Килијан Мбапе не е единствениот фудбалер на ПСЖ со атлетска душа и способност. Сте го виделе ли голманот што им работи? Ама не Џиџи Буфон, туку Алфонс Ареола. На скок со стап може да го пратат и тоа директ на Олимпијада.
Хет-трик за Мбапе против Монако, титула за ПСЖ на пет кола до крај и 30 голови за младичот со кои го израмни рекордот на Анри на најмногу постигнати голови во една сезона на еден француски фудбалер. Него нас друго ни е муабетот.
Со триумфот од 2-1 против Фиорентина, Јувентус по 35. пат стана шампион на Италија. Ова е 8-мо скудето на Јуве по ред и тоа е рекорд не само во Серија А, туку и во сите Топ-5 лиги во Европа.
Пред 30 години Наполи го освои Купот на УЕФА, единствениот меѓународен трофеј во историјата на клубот. Во финале го совладаа Штутгарт, а на денешен ден играа во полуфинале со Баерн Минхен. Додека во позадина се слушаше познатиот хит „Live is Life“, Марадона се загреваше во ритам и правеше шоу со топката.
Еден, двајца, па тројца со се голманот и тоа со лудачки финти. Таму е крајот на салата, инаку да имаше место и голот ќе го издриблаше и ќе тераше уште.
Се сеќавате ли на Даниеле Адани? Пензиониран е пред 10 години, а исто толку време работи како телевизиски аналитичар. Свое видување даде и за шокантната елиминација на Јувентус од Ајакс.
Челните луѓе на холандската фудбалска лига го одложиле целото коло во првата Ередивизија пред важниот меч на Ајакс со Тотенхем во полуфиналето на Лига на шампиони. Клубовите не баш најсреќни што се поместува распоредот, ама ајде за општо добро е.
Поттикнат од големиот португалски талент, читател ни испрати фантастично видео од син му, ама со поплаки за тоа како е третиран во клубот за кој гази. За жал поинаку и не очекувавме во оваа тажна Македонија. Ајакс таквите ги држи и ги негува, а ние ги бркаме.
На мечот Остерс - Дегерфорс во шведска втора лига, во 82’ минута гостинскиот тренер го внесува во игра Озѓун наместо Линдал. Но во моментот на стандарден поздрав додека едниот излегува од игра, а другиот влегува, Линдал несакајќи му брцнал прст во око на Озѓун. Овој веднаш бара интервенција, стои неколку минути надвор од теренот и се враќа дури во судиско продолжение. Мечот завршува 1-1.
Вест на неделата беше големиот пожар кој ја зафати најпознатата светска катедрала на Пресвета Богородица во Париз. Зданието многу настрада, па голем број луѓе учествуваат во собирање средства за возобновување.
Кога Кристијано Роналдо направи трансфер од Реал во Јувентус, истото го направи и неговиот осумгодишен син. Го носи истиот број на дресот, знае да направи по некој потег како татко му и плус бајаги се отвори со голови на старт.
Со голот во 36’ минута од мечот, Александар Лаказет го доведе Арсенал во водство и го откажа Наполи од намерата да проба да се врати во игра. Интересен детал од мечот е што бекот на „топџиите“, Начо Монреал во еден момент излегол од терен и го немало цели 5 минути назад. Отишол до тоалет.
После поразот од 4:2 на гости против Бенфика, каде 70 минути играа со играч помалку, фудбалерите на Ајнтрахт по којзнае кој пат сезонава собраа сили и славеа со 2:0 за пласман во историско полуфинале на Лига Европа.
По лудата голеата на Етихад, истиот резултатот од 4:3 го повторија и екипите на Челси и Славија Прага каде до 27-ма минута беше 4:1. Давид Луиз на крај си го најде братот близнак со кој заедно одат на стрижење, односно не одат.
Фудбалерите на Ајнтрахт стигнаа до потребниот триумф од 2:0 и со вкупни 4:4 успеаа да се пласираат во полуфиналето од ЛЕ. Арсенал и Валенсија славеа и на реваншите, исто како и Челси кој приреди голеада со Славија Прага.
Внимавајте ова, има само 19 години, а веќе трета сезона игра за првиот тим на Ајакс каде е од предшколска возраст. Згора на сè доверена му е и капитенската лента која никој друг не ја носел толку млад во нокаут фазата од ЛШ. Детево одигра перфектен меч против Јувентус на кој му даде и гол за елиминација.
Родителите плаќаат само 12 евра и тоа е ставка за осигурување. Сè друго е бесплатно. Децата во академијата одат во школо, тренираат неколку дена во неделата, играат натпревари и ја одржуваат традицијата на блискост со навивачите.
Кој и да го освои сезонава трофејот во Лига на шампиони ќе бидат живи радости за тренерот, бидејќи никој од нив до сега не успеал во тоа, а најблиску бил Јирген Клоп. Последен пат се случило вакво нешто со Порто на Мурињо.
Марка веќе направи математика колку пари фукнал Гвардиола за засилувања откако ја напуштил Барселона. Со ова темпо уште летово може да стигне до милијарда евра, а нема стигнато до полуфинале во ЛШ, а не па да ја освои.
Најдобро знае Бафетимби Гомис, некогашниот шпиц на Лион, Галатасарај, Свонси, Марсеј и Сент Етјен. Сега игра во Саудиска Арабија, за лидерот на табелата Ал Хилал. На 34 меча има 24 гола и 6 асистенции.
Ќе речеш што се 60 секунди, што може да биде за една минута, ништо. Ама она што се случи на Етихад синоќа беше прав пример како радоста и тагата може кратко да траат.
Лигата на шампионите знае да извади натпревари кои ќе се зборуваат со години и ќе останат во историјата како неповторливи. Такво беше синоќешното лудило кое почна во првите 11, а заврши во последните 2 минути. Епски луѓе, епски четвртфинален меч, а уште не бевме свесни од Ајакс.
Скоро и да нема не само фудбалер, туку играч во кој било колективен спорт кој спокојно и мирно седи на клупата за резерви. Единствен таков пример е Фернандо Љоренте, шпанскиот див кој без приговор чека шанса и се става во служба на генерал Почетино.
Ваква драма како англиското дерби ретко се гледа во Лига на шампиони. 7 гола, признат гол со ВАР за пласман во полуфинале и троа спорен, па поништен гол со ВАР за елиминација и тоа во 93-та минута. Гвардиола во живот не скокал волку од радост и тоа за џабе.