Фудбал

Меси добива статус на божество во Индија

Најдобриот фудбалер на сите времиња според многумина, Аргентинецот Лионел Меси кој во 2022 стана светски шампион со својата Аргентина, ќе добие голема статуа во индиската држава Западен Бенгал. Се очекува Меси да присуствува на отворање на церемонијата по повод поставување на овој голем споменик кој со 20 метри ќе биде највисок споменик на некој спортист на светот.

Селекторе, а да влезеш во игра?

Селекторот на Мароко, Тарик Сектиуи веќе 14 години е во играчка пензија. Или не? Подајте му ја, па ќе го видите во Зидан издание и тоа со кондури и одело.

Кој е кој во автоголов?

Порто го совлада Малме во Лига Европа со 2:1. Конечниот резултат беше решен во 95-та минута, откако домаќините си постигнаа автогол. Ама на прва овде не се сфаќа баш, кој пие, кој плаќа. Куса, динамична и хаотична ситуација.

Притисокот на Џуд 180 со 100

Тагнете другарче на кое му се дига притисокот од возбуда. И колку покажало апартчето до сега?

Супер голчиштето на Миовски со акробација

Бојан Миовски се отвори со ептен јака завршница на мечот против Ференцварош на гости. По двата гола во првенство, македонскиот напаѓач се истакна со ножички во Лига на Европа и со тоа ја продолжи голгетерската форма. За него ова е петти гол сезонава во дресот на Глазгов Ренџерс. Еден од нив му е во Лига Купот и три во шкотскиот шампионат. Унгарците за жал го свртеа мечот на конечни 2:1.

Рајан Черки со врвни дриблинзи во Офсајд уште од дете

Манчестер Сити летоска вложи 36 милиони евра во играч која допрва ќе блеска и веќе растура. Двајца, па и тројца не можат да излезат на крај со него. Прашајте ги Рудигер и Валверде.

Мајтап на Халанд со Карагер во студио

Џејми Карагер долго време беше капитен на Ливерпул, важеше за просечен бек без некоја значителна кариера па оттаму многу активни фудбалери во Премиер лига му се накострошени зошто често критикува и плука по многумина. Затоа Ерлинг Халанд синоќа откако го суреди Реал Мадрид (1:2) во Лига на шампиони во јавување во живо во студио рече: „Малку сум нервозен кога го гледам Џејми Карагер во студио. Тој е како репетирана пушка да распали“.

Кога на Модриќ му се јавиле од Франс Фудбал за Златната топка

За хрватскиот доктор со топка, 2018-та е врвот во кариерата со куп награди. Ги спои најважните три: Играч на годината во изборот на ФИФА, најдобар играч на СП 2018 и Златна топка. Кога му се јавиле за последнава, не им кренал од возбуда.

Го запалиле стадионот, ама буквално

Валкеакоски е градче на 150 километри северно од Хелсинки. Има 20.800 жители. Главен фудбалски клуб од овој град е Хака која со дури 18 порази и освоени мизерни 17 бода на 27 натпревари, испаднала во втора лига.

Досетка на Жозе на тема Скот Мектоминеј

Мурињо на пресот на Бенфика после триумфот над Наполи се појавил со торба. Новинарка го прашува што носи во торбата, а тој во негов стил, секогаш знае како да врати и да извади изјава за насловна.

Комична ситуација - Арда Ѓулер го чуваше Халанд

Во дербито на вечерта во Лига на шампиони, Манчестер Сити со 1-2 го совлада Реал Мадрид на гости и освои три златни бода за пласман во следната фаза. Ерлинг Халанд го реши дуелот со гол од пенал а во еден момент на корнер земал да го чува Арда Ѓулер, 20 сантиметри понизок од норвешкиот џин кој симпатично се насмеа.

Рајан Черки му го испи мозокот на Рудигер, а Валверде го снема од кадар

Манчестер Сити го доби Реал Мадрид на гости 1:2, а Рајан Черки ја освои тешката тврдина Сантијаго Бернабеу на свој начин. Погледнете ја оваа немоќ на Рудигер и Валверде.

Страшните голови на Мадуеке и Мартинели во Бриж

Арсенал обезбеди пласман во следната фаза од Лига на шампиони откако синоќа со 0-3 многу лесно се справи со Клуб Бриж. На гостувањето во Белгија два страшни погодоци дадоа Нони Мадуеке и Бразилецот Габриел Мартинели.

Дечки, не е таа химна од Лига на шампиони

Виљареал загуби дома од Копенхаген со 2:3 во 6. коло од Лига на шампиони, ама они изгледа мислеле дека во четврток играат и ја пуштија химната од Лига Европа.

Халанд, Гвардиола и Сити го освоија Мадрид

Родриго даде гол после 32 натпревари без погодок. Дваесет годишниот врвен талент на Сити и англиската репрезентација Нико О'Рејли израмни на 1-1, а Ерлинг Халанд од пенал ги постави конечните 1-2 за Манчестер Сити на „Сантијаго Бернабеу“. Сите три гола паднаа во прв дел. Јуве го совлада Пафос, Дортмунд одигра 2-2 против Бодо Глимт, а Елмас и Наполи изгубија од Бенфика.

Во шкотски паб ечи песна за Бојан

Дебитираше со гол во првенство за Глазгов Ренџерс на 5 октомври, па го немаше два месеци. Викендов даде два комада и толку требаше. Слушајте колку убаво звучи песничево.

Новинар на колото

Рафаел Ескриг има 31 година, тој е познат шпански новинар за гигантот ДАЗН и има свој Јутјуб канал. Ескриг добил акредитација да го следи натпреварот Каират Алмати - Олимпијакос во далечниот Казахстан. Температурите движеле од -17 до -21.

Роналдо не паѓаше, туку дробеше по тројца

Клип од неповторливата бразилска 9-ка за сите фудбалери манекени и глумци. Му одат двајца, од кои едниот три пати му влегува во нозе и го тегне за дрес. Чист фаул. Го издржува дуелот, ги надтрчува и потоа влегува во сендвич, шеба двајца и го решава голманот. Ете затоа го заслужи прекарот „Ил феномено“. Инаку ова му е еден од вкупно 47 гола за Барса на 49 настапи.

Нејмар се надева дека ќе игра на Светско со помош на „Доктор Чудо“

Со оглед на тоа што во февруари полни 34 години, често се повредува и сака многу да излегува, реални се шансите следниот Мундијал да биде последен за Нејмар. Ама и тој не му е сигурен.

Драги гледачи, стадионот во Бостон не е во Бостон и во Сан Франциско не е во Сан Франциско

ФИФА го рекламира Светското првенство 2026 на едноставен начин па навивачите можеби следното лето ќе ги чека непријатно изненадување. Прво, стадионите во Њујорк, Бостон, Далас и Сан Франциско не се во Њујорк, Бостон, Далас и Сан Франциско како што се мисли.

Сон го посети Тотенхем, Ришарлисон го потсети на нешто

Најдобриот фудбалер во историјата на Јужна Кореја, Сон Хонг Мин се врати меѓу своите омилени во Тотенхем каде неколку години беше капитен, најдобар играч и лидер. При поздравување со Ришарлисон, Бразилецот вика: „Еј, овој овде освои трофеј благодарение на мене“. „Не, поради Бренан“, вели Сони за финалето на Лига Европа против Манчестер Јунајтед (победа 1:0) кога Бренан Џонсон го постигна едниствениот гол.

Со рака му ја намести да ја забие, а овој го промаши цел гол

Во Арапскиот Куп вчера го имавме Тоти од Тему, а денес една акција со чудна завршница на мечот меѓу Бахреин и Судан. Едниот киксна со пасот, а за другиот што да се каже?

На 7 месеци пред Светското, Иран и Египет ги предупредуваат ЛГБТ заедницата и ФИФА

Дерман нема од дискусиите на тема ЛГБТ пред секој Мундијал. ФИФА и УЕФА пред секое Светско или Европско првенство последниве неколку години бараат од фудбалерите или само од капитените на репрезентациите да носат капитенска лента во боите на виножитото како некаков симбол на ЛГБТ заедницата. Некои го одбиваат тоа.

Тинејџерот на Баерн со нов рекорд испиша историја во ЛШ

Многу пресврти синоќа во Лига на шампиони. Меѓу нив и оној на Алијанц, каде Кимих во 54 минута си постигна автогол, а потоа Спортинг прими три. Еден од нив е на Карл за историја.