Реал Мадрид објави дека потпишал договор со фудбалерот од средниот ред на Фламенго, Реиниер за кого платиле 30 милиони евра од кои 80% ќе одат за Фламенго, а останатото за играчот и неговите претставници.
Фудбалерите на СПАЛ ја шокираа Аталанта на гости со 1:2, па уште и со пресврт. Фудбалерот со број 7 Симоне Мисироли изведе нешто несвојствено за голман, а не па за играч од среден ред. Нешто налик шкорпион потег со кој го спаси својот тим од пораз.
Нови правила за голманските дејствија има во многу спортови. За оние кои не знаат, од минатото лето при ударот од 11 метри (пенал), голманот мора да остане со едната нога на линијата до самиот удар (народски не смее да излагува со двете нозе).
Ај што даде победнички гол во 57’ минута за 2-1 за Галатасарај против Денизлиспор, туку 33-годишниот Колумбиец Фалкао кој преживеа неколку тешки повреди и операици, спринташе 70 метри во самиот финиш како да му е последен меч.
Росонерите пркнаа малку и успеаа да ја прекина лошата резултатска низа, но имаат уште многу работа, особено во одбраната која им е кревка. Џиџо ги спаси од чист пораз со опасни интервенции откако ја оплеска.
Кристијано Роналдо ја реши Парма со два гола. Вториот го прослави со Дибала кој му асистираше, ама некако неочекувана прославава а? Или па му се лизна од возбуда?
Еднаш нема да можеш да ја префрлиш, друг пат ќе ја офукаш над гол, а еднаш од 1.000 пати ќе ти излезе некој во пресрет од тие што се наредени во живиот ѕид, па ќе ти легне како што треба. Клуб Бриж ја имаше таа ретко видена среќа на мечот против Андерлехт.
Со оглед на тоа што го прави на терен, во најава е идна голема фудбалска ѕвезда во новава деценија, а и во таа после нејзе. Деца на 16 години уште се собираат во школски двор за фудбал, а тој решава натпревари и дрибла како лудак дупло постари од него.
Каталонците синоќа го пробија бедемот на Гранада дури на 15 минути пред крај и славеа 1:0. Бускетс е Мојсовски, Меси е Миркуловски, Гризман е Манасков. а Видал е Столе. Вака оди тоа.
На Џенова сезонава и оди тапа џонс, а да го немаа нашиот махер за фудбал бетер ќе беше работата. Со оглед на тоа како игра на 36 години во Серија А, некако не е за пензионирање на лето.
Колку само млади деца излегуваат и импресионираат со начинот на кој ги решаваат мечевите. Душан Влаховиќ од Фиорентина го запознавте ли? Погледне со каква кифла ги попари Наполитанците. Гатузо пак го држеше Елмас на клупа.
Иако италијанската тренерска струка важи за една од најдобрите на светот, сепак проблемот со не знаење странски јазици кој стручњаците од оваа земја го имаат, знае да биде доста сложен.
Кола за нејзе, кола за сопругот, кола за синот кој студира во Италија, три пати годишно на одмор на скапи места и не само тоа. На слава имала келнери, а на матурска кај синот пеела Северина. Ова тешко некако од плата а?
Претседателот на шпанскиот третолигаш Унионистас, Мигел Анхел Сандовал во петокот напладне на состанок со градското собрание во Саламанка решил да го пречека Реал Мадрид во шпанскиот Копа дел Реј на своето стадионче „Лас Пистас“ кое собира 4.000 гледачи. А пазете ова, на само 50 метри до нивниот стадион се наоѓа еден поголем (17.000 капацитет) на попознатиот клуб Саламанка кој има играно и во Примера.
Поранешниот плејмејкер на Сакраменто ни е некако асоцијација за “лажни очи“. Во фудбалот тој епитет треба да му следува на Роналдињо. Но во такво издание го гледаме и чичко ви Роберт кој одлично го изведе ова, а претходно и атрактивно ја прими.
Да бидеме искрени, сме гледале машки деца на оваа возраст што прават чуда со топката, имаат вроден талент и милина е да ги гледаш. Ама девојче со ваква дарба за фудбал стварно не паметиме дека сме виделе.
Италијанците веќе почнаа да го нарекувааат „вечен“, што е нормално бидејќи од 2001-ва е таму, па дури доби и прашање да не планира до 52 да игра како Миура. 2020-та е година во која има две јасни цели како за крај на една кариера за почит. Ама голема почит.
Приказната за Дејан Станковиќ дека им дал гратис карти на свои сограѓани “ги испровоцира“ нашите читатели па ни пишаа дека и наши фудбалери правеле вакви убави гестови. Еден ни сподели сличен, па и подобар пример со Несторовски. Браво за потегот.
Јасно е како ден дека фудбалот веќе подолго време е суров бизнис, ама ретко кога главната фудбалска унија си дозволува очигледен и намерен привид, со цел поголема популарност и атрактивност.
И покрај тоа што играчите и малубројните навивачи на шпанскиот нисколигаш Унионистас полудеа од среќа кога на ждрепката слушнаа дека ќе го пречекаат Реал во Купот на Кралот, сега може да има измени.
Во шпанската Сегунда Б, Сан Фернандо со 1-3 го победи Рекреативо на гости. Уште не почнат мечот, после една тики-така подобра и од онаа на Пеп Гвариола, Франсис Ферон го отвори резултатот.
Малку не потсети на оној на Роналдињо против Англија на СП 2002, ама не се баш исти. Дечково апла се гледа дека само ја нафрла и потоа не само коментаторот, туку и самиот се збуни што го даде. Инаку ова чудно ефе се случи во Англија.