синоќа, ова е најкусата и најдобрата компилација на топ 7.
Има видеа за кој човек тешко е да даде објаснување и да сфати како е можно да бидат до толку нелогични. Дечково трча со топка, потоа и дава фор, а судијата високо ја подигнува раката. WTF???
Откако Бетис победи на Сан Сиро 1:2, подоцна вечерва шпанските клубови ја докажаа доминацијата во Европа. Севиља му даде шест парчиња на Акхисар, а Виљареал „петарда“ на Рапид Виена.
АЕК Ларнака на Тричко (асистенција) и Мојсов ремизираше со Лудогорец. Ристовски одигра полувреме во поразот од Арсенал а Адеми прави чуда со „Модрите“.
Најголемата египетска ѕвезда го испочитува тоа што оваа жена тепала пат од неговата земја до Ливерпул, само за да го гледа во живо во ЛШ. По мечот со Ѕвезда тој и го подари дресот, а таа дојде спремна со подарок.
Како фудбалер кого ПСЖ со сите средства (читај 9 милиони евра годишно) го убедува да остане во Париз, младиот Рабио не смее да си дозволи ноншалантност како синоќа на мечот против Наполи кој заврши 2:2 со гол на Ди Марија во 93’ минута.