Фудбал

Што правеше Алиоски со мевот на колегата?

Фудбалерите на Лидс направија спектакуларен пресврт на гостувањето против Астон Вила и од 2:0 славеа 2:3 со гол во 95-та минута. Но Англиската јавност освен на пресвртот, се чудеше и на потегов на македонскиот репрезентативец кога се местеа на слободен удар.

Не е ова гол што се гледа само еднаш

По Кристал Палас и фудбалерите на Клуж може слободно да кажат дека веќе во сред сезона го имаат голот на сезоната во Романија. Коментаторот го спомна Златан Ибрахимовиќ, чие име не може да се избегне кога имаме вакви страшни акробации.

Навивачите на Ман.Јунајтед почнаа да грмат за Оле

Поубаво деби Оле Гунар Солскјер на клупата на Јунајтед не можеше да посака. Му отиде на гости на Кардиф и го смачка со 1:5. Каков само јак резултат за старт по бркањето на Мурињо. Навивачите веднаш го наградија со скандирање.

Киево и Барса имаат да ви покажат нешто

Што имаат заедничко овие две екипи колово? Една не иста, ама слична акција во три потези. Колку се само слатки овие голови без многу потење, со две додавања од гол на гол, третиот допир со топка го претворија во погодок. Треба и да ти се погоди акцијата.

Ман.Сити го прими голот на сезоната во Премиер лига

Готово е, трката за најдобар гол на колото, месецот и сезоната може да заврши. Манчестер Сити неочекувано денеска загуби на домашен терен од Кристал Палас со 2:3, а лудилото од волеј го даде Андрос Таусенд за 1:2.

Детево на време да го изнесете на прав пат

Со лева ја прими (ама внимавајте само како ја прими) и со лева ја даде. Ова не е талент, туку талентиште. Изведбава е неверојатна како за негова возраст. И уште ова: Не му ни тапна.

Првото нешто што го направил Сослкјер кога се вратил на „Олд Трафорд“

Дента на неговото враќање во својата база, новиот тренер на „црвените ѓаволи“ решил прво да се види со неговата најомилената личност таму.

Само двајца играчи сакале да остане Мурињо

Заминување на The Special One од Јунајтед и натаму е топ тема на островот. Иако за тренер веќе е поставен џокерот на Фергусон, Оле Гунар Солскјер сепак мора до крај да се исчепка целата вистина за отказот на Жозе Мурињо.

Кога Алегри го доби Погба од гол на гол

Во една занимлива игра во која наизменично се шутира од гол на гол, тренерот на Јуве Масимилијано Алегри пред неколку сезони му одржа лекција на светскиот шампион Пол Погба додека играше за Јувентус.

Голот на Ракитиќ кој го прогласија за најубав во Лига на шампиони

По крајот од групната фаза, УЕФА секоја сезона одбира најубав гол. Овојпат признанието го доби хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ за бомбата против Тотенхем на „Вембли“ (2:4).

Новиот ангажман на Жозе

Нема крај сеирот кој му го пукаат на Мурињо за отказот кој го доби во Манчестер Јунајтед во сред сезона. Гори интернетот веќе четврти ден. Најново, работа му најдоа во фабрика за коли.

Божиќното видео на Спортинг

Португалскиот тим каде Рики наш настапува втора сезона, одлучи празнично да се поврзе со својот подмладок кој е нели иднината на секој клубот. Се изгушкаа и си разменија подароци како вистинска фамилија која се собира заедно за празници. Фина идеја, нешто поразлично од другите клубови.

Хатем Бен Арфа како некогаш

Откако во ПСЖ не му дадоа ни трошка време да покаже што знае, мајсторот на фудбалската игра сега во Рен ужива на теренот.

Иле Несторовски има многу капитенски сенс

Македонскиот репрезентативец не е голем само затоа што дава голови и што достојно го брани сицилијанскиот дрес, тоа му е работа, туку и поради тоа што знае да повлече вистински капитенски потези и кога не оди на работа.

Бин Ладен наводно ги сменил нападите од Лондон во Њујорк поради Арсенал

На 11 септември 2001 година во Њујрок се случи најголемата катастрофа во XXI век: терористичката организација Ал Каида киднапираше четири патнички авиони од кои два ги пренасочи во кулите близначки кај Светскиот трговски центар.

Шмекот на фудбалот кој го игравме во маало

Немаше потреба, а скоро и да ги немаше: мобилни, таблети, компјутери. Ти треба само топка, по можност и пумпа за да не губиш време да одиш на бензиска, како и желба, а последново никогаш не беше проблем.

Ај најдете му НЗС на автоголов да ве видам

Женскиве кои се дел од оваа ултра смешна трагикомична сцена, веројатно не земаат плата за играње фудбал. Бидејќи нема логика. Во еден момент се збунивме и не знаевме кој напаѓа, а кој се брани. Не сте виделе вакво нешто.

Капитенот на Дортмунд пцуе на српски

Марко Ројс е еден од најомилените фудбалери во Германија. Тој е капитен на Борусија кој со клубот поминал и лошо и добро. Пред некое време српските фудбалери Невен Суботиќ и Милош Јојиќ го научиле нешто непристојно.

Преубав перформанс на Шалке во борбата за честа на рударите

На 21 декември во Рурскиот басен „Германија“ ќе се затвори и последниот рудник за јаглен во земјата. Најголемиот симбол на рударите - клубот Шалке и навивачите спремија голем перформанс во чест на сите рудари.

Кевин де Брујне во улогата на Меколи Калкин од „Сам дома“

Белгискиот репрезентативец постигна прекрасен гол на гостувањето кај Лестер во Лига Купот (Сити славеше на пенали по 1:1 во регуларен дел), а во меѓувреме прифатил да одглуми неколку сцени од култниот филм.

Пристојна година за македонскиот фудбал, ја задржавме позицијата

ФИФА ја објави најновата ранг листа на која македонската фудбалска репрезентација не доживеа промени и остана на 68 место во светот со 1343 поени.

Што си ти фудбалер или каратист?

Видете вака, има ножички и ножички, а овие се толку брзи и лудачки, што на прва нема да сконтате како ја изведе акробацијава. Ви го претставуваме Џејсон Џонсон од втората дивизија во САД. Стварно не е нормален.

Голманот на Лајпциг со Штербик одбрана

Фудбалерите на Баерн Минхен го пробија бедемот на Лајпциг дури во 83-та минута и славеа 1:0, а главен виновник за тоа беше Унгарецот Петер Гулачи, кој неколку минути претходно имаше ракометна интервенција од два метри. Вака така ја извади од гол.

Чудно ефе во Холандија, топката сама излезе од гол

АЗ Алкмар со 5:0 го демолираше Цволе во Купот но мечот го одбележа еден многу луд лоб удар. Фудбалерот на домашните Матс Сентјес реши да го префрли голманот и почна да се радува, ама...