Не веруваме дека Карло Анчелоти видел ваков бисер во 25 години тренерска кариера. Волкот му се повредува и се одлучува да го замени со Џибрил Сидибе. Арно ама четвртиот судија му сигнализираше недостиг во спортската опрема. Чаре? Трк во соблекувална.
Фудбалерите на Наполи и Верона ја зголемија неизвесноста за Скудетото бидејќи и двете екипи успеаа да го совладаат актуелниот шампион на Италија и тоа на два од последните три нивни натпревари.
Тешко е да им се долови на помладите славниот италијанскиот напаѓач кој се повлече од фудбалот како играч на Каљари пред 15 години. Со Наполи освои Скудето во 1990-та во друштво на Марадона, а во 2003-та беше изгласан за најдобар играч во историјата на Челси.
Сан Ремо е спектакл, а оваа година две вечери по ред го зачинија со спортски ѕвезди, ултра популарни. Прво Ѓоковиќ, а потоа со Роналдо и жена му. Популарниот водител Амадеус одигра во напад со провокативен дрес, пола Јуве, пола Интер.
Турскиот елитен фудбал е на многу високо ниво во последните неколку сезони. Нема веќе само 2 клуба да се борат за титулата. Сега 5-6 екипи сериозно му се мерачат на шампионскиот трофеј.
Барселона и Реал Мадрид загубија во Купот и со тоа им се отвора можност трофејот да го подигне некој од Сосиедад, Билбао или Гранада, а можеби и второлигашот Мирандес. Зидан губи од кој стигне во ова натпреварување.
Обично сме навикнати фудбалери да носат броеви на дресовите составени од една или две бројки. Ама во Мексико комотно се игра со три броја на дрес и има дуели на кој не може да видите дрес од две цифри.
На пред-Олимпискиот турнир во Јужна Америка, Бразил У23 и Уругвај У23 сабајлево одиграа нерешено 1:1. Уругвајскиот чувар на мрежата Игнасио Де Аруабарена си даде многу глуп автогол.
Барселона го претрпе најтешкиот пораз досега сезонава откако во 1/4 финалето беше елиминирана во Кралскиот Куп од Атлетик Билбао (1:0). Цела одбрана на Каталонците беше немоќна да го сопре играчот на мечот Ињаки Вилијамс.
Во полуфиналето на шпанскиот Куп не само што нема да биде Реал Мадрид, туку и Барселона, која во четвртфиналето испадна во Билбао каде прими гол буквално во последните секунди од мечот. Реванши не се играат во оваа фаза.
Њукасл со гол во продолженија го победи Оксфорд на гости 2:3 во ФА Купот и се пласираше понатаму. При еуфоријата за голот меѓу гостинските навивачи еден цреп направи „хеликоптер“ прослава. Се соблече гол. Денес го казнија со доживотна забрана за влез на сите англиски фудбалски стадиони. Во меѓувреме еден навивач за расистички испад бил казнет 4 години, па јавноста реагира дека Мајк Пендриџ од Њукасл е престрого казнет.
Тиери Анри, Роберто Карлос, Роналдињо, Лампард, Зидан, Џерард...Не можеш да ги мразиш овие ликови и не може да не ви недостигаат. Со нив израснавме. Со оглед на тоа што го прават сега во слободно време и да останеа уште некоја година, уште ќе мелеа.
Пушкаш Академија му извади 2:2 на Диошгери во меч од унгарската прва лига со помош на голманот кој најдобро се снајде во шеснаесет. Голманскиве голови не потсеќаат на Толдо кога му израмни на Јуве во судиско.
Навивачите на Лацио доминираат сезонава во Серија А. По дербито со Рома на кое направија спектакуларна кореографија, и синоќа против слабо рангираната Верона го наполнија стадионот и демонстрираа нова јака претстава.
Класична акција на крило во која обично се оди на еден лажњак до два, а потоа се нафрла. Епа Димитри Паје го направи само првото, а потоа на мајсторски начин го искориски аматерското поставување на голманот на Сент Етјен.
Кристијано синоќа наполни 35 и на сред улица наеднаш почнаа да го снимаат и да му се собираат другари за да му честитаат. Главниот подарок му го спремила жена му со голема црвена машна.
Пред недела дена Ливерпул сензационално одигра нерешено 2:2 со 16-то пласираниот тим во третата англиска лига Шрузбери. Фудбалската асоцијација на Англија, според правилата веќе закажала датум за евентуални повторни натпревари, ама Клоп не сакаше да слушне.
После 18 години кариера во која освои 29 трофеи, 5 Златни топки и постигна преку 700 голови, овој човек уште не е презаситен од фудбал. Погледнете го како одговори на една задача на денешниот тренинг. Со ваква желба и темпо на тренирање, 100% ќе го гледаме и на 40, па можеби тогаш ќе можеме да го наречеме ветеран.
Ќе се спремаш, ќе сурфаш, ќе вежбаш за да станеш тип топ спремен за во пренос и на крај ќе ја заебеш скроз. Не дека за овој нисколигашки меч има огромен јавен интересен и оди на државна телевизија, ама сепак се слушна јасно и гласно киксот кој во никој случај не им е дозволен на коментаторите.
Иако од страна делува дека на „Камп Ноу“ навидум сè е ко подмачкано, последните информации од шпанските медиуми пишуваат тотално спротивно. Абидал ги обвини играчите, Меси го обвини Абидал.