Младиот бисер на Барса и фудбалската репрезентација на Шпанија, Гави, реши да ги одбие сите понуди за него и да го продолжи договорот со својата Барселона. На коктелот по повод новиот договор, една девојка се фотографираше со Гави и на ливче му остави нешто. Некои би рекле бројче.
Украинскиот гигант и повеќекратен шампион на оваа земја, Шахтјор Доњецк, во средата освои драгоцен бод на мечот против шкотски Селтик, одигран илјаднници километри далеку од нивниот дом, во Полска.
Бетис и Лудогорец одиграа прекрасен дуел во Лига Европа. Домаќините славеа 3-2, бугарскиот претставник одигра добар натпревар а момент на мечот беше голчиштето на ветеранот Хоакин кој со 41 година стана највозрасниот стрелец во историјата на Куп Уефа/Лига Европа.
Турски Башакшехир ја згроми Фиорентина со 3:0 во рамки од Лига Конференции. Најслаба карика кај гостите беше голманот Пјерлуиџи Голини кој беше директен кривец за еден од головите.
Кристијано Роналдо против Шериф Тираспол го постигна првиот гол сезонава, кој инаку му е деби погодок во Лига Европа каде настапува за прв пат во кариерата. На полувреме му пријде девојка од лекарскиот тим на домаќините која се спремаше со телефонот за фотка, ама и удри корпа.
Голманот на Вејмут, англиски фудбалски клуб од шеста лига, Рајан Сандфорд на мечот меѓу неговиот тим и клубот Бат бранеше нешто што не може да се изведе ниту на Сони Плејстејшн.
Во 70-та минута во ситуација кога Јуве губи 1:2 од Бенфика, Макс Алегри одлучи да извади напаѓач и тоа стрелецот на голот Милик и да го стави 21 годишниот Николо Фаџоли од среден ред кој патем нема заиграно во ЛШ. Камерите го уловија Ди Марија како се чуди поради измената, а одлуката на Алегри е топ тема во италијанскиот печат. Јувентус никогаш во историјата не стартувал во Лига на шампиони со два порази.
Триото на ПСЖ со по еден гол стрелаше на гостувањето против Макаби Хаифа со 1:3. Резултатот го затвори Нејмар во 88-ма минута, ама пак се истакна со неговата специфична прослава на гол која ја форсира сезонава. Секој противнички навивач ќе помисли дека со ваквиот гест сака да ги исмејува, па целата работи заврши со ВАР и жолт картон.
Не е секој ден велигден да го гледаш Лео Меси како поминува покрај тебе. Во Израел имаа среќа на ждрепката да им се падне ПСЖ, а со тоа и да го допрат еден од најдобрите на сите времиња.
Со мајсторијата на Халанд, Манчестер Сити со пресврт ја доби Борусија Дортмунд, а Пеп Гвардиола имаше забелешки кон судијата Орсато. Си има свои смешни моменти шпанскиот стратег од кои може да се направи многу богата компилација.
Фудбалерите на Манчестер Сити само 10 минути ги делеа од пораз дома од Борусија Дортмунд. Но за 4 минути со два атрактивни гола го свртеа мечот за конечни 2:1. Внимавајте добро на комбинацијата Кансело - Халанд. Внатрешен фелш, па кунг фу потег. Халанд очекувано не се радуваше.
По првите 45 минути со само бедни четири гола на седум средби, стрелците во ЛШ се разбудија во второто полувреме. Манчестер Сити со пресврт ја доби Борусија, а од фаворитите триумфираа и Реал и ПСЖ. Јувентус по две кола останува на 0 бодови.
Гостувањето на Сан Сиро беше преголем залак за Динамо Загреб да направи уште една сензација во ЛШ после триумфот дома против Челси. Милан беше подобар со 3:1. Атрактивно додавање на Петковиќ до Оршиќ кој погоди за 2:1. Јубилеј за Аријан Адеми кој е рекордер во историјата на Динамо со 100 настапи во Европа.
По сензацијата дома против Челси во првото коло од ЛШ, Динамо Загреб вечерва со почеток од 18:45 му гостува на Милан. Аријан Адеми и Стефан Ристовски на Сан Сиро ќе имаат поддршка од Гранде Пандев. Поранешниот капитен на Македонија го пречека својот другар со кој го славеа најголемиот успех на македонската репрезентација, а овој дојде спремен со подарок.
Само неколку дена по судискиот гаф во Серија А кој го обиколи светот и доведе некои федерации да забрзаат со воведување на полуавтоматски офсајд, сериозна грешка падна и во Лига на шампиони.
Осман Дембеле важи за еден од најбрзите фудбалери на денешницата. И не само, туку се работи и за заебан дриблер. Тоа добро го знае и неговиот сонародник Бенџамин Павард, кој остана закован со две нозе и се откажа од дуелот.
Барселона синоќа ги имаше најзрелите шанси на Алијанц арена, но победата оди кај Баерн. Двете најсериозни прилики од неколкуте се на Левандовски и Педри, особено онаа на 19 годишникот кој не смееше да пропушти ваква прилика еден на еден со голман.
Повеќе од шеесет илјади гледачи на Алијанц Арена во Минхен вечерва ја пречекаа клупската легенда Роберт Левандовски на прекрасен начин, со громогласни аплаузи и скандирања. Полјакот влезе во историјата на Баерн како еден од најдобрите стрелци пред летово да замине во Барселона каде продолжи да решета.
Второто коло во Лига на шампиони беше вечер на голови во кратки интервали. Баерн, Баер Леверкузен и Спортинг Лисабон буквално во 3 до 4 минути ги решија своите ривали со по два гола. Клуб Бриж направи големо изненадување откако со 0-4 го растури Порто на гости.