Мохамед Салах го реши највозбудливиот меч на вечерта на кој Салцбург од 3:0 успеа да стигне до 3:3. Интер створи еден куп шанси на Камп Ноу, но Луис Суарез го реши лидерот од Серија А. Ајакс убедлив на Местаља.
Интер ја стави Барселона во шише, ама не успеа да ја одржи предноста. Мартинез го отвори резултат во 3 минута, а потегот на вечерта го имаше Суарез во 58 минута. Г о л ч и ш т е.
Младиот репрезентативец на Мароко, Ашраф Хакими со две контри ја уништи Славија Прага на гости. Првиот гол му беше феноменален. Истрча пола терен па ги шина со се голман како Меси. Наполи одигра мирољубиво во Белгија. Елмас беше стартер и заменет по еден час игра.
ПСЖ со голот на Муаро Икарди во 52’ минута го преброди тешкото гостување во Истанбул и освои 3 бода. Во 61’ минута место стрелецот на голот влезе најдобриот млад играч на светот за кого Конгоанецот Кристијан Луиндама најде лек.
Во европските купови екипите влегуваат на терен со деца до нив. Ама ретко кој знае колку е тешка процедурата да им се каже на децата кој ќе држи за рака познати фудбалери а кој не. И за тоа има решение.
Тоа со Арнолд против Барса во полуфинале од ЛШ, беше унитакен заеб кој никој не можеше да го прочита. Ама ова некако е многу школска и стара финта на која глупо е човек да подклекне. Се работи за третата француска лига.
Да се даде еден гол во елитното друштво е подвиг, а камоли 4 или 5 на еден натпревар. Тоа му појде од нога на Серж Гнабри од Баерн Минхен кој влезе на листата од 12 играчи кои постигнале по 4 гола на 1 меч во новиот формат на ЛШ (од 1992). Само двајца броеле дури до 5 гола.
Не знаеме дали на толку срушени им е уште предизвик воопшто да бркаат нови, ама ако продолжат да играат на ова ниво, тие сами ќе си дојдат. Што се однесува до број на голови, нема кој да ги стигне во блиска иднина. Роналдо 129, Меси 115.
24 годишното крило на Баерн, Снеж Габри синоќа стана вториот Германец со 4 гола во ЛШ. Се разбира ова му беше мечот на кариерата по кој разбирливо топкава сакаше да си ја прибере, но Хави Мартинез му го скрши филмот.
Од сезоната 2021/22, УЕФА сериозно ќе ја смени структурата на еврокуповите. Овие промени нема да ја тангираат Лига на шампиони, но затоа групната фаза на Лига Европа ќе се скрати на 16 клуба и ќе се појави трет еврокуп.
Фудбалерите на некогашниот европски првак после пресврт го совладаа грчки Олимпијакос 3-1 (0-1) и ги освоија првите бодови во групата во Лига на шампиони. Навивачите на двата клуба, кои се во братски односи, постојано пееа заеднички песни. Почетокот на мечот го одбележа кореографија со грбовите на двата клуба.
Кога на Атлетико Мадрид ќе им земеш топка на нивна половина, мора да побрзаш со брзина на светлината, инаку ќе ти се сипе цел тим. Погледнете ги овие атлетски спринтови на момците на Симеоне против Локомотив Москва. Мислиш трка на 100 метри имаат.
Кога Мануел Ноер ќе добие топка во шеснаесетник на нога, не завршува акцијата како и со секој друг голман. Уште па да се обидеш да му ја земеш, ќе те излета ко мало дете.
Гол првенец за Мауро Икарди вреден 3 бода во Турција. Рутинирани победи на Сити, Јуве и Атлетико. Европскиот вицепрвак со црвени образи го напушти стадионот, а Црвена Звезда во финишот ги разби Грците.
Лидс Јунајтед има тешка дерби пресметка против ВБА во меч пеѓу првиот и вториот на табела. Кога на никој не му оди тука е македонскиот репрезентативец кој распали во негов стил за 1:0 во 38-ма минута.
Момците на Зинедин Зидан во 85-та минута се спасија од срам против Клуб Бриж кој имаше 0:2 на полувреме. Двојниот стрелец на гостите и на двата гола за ушепртља, а првиот му е антологиска комедија. Шахтјор пак во 95-та минута направи пресврт во Бергамо.
Катарците до таму отидоа со паметот и парите. Смислија како да отспиеш на стадион во хотел со 5 ѕвезди по што нема да треба да одиш на натпревар, бидејќи натпреварот ќе дојде кај тебе во соба.
Во минатото коло во турската фудбалска лига Анкарагуџу со 2:1 го победи Генчлербирлиги. После мечот полушпицот на домашните, Рикардо Фати дошол во микс-зоната да одговори на неколку новинарски прашања.
Англискиот репрезентативец Рос Баркли решил да искористи слободен ден да скокне од Лондон до Ливерпул, ама таму во такси направил бербат со остатоци од храна, па одбил да плати глоба за чистење по што таксистот решил да викне полиција. На крај Баркли отишол до банкомат да извади пари за казната.
Со ремито 1-1 против Арсенал во големото дерби на 7 коло од Премиер лига, Манчестер Јунајтед се наоѓа на 10 место на табелата и го бележи најкатастрофалниот почеток на една сезона откако е основана Премиер лигата во ваков формат.