Фудбал

15 годишникот на Милан ги частеше играчите колачи за дебито, каков е планот понатаму?

Уште на првиот тренинг после првиот меч за Милан, татко му и мајка му го однеле Франческо во базата да почасти за честа што заиграл на Сан Сиро толку млад. Следно коло ќе има можност да брка друг рекорд.

Фудбалер на Унион Берлин со силна кандидатура за глума на сезоната

Театарската претстава ја приреди Французинот Лукас Тусарт на мечот меѓу Брага и Унион Берлин, за која доби награда од судијата, картон во жолта боја.

Два карамбола пред головите на Галатасарај и Манчестер

Во Истанбул имаше од сè по нешто. Голчиште на Фернандеш, два гола од слободен удар на Зиеш после два кикса на Онана и две големи мешаници на двете страни по кои лесно можеше да биде и 4:4.

Елмас со Наполи загуби на Бернабеу, но со една нога е во осминафинале

Македонскиот репрезентативец, како и против Аталанта, доби половина час против Реал Мадрид кој славеше дома со 4:2. Деби гол на 19 годишниот Нико Паз. На четири меча вечерва паднаа по 6 гола, а две средби завршија без голови. И по вечерашните средби од 5. коло во ЛШ останаа уште две слободни места за осминафинале. На Елмас во последно коло доволно му е реми дома со Брага за пласман во нокаут фаза.

ПСВ со луд пресврт ја исфрли Севиља од ЛШ, два слободни удари на Зиеш, два кикса на Онана

Два меча, две драми со вкупно 11 гола на првите две средби во ЛШ во терминот од 18:45. Севиља имаше 2:0 над ПСВ до 68 минута, но на крај загуби и остана без осминафинале со гол во 92-ра минута. Манчестер Јунатед водеше 0:2 и 1:3 во Истанбул и пак не успеа да победи. Онана повторно ги разочара навивачите на Јунајтед со две нови млитави реакции при слободен удар.

Големото промашување на Мбапе и ножичките за во канта

На Килијан Мбапе не му одеше против Њукасл и доби поклон пенал со кој извади 1:1 пред своите навивачи во 98-ма минута. Во вториот дел го промаши цел гол од блиску, а потоа се обиде да го глуми Гарначо и се посрамоти.

Најголемата голманска глупост на годината се случи во Англија

Паралелно со ЛШ, синоќа се играа натпревари и во Лига 1, каде срамот го изеде голманот Макс Стријек. Пољакот веројатно во обид да изглуми фаул, се избламира за сите пари и прими гол за победа на Барнсли против Викомб од 1:0 и тоа во 91-ва минута.

Што е со пасов на Кансело?

Нема секој играч привилегија да каже дека последните пет клубови во кариерата му се викаат Интер, Јувентус, Манчестер Сити, Баерн Минхен и Барселона. Португалецот во моментов сигурни важи за еден од најдобрите бекови во светот. Синоќа Барса ја однесе во осминафинале со гол и асистенција, а го има и додавање на колото и месецот. Што фелш ќе беше ова мајсторе?

Хермосо мајсторе не се гледа ваков гол во ЛШ секое коло

Со триумф од 1:3 над Феенорд, фудбалерите на Атлетико Мадрид заедно со Лацио се осминафиналисти од групата Е. Од синоќешните 23 погодоци на 8 средби, голчиштето број 1 го има Марио Хермосо.

Зошто ПСЖ не требаше да го добие пеналот и покрај играњето со рака?

Главниот арбитар ги измеша брзините со одлуката да им свирне пенал на Парижаните, а тоа е поради едно правило, општо познато меѓу сите што пратат фудбал.

Борусија го освои Сан Сиро и завери осминафинале, ПСЖ се спаси со пенал во 98-ма минута

Шест од осум места веќе се пополнија во нокаут фазата од ЛШ, откако се одиграа првите средби од претпоследното коло во групната фаза. Осминафиналисти се Атлетико Мадрид, Лацио, Борусија Дортмунд, Манчестер Сити, Лајпциг и Барселона. Црвена Ѕвезда и Селтик вечерва ги загубија шансите и за Лига Европа.

Дете од Радовиш скокна на терен за да се слика со ѕвездите на Јувентус

Страста за најтрофејниот италијански клуб нема граници и кај нашите навивачи. 15 годишниот Наце Васев има многу за фалење кај другарите.

Копачките со кои го постигна евроголот, Гарначо му ги подари на дете за роденден

Алехандро Гарначо на само 19 години покажа како се изведува велемајсторија со ножички какви што ретко се гледаат, но и покажа дека знае како да израдува дете до солзи. Малиов за роденден ги доби копачките со кои фудбалерот на Манчестер Јунајтед го даде голот кој може да му ја одбележи кариерата и тоа лично од него. Каков гест.

Роналдо падна во шеснаесетник и му мавташе на судијата да не свири пенал

После сите нервози, плачки и кавги со судии, Кристијано Роналдо конечно со саглам потег во Саудиска Арабија, кој може да им се служи како пример на глумците. На мечот против Персеполис од Иран во азиската ЛШ, Роналдо доби непостоечки пенал откако никој не го допре, но веднаш го корегираше судијата дека немало елементи за удар од 11 метри.

Како Летонци ја штелуваа за кладилница кец у два и 7+?

Има видео од резилот по кој едниот клуб одлучил да се повлече од лига и тоа го прават многу аматерски. Можеле барем да прашаат поискусни како оди тоа. Постојат и такви.

Само Мурињо може да го направи ова при радост за гол

Рома како фаворит славеше дома 3:1 против Удинезе. Третиот гол го постигна Ел Шарави во 90-та минута, а Жозе се радуваше како е ова некое финале. Следете го на видеото, фати да гушка едно од децата кое собира топки.

Еден јак ретро потег на Алекс Дел Пјеро

Јувентус и Интер е големо дерби на Италија кое тежи 55 Скудета. Синоќа заврши 1:1 со головите на Душан Влаховиќ и Лаутаро Мартинез. Секогаш има кошкања меѓу нивните навивачи на социјалните мрежи, кои може да се забележат и меѓу македонските навивачи на овие две екипи. Еден се наврати на нивен дуел од 2006-та, кога легендарниот Дел Пјеро го реши со прекрасен слободен удар.

Серхио Рамос еден и единствен, со црвен картон број 29 во кариерата

Секоја чест за блескавата и трофејна кариера во Реал Мадрид и Шпанија, ама овој човек ја губи реалноста откако ќе се обиде да оправда фаул, кој обично му е груб и дрзок.

Кога син ти на 15 години ќе го видиш како дебитира во Серија А во дрес на Милан

Во италијанскиот фудбал викендов се случи историски момент. Дете со 15 години, 8 месеци и 22 дена стана најмлад во историјата кој заиграл во Серија А. Клип правеше од атмосферата, кога стапна на Сан Сиро.

Кулушевски утна зицер и пцуеше на македонски

Тотенхем киксираше дома со Астон Вила 1:2, а прв поведе. Најголемата шанса на мечот ја пропушти Дејан Кулушевски уште на самиот старт, кој ја погоди стативата, а потоа фати да пцуе на македонски.

Лудорија од еврогол на Гудисон Парк, кандидат за гол на сезоната во Премиер лига

Се сеќавате ли на неверојатните ножички на Вејн Руни на дербито меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити во 2011 година? Ги повтори Алехандро Гарначо на само 19 години на гостувањето против Евертон, кое Јунајтед го доби со 0:3. Уживајте во ремек делото.

Бојан Миовски е незапирлив и за Глазгов Ренџерс

Абердин има изненадувачки 1:0 против фаворитот Глазгов Ренџерс по првите 45 минути во шкотскиот шампионат. Домашните навивачи ги фрли во делириум Миовски со гол во 11 минута, негов петти во првенство и 11-ти на сите натпреварувања. Абердин е 9-ти на табела, а 55 кратниот првак на Шкотска е втор.

Варди се посрамоти пред гол и сам си удри бокс

Комична ситуација во Чемпионшип на мечот Лестер - Вотфорд. Првата ѕвезда кај домаќините, Џејми Варди, до толку не можеше да си прости за една утка пред гол, што сам зема да се казни. Инаку мечот заврши 2:0, а двата гола ги даде токму Варди.