Фудбал

Баерн за четири минути ја скроти Барселона, а Леверкузен за две минути Атлетико

Второто коло во Лига на шампиони беше вечер на голови во кратки интервали. Баерн, Баер Леверкузен и Спортинг Лисабон буквално во 3 до 4 минути ги решија своите ривали со по два гола. Клуб Бриж направи големо изненадување откако со 0-4 го растури Порто на гости.

Дај да пафнеме, поопуштено судам така

Ние ви должиме инфо за утакмицава на кој жив е фатен судијава во офсајд, а тој по некој дим на помошниците. И тие се судии, стегнати ли да судат?

Искрена исповед на Франческо Тоти: „Скршен сум, ме држат моите романисти“

Легендата на светскиот фудбал, 10-ка каква веќе нема во модерниот фудбал, некое време е на насловните страни во многу медиуми од нефудбалски причини. Сите пишуваат детали за неговиот растурен брак со познатата тв ѕвезда Илари Блази со која имаат три деца.

Неверојатни ножички за еврогол во полска лига

Во 9. коло од полската Екстракласа, Јагелонија со 4-0 го доби Стал. По два гола дадоа Хесус Имаз и Марк Гуал а првиот постигна неверојатен погодок со ножички. Гол на месецот во Полска.

Диего Коста со волци претставен во Вулвс: „Се преплашив“

Бразилецот кој настапуваше за репрезентацијата на Шпанија и помина еден куп разни клубови ширум Европа сега како ветеран доаѓа во Вулвехремптон како замена за повредениот прв шпиц Саша Калајџиќ. Коста на промоцијата се претстави со волци со ланци.

Кај му влезе како крамањонец со две нозе, па уште се прави како ништо да не било

Мец и Генгамп одиграа необичен меч во француската втора лига кој заврши 3:6 и тоа после водство на домаќините од 3:1 по само 16 минути игра. Мец доби три црвени картони, а Генгамп два пенали. Еден од црвените е за овој нечовечен лизгачки старт.

Голчиште и асистенција на Дибала со неприкосновената левица

Рома доби светска класа на напаѓач кој со два потези решава натпревар. На гостувањето против Емполи каде славеа со 1:2, Пауло Дибала постигна еврогол кој не се брани, а потоа му ја даде на Абрахам на тацна за победа.

Фантастични соло мајстории на Родриго и Валверде

Актуелниот шампион на Шпанија има перфектен старт со 5 од 5 во Ла Лига. Синоќа ја декласираа Мајорка со 4:1, а за атракција се погрижија Родриго кој ја изора одбрана како нива, како и Валверде кој ги изненади гостите со трк од своја половина, а потоа ја испали неодбранливо.

Вриштењето на Спалети кон Елмас кое се слушна во пренос

Со голот на Распадори во 89-та минута, Наполи викендов ја совлада Специја со 1:0. Лучано Спалети конечно го стави Елмас во прв тим, а во еден момент се оштети од викање Елииииииииф.

Голот на Милик е регуларен, ВАР го заборави Кандрева

Во 12 минутното судиско продолжение на мечот Јувентус - Салернитана најголемата драма се случи поради голот за 3:2, коj според тврдењата на Скај Спорт не требало да биде поништен.

Судиското надополнување на Јуве од 12 минути лудило

Јувентус има слаб старт во Серија А со само 10 освоени бодови од можни 18. Синоќа одигра четврти нерешен натпревар и тоа против Салернитана од која губеше 0:2, а до бод стигна во 93-та минута. Финишот беше тешка драмолетка.

Надреална фудбалска сцена од 6 секунди

Само што помисливме дека Чичарито го достигна врвот, го победи еден краљ од пониските лиги. Со овој не може никој да се такмичи. Ја затвори рубриката во глумење на фудбал. Крај.

Пацерот на годината ни доаѓа од Хондурас

Мечот меѓу Олимпија од Хондурас и Диријанжен од Никарагва во рамките на четвртфиналето од Конкакаф лигата, ни го носи промашување на годината. Па ова со кук да пробаше ќе го дадеше.

Африканците од Црвена Звезда се срчкаа меѓу себе на полувреме

Црвена Звезда со пораз дома од Монако од 0:1 ги стартуваше натпреварите од групната фаза во ЛЕ. На полувреме камерија уловија тензија и турканици меѓу Канга и Букари, кои потоа се смириле.

Симеоне на сред интервју за радуваше за татко му кој победи во 101-ва минута

Наполитанците синоќа го испратија Ливерпул дома со дебакл од 4:1. Деби гол во ЛШ постигна Џовани Симеоне, кој му бил сон уште од дете, а додека даваше изјава не можеше да ја додржи радоста за победата на Атлетико Мадрид во 101-ва минута против Порто.

Историско достигнување на Левандовски во Лига на шампиони

Не се вртат сите рекорди во ЛШ околу Роналдо и Меси, бидејќи на планетава игра незапирлива гол машина по име Роберт Левандовски, кој веќе има 8 гола на 5 меча за Барса. Со синоќешните три испиша историја.

Баварците ја збудалеа на прва статичната одбрана на Интер

Баерн Минхен уште во прво коло на гостувањето во Милано ја покажа силата во групата на смртта во ЛШ. Го совладаа Интер со 0:2, а за вториот гол Сане и Коман си поигруваа со дефанзивците, за на крај Д’Амброзио сам да си ја збрца во гол.

Драмата во Мадрид каде головите паднаа во 91-ва, 96-та и 101-ва минута

Единствениот натпревар на кој вечерва во ЛШ мируваа мрежите 90 минути, беше оној меѓу Атлетико Мадрид и Порто. На крајот заврши 2:1 со три комада во долгото судиско продолжение. Јунак Антоан Гризман.

Дебакл на Ливерпул во Неапол, Баерн го освои Сан Сиро

По Адеми и Ристовски и третиот македонски претставник во ЛШ, Елиф Елмас (влезе во 74-та) се радуваше на голема победа против англиски гигант и поранешен европски првак. Барса пукна петарда, а Левандовски блесна со хет-трик. Атлетико победи со гол во 101-ва минута.

Историскиот подвиг на Динамо Загреб против лондончани

Модрите синоќа не само што стартуваа со 3 бода против големиот фаворит Челси и го оштетија Тухел, кој денеска беше отпуштен, туку направија и еден интересен успех на кој до сега не му успеало на ниту еден друг клуб на меѓународна сцена.

Тоа е, уморен сум

Хаун Куадрадо против ПСЖ во ситуација кога имаше игра еден на еден, четворица во шеснаесетник и ред други порационални решенија.

Што е со лобот на Бенфика?

За гол број 1 на првите 8 средби во ЛШ го прогласуваме оној на Алекс Грималдо кој на мечот против Макаби Хаифа распали со нереален лоб удар, за кој џабе е било кој да брани.

Цел Селтик парк му аплаудираше на Модриќ

Сезоната речиси уште непочната, а Лука е испочитуван веќе на три гостувања. По аплаузите на навивачите на Алмерија и Селта, Standing ovation за хрватскиот гениј со топка имаше и во шкотскиот храм на фудбалот од страна на навивачите на Селтик. Модриќ кој во петок полни 37 години беше заменет во 80-та минута.

Аријан Адеми стана прв македонски фудбалер со МВП признание во Лига на шампиони

Дарко Панчев и Илија Најдоски се првите нашинци кои го освоија најелитното клупско европско натпреварување во стариот формат, а Горан Пандев во новиот. Но никогаш до сега сме немале наш човек, МВП.