Фудбал

Културни селфија со Меси во Мајами

Една од причините како што кажа Меси за селидба во Мајами од Европа му беше тоа што ќе има послободен живот, комотно ќе може да прошета по улица, до маркет, до ресторан а да не му рипнат за автограми и фотографии. Во родната Аргентина веднаш се собираат илјадници пред локалот каде што ќе отиде а исто е и во Европа. Очигледно мате си пие на раат само во САД.

Михајловиќ за родителите кои си ги лечат комплексите преку децата

Човекот кој замина прерано на само 53 години, овој месец лани и кој ја освои Италија со многу нешта, знаеше да држи лекции, ама не само фудбалски. Важеше секогаш за директен на повеќе теми. Сите три сина му се откажале од фудбал поради споредби со татко им.

Ти ќе го зезаш Гатузо

Четириесет и пет годишниот Џенаро Гатузо од крајот на септември е тренер на Олимпик Марсеј. Досега Гатузо има 6 победи, 3 порази, 3 нерешени и го продолжи ритамот на екипата која игра топло-ладно цела сезона. Ама макар малку ја подобрил атмосферата меѓу играчите. Доказ за тоа е и е зафрканцијата со младиот Мароканец Азедин Унахи кој беше резерва на клупата на мечот со Лион.

Раде за Пикси: „Како не ме познава, а љубовниците во Дојран“?

Раде Богдановиќ е омилен лик на јавноста во Србија и во Македонија, затоа што зборува без воздржување, отворено, искрено и чесно. Точно погаѓа во центар и поради тоа е контроверзен.

Добро, кој ве учи вака да глумите?

Доминик Шобошлаи, еден од двајцата стрелци на гостинската победа на Ливерпул над Шефилд Јунајтед се појави и на ѕидот на срамот.

Сантос во втора лига за прв пат во 111 години историја, во градот како да има војна

Неверојатни сцени доаѓаат од Јужна Америка, каде еден од најпознатите и најславни бразилски клубови за прв пат ќе игра во втора лига. Навивачите не можат да се соочат во вистината и го запалија градот.

Бруно Фернандеш ли е ова или Малдини?

Со двата гола на Мектоминеј, Манчестер Јунајтед го доби дербито против Челси со 2:1. Издвојуваме еден потег на Бруно во одбрана, во стилот на врвните дефанзивци, јако надмудрување на Ентони во дуел со Тијаго Силва, како и ножички на Гарначо, овој пат за во канта.

Оде пиво, ама оде и леѓа

Од селски фудбал нема појаки сцени. Уникатни се. За двете штети, царов им бара 5 марки.

Раде Богдановиќ: „Пикси има плата од 120.000 евра месечно“

Голема прашина се крена во српскиот фудбал откако легендарниот Немања Видиќ даде интервју за НИН. Некогашниот капитен на славниот Манчестер Јунајтед се обиде да стане прв човек на српскиот фудбалски сојуз но разни мешетари не му дозволија. Видиќ во интервјуто откри дека селекторот Драган Стојковиќ - Пикси и неговиот стручен штаб за речиси 2 години добиле околу 16 милиони евра што е вртоглава сума за овдешните услови.

И од пола терен ако треба

Во втората француска Лига 2, Париз со 2-0 го победил Родез. Двата погодоци ги дал Пјер-Иве Хамел. Првиот во првите секунди од мечот, а вториот во 23’ минута. Погледнете каков е вториот погодок.

Стадион на денот

По норвешката снежна бајка од Тромзо на крајниот север, одиме до Шкотска на стадионот на фудбалскиот клуб Дамбартон од истоимениот град. Стадионот собира 2.020 гледачи, екипата игра сезонава во четврта лига во Шкотска. На 20 јануари следната година ќе играат против Ренџерс во 4. коло од шкотскиот Куп.

И Севиља ќе гради нов, ултра модерен стадион

Откако Реал Мадрид изведе неверојатна реконструкција на храмот на фудбалот „Сантијаго Бернабеу“ а Барса во моментов го реновира „Камп Ноу“ на големо, за нов стадион се реши Севиља. Трофејниот клуб од Андалузија планира во целост да го урне сегашниот стадион „Рамон Санчез Писхуан“и да изгради нов на негово место.

Јан Рајт тотално одлепи на голот на Арсенал во 97-ма минута

Со голот на Деклан Рајс во последните мигови од средбата, Арсенал славеше против Лутон на гости со 3:4 и остана лидер на табела. Погледнете ја реакцијата на вториот стрелец во историјата на англискиот тим, која не знаеме како да ја опишеме.

Приказната за буцкото Аилтон кој го направи Вердер Бремен шампион на Германија

Легендарниот Бразилец кој по конституција и градба личеше на сè освен на врвен голгетер и неверојатен стрелец, беше најзаслужен што просечниот клуб Вердер од Бремен стана сензационален шампион на Германија а тој прв стрелец во Бундеслига.

Грчките фудбалски судии решија да не судат и да бојкотираат

Фудбалските арбитри и делегати од Грција, во вторникот во заедничко соопштение изјавиле дека нема да судат ниту делегираат ниту еден меч од најдобрата грчка Суперлига почнувајќи од следниов викенд, во знак на протест што работат во неиздржливо опасни услови.

Осум прашања, осум одлични одговори на Гризман

Искусниот француски напаѓач Антоан Гризман, се покажа доста спремен и рационален во одговорите на неколку прашања, кои сигурно не е лесно да ти дојдат вака на прва.

Диего Коста на денот

Не созреа овој човек во паметот и многу пати знаел да ја изгуби контролата и со играчи и со судии. 35 годишниот Диего Коста летоска направи трансфер од Вулверхемптон во Ботафого и фати да му ги држи рацете на судијата за да не му го додели жолтиот картон кој му падна на земја.

Кога шеикот ќе ти каже дека ќе игра кешот за победата над Ал Наср и Роналдо

Ал Хилал каде се здружија Митровиќ, Милинковиќ, Нејмар, Кулибали и Рубен Невес се лидери на табела пред второпласираниот Ал Наср, кого го декласираа со 3:0. Шеикот им влегол во соблекувална за да ги извести дека ќе има парични награди за одличната партија.

Рене Игита - најлудиот легендарен голман кој се дружел со Пабло Ескобар

Колумбискиот голман важеше за еден од поексцентричните фудбалери какви што фудбалот ретко видел. Тој често излегуваше далеку од својот гол, дриблаше, започнуваше напади, ризикуваше, шутираше слободни удари. Автор е на култниот удар скорпион против Англија на „Вембли“.

Судија во Холандија не го употреби свирчето цело прво полувреме

Чудна вест ни доаѓа од холандскиот прволигашки фудбал, од мечот РКЦ - Ексцелзиор на кој во првите 45 минути не се слушнало ниту еднаш свирчето на судијата. Мислењето на навивачите е поделено. Едни велат дека се работи за врвен судија кој добро што остава течна игра со физички контакти, други сметаат е кловн и дека ова го прави за внимание.

Емотивниот Луис Суарез: „Не можам да станам од кревет, пијам по три апчиња пред меч“

После последниот домашен меч во дресот на Гремио, легендарниот Луис Суарез имаше емотивно збогување со илјадници навивачи на овој бразилски клуб за кого одигра неверојатно и е трет стрелец во лигата со дури 15 гола и 11 асистенции. Сега се исповедал околу својата физичка состојба.

Вест Хем дава 25.000 фунти за информација која ќе открие крадци на домот на Зума

Лондонскиот премиерлигаш Вест Хем реши јавно да понуди 25.000 фунти награда за информација која што ќе доведе до откривање и приведување на крадците од домот на нивниот фудбалер Курт Зума.

Најмалку едно финале на Лига на шампиони ќе се игра во далечниот Абу Даби

УЕФА потпишала договор вреден 2,4 милијарди евра со Владата на Обединети Арапски Емирати (ОАЕ) а оваа соработка е како еден вид борба на УЕФА против идејата за Суперлига.

Вртиш на Арена разни фудбали и на крај стигаш до македонска лига

Читател ни прати видео по кое нејќете да споредувате. Свртел со даљинското Конференциска лига, руско првенство, шпанска прва и втора лига и на крај стигнал до нашиот кутар фудбал како во некое сивило со никаков терен во кал и земја, а од страна огради и обид за трибина со 17 души.