Им дојде тогаш на „граѓаните“ на „Етихад“ во 2. коло од групите во ЛШ и на 38 години им покажа на Компани, Клиши, Јаја Туре, Давид Селва, Френк Лампард, Серхио Агуеро и Един Џеко, каква фудбалска интелегенција има.
Детето за кое Фергусон уште на Мурињо му рече дека треба да го игра повеќе, еве го во едно друго издание. Скот Мектоминеј има 22 години, задача му е да ја пази средината, ама вчера гаѓаше на Олд Трафорд, онаму каде што не му ги фаќаа на Бекам. Трет гол за него во кариерата која ја почна во Јунајтед во 2016/2017.
Кристијан Нобоа е искусен 34 годишен Еквадорец кој настапува за Сочи. Па впрочем само стара коска умее вака да го наштелува шутот кога ќе го сети голманот дека не е на свое место. Преубаво.
Кулушевски е роден во Стокхолм на 25 април 2000 година. Има потекло од Македонија. Настапи на 2 меча за нашата репрезентација до 16 години и постигна 3 гола. Подоцна ФФМ проба да го разубеди во намерата да не игра за Шведска и да заигра за земјата на неговите родители (дури и Пандев му прати потпишан дрес), но тој реши да го носи дресот на Швеѓаните (веќе има пар настапи за У21).
Романецот Стефан Раду викендов на тимот на својот поранешен клупски колега, Горан Пандев му опали една левица по која сите на Олимпико се држеа за глава. Гол кој извади една ептен ретка коинциденција.
Во сезоната 2018/2019 Интер првпат надминал приходи од 400 милиони евра. Клубот заработил 415 милиони, односно 20% повеќе од лани (346 милиони). Од нив 19,1 милион носи договорот со Pirelli, најверниот партнер на Интер во последните 24 години.
Шпанското крило кое се прослави во Валенсија, цепа уште на 38 години како член на Бетис веќе петта сезона. Фати да му прави некоја магија на колега со која за момент ги укочи со работа сите масери. Ма каква бре магија, реметење до солзи е фората.
По примерот на Манчестер Јунајтед, и Милан докажува дека кога еден гигант ќе го допре дното, многу е тешко да се врати на старите патеки на успехот. Со години росонерите не можат да се опорават, а нов шамар синоќа им залепи Фиорентина предводена од ветеранот Рибери.
Барнсли - Брентфорд во Чемпионшип. Гостите славеа 1-3, ама моментот кој им се случи во 38’ минута од мечот беше пресликан циркус од фудбалчето на Сони Плејстејшн после што најчесто страдаат џојстици.
Францускиот репрезентативен голман го спаси Марсеј од пораз против Рен пред своите гледачи и е најзаслужен што освоија макар бод со две лудачки одбрани во финишот.
„Ударот на Пјаниќ потекнува од мајка му, не од мене, а можеби од татко му, не знам кој имал подобар удар дали мајка му или татко му“, вели стариот лисец за специјалистот за слободни удари Миралем Пјаниќ.
Секој втор талент што ќе го извади во напад личи на новиот Меси, ама па овој не е како сите други, погледнете како ја осакати цела одбрана. Се вика Алекс Коладо, има 20 години и настапува за Барселона Б.
Дека има нешто посебно во ова дете, Наполитанците се сè посвени од натпревар во натпревар. Погледнете каков слалом им направи денеска на тројца фудбалери на Бреша. Еден италијански портал напиша: „Ова ако влезеше, ќе се срушеше Сан Паоло“.
По голем број дерби и возбудливи натпревари со многу голови, утре со почеток од 21:00 часот е закажана финалната пресметка на најпознатиот фудбалски турнир во Скопје.
Италијанскот првак очекувано ги собра трите бода против СПАЛ во 6. коло од Серија А. Роналдо погоди со глава, но претходно Пјаниќ ја распали на прва ептен домаќински. Да не му дадеш топка на 20 метри.
Ако некој погодок треба да оди на најавна шпица, тоа дефинитивно е овој на мечот меѓу Шкупи и Шкендија. Домаќините славеа 2:0 со головите на Марин Јурина, а вториот е нешто што не се сеќаваме последен пат кога сме го виделе. Црногорската, со лежење му го даде. Смешки или срамои, како сакате.
Едниот имаше најдобра намера, да расчисти во опасна зона каде нема место за ризик. Вториот па е уште помалку крив и плус доби болка која не ја заслужи. Некои несреќни голови како овој во Канада едноставно не се повторуваат.
Минатата недела во фудбалскиот клуб Ница се случил незапаметен скандал. Новото засилување на клубот Каспер Долберг, кој летово дојде од Ајакс за 20,5 милиони евра останал без страшно драгоцен и скапоцен часовник.
И тоа боксерски патосиран, во права смисла на зборот. За време на еден дуел меѓу Севиља за која играше Аргентинецот и Барселона чиј дрес го носеше Ромарио. Бразилецот после еден центаршут му удира толку силна тупаница на Чоло после што овој не можел да стане.
Златан Ибрахимовиќ си измисли таканаречен Матрикс џелинџ и тагна четворица славни личности: тенисер, агент, фудбалер и борач. Мино Рајола врвки не може да врзе, не па вака да се свитка. Ѓоќовиќ ќе проба, пошто сака вакви егзибиции.
Треба да сме среќни што гледаме фудбал во време на Меси и Роналдо, бидејќи двајца вакви монструми во исто време кој знае кога пак ќе се родат. Крај нема на анегдоти за нив, а особено е важно што ги даваат нивни колеги кои без памет останувале кога требало да ги маркираат.