Фудбал

Аман бе друже, толку беше?

По 20 години престој, заедно со младинскиот сектор, Трент Александар-Арнолд соопшти денеска дека на лето заминува од Ливерпул со образложение дека има потреба од нов предизвик. Следната дестинација најверојатно ќе му биде Реал Мадрид. Навивач на Ливерпул веќе се откажа од неговиот дрес.

Голема неизвесност и пеколно тежок распоред во битката за ЛШ во Серија А

Со две победи и едно реми против Џенова, Парма и Каљари, Наполи е шампион на Италија. Таму е јасна математиката. Во битката за четврто место, допрва ќе станува весело. Три екипи имаат ист број на бодови, а четвртата е на -1. Ситуацијата е хаотична.

15 години од првиот хет-трик на Роналдо во Ла Лига

За 9 години престој во Шпанија, Кристијано роналдо збрца 34 хет-трикови во Ла Лига. Меси има 36. Првиот му е на 5 мај 2010-та против Мајорка. Да се потсетиме.

ТАА со емотивно видео се прости од својот Ливерпул

Заменикот капитен и дете на Ливерпул, Трент Александар-Арнолд, еден од најзаслужните фудбалери за астрономските успеси на црвените во последниве години, снимил видео во кое им се обраќа на сите навивачи на новиот шампион на Англија. Тој им се заблагодарува и најавува дека заминува по крајот на сезоната, како што и претходно се зборуваше. Најверојатно по 30-ти јуни станува член на Реал Мадрид и тоа како слободен играч, без обештетување.

Едни вообичаени фудбалски муабети во селски лиги

Дефинитивно кој не бил на селски фудбал - не знае што е забава.

Мароканец од Ленс го постигна голот на месецот во Франција

Ленс го совлада Лион на гости со 1:2. Мечот го реши Анас Зарури со страшно голчиште за почит, чиста 10-ка и најавни шпици. Еден од најубавите ова коло во Европа.

Пипо Инзаги ја внесе Пиза во Серија А после 34 години!

Во италијанската втора лига Серија Б има уште две кола до крајот (едно плус едно заостанато да се доигра) но веќе се знаат патниците во највисок ранг, во елитната Серија А: тоа се Сасуоло (пласиран уште во април) и Пиза на Пипо Инзаги.

Најјакиот гол на Антони во дресот на Бетис и тоа за победа во 91-ва минута

Еден од најисмејуваните играчи на Манчестер Јунајтед, растура во дресот на Бетис. Овој човек едноставно е друг Антони од јануари па наваму. Има 7 гола и 4 асистенции. Погледнете го овој безобразно добар финиш на гостувањето против Еспањол за победа од 1:2 во финишот.

Капитенот на Фиорентина пушти солза во живо додека слушаше пофалби од Бергоми

Легендата на Интер и италијанскатата репрезентација рече дека го познава Лука Раниери уште од дете и дека е среќен за него, за капитенската лента, карактерот на терен и целиот фудбалски пат. Раниери со растреперен глас: Ти благодарам. Да се примат пофалби од тебе е голема работа. Се изгубив и се возбудив од пофалбите. Инаку Фиорентина загуби од Рома со 1:0, но сè уште е во игра за излез во Европа.

Како тревникот го сочува Реал Мадрид од губење титула?

Реал Мадрид водеше 3-0 против Селта Виго и на крај ќе направеше од готово вересија за малку. Со головите на Арда Ѓулер во 33-та минута и на Мбапе во 39-та и 48-ма минута „кралевите“ имаа огромна предност. Ама Селта Виго не се предаде и во рок од 7 минути даде два погодоци, во 69-та и 76-та минута за 3:2. Во финишот гостите имаа неверојатна шанса за 3:3 ама топката која го помина и голманот Куртоа, наеднаш сопре кај тревникот пред гол линија.

Пакета кој е обвинет за кладење, се расплака на терен за жолт картон

Најголемиот бразилски талент на времето, фудбалер кој играше за Милан и Лион а сега веќе неколку години е во Вест Хем, Лукас Пакета се расплакал веднаш откако главниот судија на мечот Тотенхем - Вест Хем (1:1) во Лондон му покажал жолт картон.

Радуј се Хари и треба да се радуваш

Еден од најдобрите светски центарфори, Хари Кејн конечно го скина „проклетството“ на неосвоен трофеј откако Баерн Минхен во неделата доцна попладне благодарение на ремито на Фрајбург со Баер Леверкузен и официјално математички е шампион на Германија!

Циркус во Премиер лига, судијата се повреди, Варди свирна прекин

Лестер го совлада Саутхемптон со 2:0 во 35. коло во Премиер лигата. Џејми Варди беше стрелец, а во еден момент и судија на мечот.

Алиоски и Ал Ахли прваци во азиската Лига на шампиони

Ал Ахли испиша историја и за прв пат успеа да го освои најелитното клупсо натпреварување на азискиот континент. Џани Алиоски стана трет Македонец со овој трофеј.

Јамал им направи „Где је лопта“ на тројца

Со головите на Рафиња и Лопез постигнати за 7 минути, Барселона славеше 1:2 со пресврт на гостувањето против Ваљадолид. Тројца не можеа да му ја земат на Јамал. Ги поремети.

Нов прекрасен гол на Лионел Меси

По слабите настапи во Шампионскиот Куп на КОНКАКАФ каде прими вкупно 5 гола во два меча и испадна од Ванкувер, Интер Мајами конечно им се врати на победите. Славеше 4-1 против Њујорк Ред Булс во 10. коло од МЛС лигата. Меси и Суарез дадоа по еден гол а Лео го постигна последниот на мечот во 67' минута. Убав гол.

Вар на денот, македонска четврта лига

Ама не мислиме на ВАР системот, туку на тој другиот вар, македонскиот. Не може да има појак од овој.

Барса веќе мисли и на наследник на Јамал

Што школа ќе беше Ла Масија? Расадник на таленти поставен со здрави темели уште од времето. Не живеат тие од денес за утре. Како што еден ден заврши ерата на Меси, така ќе биде и со Јамал, па мора да има и следен. Погледнете го малиов.

Роналдо почна сам да си прави муабет

Ал-Наср не успеа да го мине полуфиналето во Азиската Лига на шампиони. Елиминиран е од Кавасаки со 3:2. Камерите по мечот фатија чуден момент. Кристијано Роналдо сам со себе си го објаснуваше поразот.

Блиц прашања за Пандев на тема Интер

Гол Италија ја начека нашата легенда на Меаца и почна со прашања кои се однесуваат на Интер 2010 и Интер 2025. Горан даде логични одговори.

Комшија си ми влегол во дворот

Париз доби уште еден прволигаш во француската Лига 1 откако ФК Париз чии сопственици е најбогатото европско семејство Арно кое ја држи империјата Луј Витон се пласираше од втора во прва лига. Интересно е што сега ќе има градско дерби ПСЖ - Париз. Интересно, ФК Париз од скоро го изнајмил на долги години стадионот „Жан Буен“ кој е на само неколку метри и една улица од прекрасниот „Парк на Принцови“ на ПСЖ.

Манчестер Јунајтед во Премиер лига vs Манчестер Јунајтед во Лига Европа

Многу чудна сезона игра Манчестер под водство на Аморим. Можеа да испаднат од лига ако продолженија така, а сега се блиску до европски трофеј и пласман во Лига на шампиони.

Магијата на Турам против Барселона - најбрз гол во историја на полуфинале на ЛШ

Во најдобриот фудбалски натпревар сезонава во Европа, Барселона и Интер ремизираа 3:3 на „Олимпискиот стадион“ на Монжуик. Италијанскиот тим прв дојде во водство уште во 30' секунда по сјајниот потег на Французинот Маркус Турам кој со пета го матираше Шчесни.

Мурињо за емотивната разделба со Интер

Непосакуваниот збогум од страна на двете страни се случи на 22 мај 2010-та и тоа веднаш по финалето на Сантијаго Бернабеу против Баерн, кое Интер и Пандев го добија со 2:0. Жозе практично останал во Мадрид за да потпише, бидејќи вели дека ако се врател во Милано да слави, таму и ќе останел.