Фудбал

18 годишнина од првиот европски тим кој го освоил Светското клупско првенство

Датумот е 16 декември 2007, а победникот носталгија за секој навивач на славниот и моќен Милан под водство на Анчелоти. Со двата гола на Инѕаги и по еден на Кака и Неста, росонерите ја добија Бока Јуниорс со 4:2 и станаа првиот европски победник на Светското клупско првенство, кое стартуваше под ова име во 2000-та, како продолжение на поранешниот Интерконтинентален Куп.

Селекторот на Шкотска до навивачите: „Седете раат, немој да се задолжувате за да одите на Светско“

Шеесет и две годишниот селектор на Шкотска, Стив Кларк побарал од навивачите да не заглавуваат во долгови со цел да обезбедат авионски карти, влезници за натпреварите на Светско првенство и сместување во САД за групната фаза.

Жиру најубавиот подарок го добил во Доњецк

Легендарниот француски центарфор Оливие Жиру (39) кој блескаше во дресовите на Монпеље, Арсенал, Челси и Милан, сега е во Лил. На 255 настапи во Премиер лига, Жиру стана врвен голгетер и постигна 90 гола со 28 асистенции. На гости во емисија кај Џејми Карагер раскажа како жена му го изненадила со плико во кое била понуда од Арсенал и Арсен Венгер.

Каков цар, со чистачите на стадионот го прослави трофејот

Капитенот на Фламенго, Диего Рибас, ги собра чистачите на стадионот Маракана, да го овековечат освојувањето на Купот на Бразил со фотографија, која сигурно ќе се памети. Јак момент. Не паметиме дека му текнало на друг.

Слободниот на Бруно Фернандеш од шест различни агли

Манчестер Јунајтед и Борнмут го одиграа најјакиот дуел досега сезонава во Премиер лига. Средбата на „Олд Трафорд“ имаше дури три пресврти, осум гола и краен резултат 4:4. Гостите дадоа прекрасен гол од слободен, а уште поубав даде и Бруно Фернандеш. Мајсторија.

Ролеркостер натпревар меѓу Манчестер и Борнмут со 8 гола, два од слободен

Манчестер Јунајтед и Борнмут понеделнички го заокружија 16. коло од Премиер лигата, спектакуларно со натпревар, кој не ти дозволува да смениш канал. Заврши 4:4 со три пресврти: 2:1, 2:3, 4:3. На слободниот удар на Маркус Таверние, Бруно Фернандеш одговори со уште поатрактивен слободен. Манчестер е шести со 26 бода, колку што има и Кристал Палас. Борнмут е на 13-та позиција.

Камерман на колото

Пренос од италијански нисколигашки меч. Кадарот одличен, голот уште повеќе. Добар гол, нели?

Панчев и Биниќ за Ѕвезда и фудбалот, некогаш и сега

Европскиот и светски првак Црвена Ѕвезда 1991 е неисцрпна инспирација и неизбежна тема на муабет и 34 години подоцна. Во српска емисија гостуваше напаѓачкото дуо Дарко Панчев - Драгиша Билиќ, кои зборуваа за сегашната и тогашната Ѕвезда, но и за големите разлики во фудбалот, од финансии, правила, статистики, па сè функционирањето на екипите.

Најжестокото англиско дерби го доби Сандерленд со луд автогол

Во Премиер лига има неколку големи дерби средби. Најпознато секако е Ливерпул - Манчестер Јунајтед чиј ривалитет и омраза датираат уште од пред некој век кога работничките класи од двата града имале меѓусебен анимозитет. Но по степен на жестина, Њукасл и Сандерленд го имаат дербито бр1. Посебно што ретко се среќаваат едни со други зошто обично едните се во прва а другите во втора лига или обратно.

Погрешна топка другар

Реал Мадрид го доби Алавес на гости со 1:2. Напаѓачот на домаќините, Лукас Боје го имаше она напријатно искуство со Раул Асенсио, кое секој се обидува да го избегне, посебно кога ќе застане да држи жив ѕид.

Серија А е ова или кечери?

Јувентус го доби тешкото гостување против Болоња, триумф со кој ги поминаа на табела и сега се петти. Го имаме дуелот на годината меѓу Џон Лукуми и Франсиско Консеисао. Бурлески.

Најјаката фудбалска прослава некогаш видена

Сме гледале и гледаме секојдневни фудбалски прослави кои не се разликуваат многу една од друга и се монотони и досадни. Ебенезер Адуква игра за фудбалскиот клуб Гор Маја во Кенија, во тамошната Премиер лига. На истекот на 2025-та година тој ја има прославата на сезоната, а сигурно и на деценијата.

Генијалецот во фудбалскиот бизнис Дејвид Бекам

Бекам е првиот човек во историјата на САД кој ја освојува титулата во МЛС лигата и како играч и сопственик.

Мега атракција на Бај арена, кандидат за гол на сезоната во Бундес

Баер Леверкузен го добија Келн со 2:0 во 14. коло од германскиот шампионат и се четврти на бод до Дортмунд и 3 до Лајпциг. Мартин Териер сака да ви покаже нешто. Златан дали се слушаме?

Стартните 11 на Јувентус кои играа во Серија Б

Сезоната 2006/2007 (како вчера да беше), Јувентус за прв пат во својата историја мораше да спадне во второлигашка конкуренција, поради скандалот со местење натпревари во време на Моџи, познат како Калчополи. Завршија први на табела со +6 пред Наполи и експресно се вратија во елитата. Погледнете ги овие големи имиња кои прифатија таков предизвик. Прв стрелец со 20 гола Алекс Дел Пјеро. Постои ли ваква верност во денешно време?

Аргентинската колонија на Интер Мајами која го освои САД

Лео Меси не е единствен Аргентинец кој испиша историја во МЛС, со првата шампионска титула за Интер Мајами. На број да ти биле дури 11 Аргентинци заедно со тренерот.

Фото на денот од архивата на Жанко Савов

Жанко Савов му испраќа на Миленко фотографија стара 30 години од Јужна Америка. Останатото е историја.

Како Италија освои Светско првенство со пит-булот Гатузо?

Во таа 2006-та година на Мундијалот во Германија Италијанците имаа страшен и неповторлив состав со Тоти, Виери, Дел Пјеро и други мега ѕвезди. Ама најголема работа вршеше пит-булот кој сега им е селектор. Џенаро Гатузо во финалето против Франција имал: 13 одземени топки, 17 од 26 добиени дуели на земја, 13 успешни од 15 лизгачки стартови, 17 одбранбени акции позади.

Не можам после, ќе гледам фудбал во Гватемала

На времето имаше анегдота дека на некој фудбалски терен во реонот кај Кратово и Злетово, игралиштето било толку нерамно што кога едниот тим ќе ја изгубел топката во напад, му викале на својот голман „Иидаааат“.

Работел достава, разнесувал овошје и делел флаери, а сега е втор стрелец во Премиер лига

Неверојатниот фудбалски пат на Игор Тијаго, врвниот стрелец на премиерлигашот Брентфорд.

Фудбалерите на Слован Братислава правеа софра на Градски

Слован Братислава, кој е 23 кратен првак на Словачка, синоќа беше изненаден од Шкендија со 2:0 во Конференциската лига. Словаците беа слабо организирани на терен, ама не и после мечот. Место да се замараат со резервации во кафана за цел тим, царевите си нарачале лапачка преку Корпа. Чиста работа. 20 пици и 26 кеси со тестенини и салати. На здравје нека им е вечерата, како и поразот од македонскиот првак.

Две голчишта од Конференциска лига

Од чаршавот натпревари во европските купови, ќе издвоиме два убави гола. Едниот е на Стивен Нсимба од Универзитатеа Крајова на мечот против Спарта Прага. Другиот на Украинецот Микола Михајленко од Динамо Киев на гостувањето против Фиорентина.

Руни му пишувал на идолот Данкан Фергусон во затвор а овој му одговарал

Легендарниот шпиц на Евертон, Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација Вејн Руни во шоуто именувано според него, заедно со ко-водителите Кели Сомерс и Кае Курд од 15-ти август наваму раскажуваат интересни случувања од и надвор од фудбалските терени. Руни сега откри неколку анегдоти од неговата рана младост.

Страшната контра на тетовци во три потези

Фудбалерите на Шкендија го изненадија Слован Братислава со триумф од 2:0 во Конференциската лига. Погледнете го вториот гол. Што би рекол Калински од молскавична акција. Со три пасови од гол до гол. Стрелец Себастјан Спахиу.