Фудбал

Фудбалер на Лидс ќе ви покаже како се држи топка

Еден го нападна од позади и го бутна, па го нападна втор, па трет. Но Џек Харисон им рече џабе се трудите, дома ќе ја носам.

Кај може Бебе да даде гол од далеку

На фудбалерот од Рајо Ваљекано, Тијаго Кореа, кој има малку необичен прекар „Бебе“ му направиле компилација на удари од последниот меч против Реал Сосиедад, со која не може никаде и никако да се прослави. Се гледа дека гори од желба да постигне гол за најавни шпици, ама прегоре од обиди.

Коментар на деценијата за германски судија

Феликс Брих некогаш беше меѓу првите десет најдобри судии во Европа но по низа погрешни проценки и слаби настапи, сега суди и во втората германска Бундеслига. Коментатор на Спортклуб, револтиран од претходни арбитражи на Брих, даде коментар за него.

Гол и асистенција на новиот избраник на Благоја Милевски

Македонската фудбалска репрезентација за 10 дена стартува со септемвриските натпревари од квалификациите за СП, а во пресрет на трите дуели имаме добра најава од новото засилување во напад.

Мурињо се врати и направи зафрканција на терен

Рома и Фиорентина одиграа луд меч во првото коло од Серија А. На „Олимпико“ во Рим „волчицата“ славеше 3-1, а на дуелот имаше два црвени картони (гостинскиот голман Дронговски во 17’ минута и Ѕаниоло во 52’ минута). Мурињо при водство на Рома низ нозе пропушти една топка пред Нико Гонзалес кој се изнасмеа на потегот на Жозе.

Како зглобот Тони?

Фудбалските викенди ретко поминуваат без некое смешно и нелогично промашување, а овој пат такво имаше во Португалија. Порто одигра 1:1 на гостувањето против Маритимо, а шпанскиот напаѓач Тони Мартинез не ни успеа да шутне на метро од гол.

Најчудна судиска реакција на сезоната се случи во Данска

Судија на меч од втората фудбалска лига на Данска меѓу Вендсисесел и Фредериција при еден напад гостите кои имаа шанса за гол, реши да не пушти предност после очигледен прекршок, досуди фаул, па во ист момент жив се изеде зошто не пуштил игра и направил грешка.

Вие ќе останете на аут линија, јас отидов

Со две победи од по 1:0, Нуно Еспирито Санто бележи убав старт во Тотенхем. Прво против Сити, а синоќа против Вулверхемптон од каде дојде. Внимавајте добро што им направи на двајца, крилото Стивен Бергвијн кој во јануари 2020-та пристигна од ПСВ.

Хаотични сцени во Ница, натпреварот заврши во 75-та минута

Фалеа навивачите и фудбалот без нив со месеци беше театар, ама нивното место е сепак на трибини, а не на терен. Ултрасите на Ница влегоа во клинч со фудбалерите на Марсеј и настана големата.

Винисиус го збуни голманот речиси од мртов агол

Леванте и Реал со спектакуларни 3:3 ја затворија неделната програма во Ла Лига. Барди влезе во 78-ма минута и веднаш центрираше од слободен удар по што падна гол за 3:2, но Винисиус Жуниор беше во елемент и два пати израмнуваше во вториот дел.

Супер гол на Елмас на отворање на Серија А

На стадионот „Диего Армандо Марадона“, Наполи иако со играч помалку уште од 23' минута по директниот црвен картон кој го доби шпицот Осимен, успеа во вториот дел да го скрши отпорот на Венеција. Капитенот Инсиње во 56' минута промаши пенал, но беше прецизен само шест минути подоцна исто од пенал. Елиф Елмас ја запечати победата во 73-та минута со сјаен гол на отворање на новата сезона во Серија А.

Моќен деби погодок на Депај за Барселона

По триумфот во првото коло против Реал Сосиедад од 4:2, Барса ремизираше во Билбао. Пике се повреди во прво, Ерик Гарсија доби црвен картон во 93-та минута, а големото холандско засилување од Лион распали со левица за конечни 1:1.

Гол од пенал кој не можеш да го сконташ на прва

Во Мексико беше изведен удар од 11 метри кој ако се случеше во некое финале во последна серија, притисокот 200. Личи дека ја промаши, а уствари е чист гол. Стрелец Нико Лопез од Тигрес кој не ја погоди мрежата, туку стативата, ама таа што е внатре.

Еден од загинатите од авионот во Кабул бил млад фудбалер

Во стравичните видеа кои стигнуваа од Авганистан се гледа дека при евакуација на оние кои сакаа да ја напуштат земјата, некои беспомошно се качуваа дури и на авионски крила и тркала па паѓаа од големи висини.

Има некој во Бразил што не може да жонглира до 100?

Со оглед на тоа што нашите клубови немаат квалитет ниту за пласман во Конференциска лига, а не па за Лига Европа и Лига на шампиони, да почнеме да увезуваме вакви бар за забава а?

Вратете го амблемот на Фенербахче, сакам да го бакнам

Топ тема на вечерта во квалификациите за ЛЕ беше Мухамед Гамускаја од Фенербахче. 20 годишниот играч од среден ред со еврогол го реши ХЈК Хелсинки за конечни 1:0, ама потоа се збуни при прославата на голот. 

Двајца играчи од иста се допреа и паднаа на земја

Базел синоќа славеше 3:1 против Хамарби од Шведска во квалификациите за Конференциската лига, ама овие двајца торковци воопшто не се прославија убаво. Каков е бре овој однос кон спортот? Синхронизирани и папетични глупаци.

Навивачите на Џенова до Пандев: Последниот меч да го одиграш дома пред полни трибини

И покрај тоа што целите кои ги постави ги исполни, а тоа се пласман со Македонија на ЕП и опстанок со Џенова, сепак Горан Пандев ја продолжи за уште една година неговата 20 годишна блескава кариера во италијанската елита.

Прв гол за Џани Алиоски во Саудиска Арабија

Деби настап и веднаш деби погодок за македонскиот репрезентативец кој летово одлучи кариерата од Лидс Јунајтед да ја продолжи во блискиот исток. Неговиот Ал Ахли ремизираше против Ал Хазем со 2:2, а Алиоски изведе пенал за чиста десетка.

Седна во пекара и потпиша договор за шестолигаш, а играше за Интер и Фиорентина

„Пораснав во предградие на Мадрид. Немаше ништо и беше тешко да се најде место за играње. Некои работи не се забораваат. Фудбалот е собир, социјализација и можност да бидеме и да растеме заедно“.

Првпат после 40 години играч премина од Рома во Лацио

На Шпанецот Педро, детето на Барселона кој направи врвна кариера па играше во Челси и освои еден куп трофеи каде и да играше, му се падна да биде запишан во историјата како прв фудбалер после скоро пола век кој направил трансфер меѓу двата вечни римски ривали.

Шоу во Копа Либертадорес и лудило од гол кој мора да отстои на најавни шпици

Атлетико Миниеро ја декласираше Ривер Плејт со 3:0 во реванш четвртфиналето од Копа Либертаторес. Натпреварот беше спектакуларен со три прекрасни голови од кои едниот е ремек дело кое се прави еднаш во кариера.

Оди во Хондурас нападни судија да те видам

Гангстерски сцени ни доаѓаат од фудбалски натпревар во Хондурас, каде главниот арбитар на каубојски начин се штитеше да не изеде ќотек. Домашните играчи и навивачи не биле задоволни од некоја негова одлука и му вршеле притисок, а во мешаницата на терен тој ги плашеше со истрели во земја.

Најлајкуваните три спортски фотки во историјата се на Меси

64,3 милиони лајкови заедно собрале: 1. Меси со пехарот од Копа Америка. 2. Меси со дресот на ПСЖ и 3. Меси со освоените пехари. Ова е рекорд не во фудбалот, туку во спортот.