Фудбал

Цело Перу се држи за глава поради лобов

Спортинг Кристал од Перу го декласираше Национал со 5:1 во Копа Либертадорес. Погледне го потегов на извесен Лора. Па ова е магија од гол.

Жозе збесна, урлаше на судии па го исклучија

Рома кашла на патот до место кое води во Лига на шампиони и голема е веројатноста да не го искористи моментумот кога Јувентус бодовно е казнет од италијанската фудбалска федерација. Римската волчица синоќа загуби 2-1 од давеникот Кремонезе кој неодамна сензационално ги исфрли и од Купот на Италија. Жозе Мурињо доби црвен картон, трет сезонава, за расправија со судиите.

Тренерот на Торино стави играч во 60-та, па го извади во 74-та минута

Хрватскиот тренер Ивица Јуриќ врши пристојна работа со Торино кој е стабилен на средина на табелата. На големото градско дерби со Јувентус синоќа, „биковите“ на два пати водеа (0:1 и 1:2) на радост на своите навивачи, но на крајот „Старата дама“ направи пресврт и славеше убедливо 4:2. Мечот го одбележи неубава епизода меѓу тренерот на Торо Јуриќ и српскиот репрезентативец Немања Радоњиќ кој влезе во игра во 61’ минута а го извади во 75-та.

Мбапе откри во кој тим во Италија би играл

Младиот Французин кој во понеделникот вечер беше избран за втор најдобар играч на светот за минатата година, зад новиот светски шампион Лионел Меси, во еден неформален муабет на свечената церемонија во Париз, на прашање за кого би играл во Италија, одговара:

Простачки испад на тренерот на Аталанта после поразот од Милан

Навивачи на Милан го начекале Џан Пјеро Гасперини во сообраќај и фатиле да го закачаат. Овој место да ги игнорира, го отвори прозорот и ги гаѓаше со сендвич.

А видовте ли ако изгледа во Неапол тортата по име Осимен?

Значи нема поголеми фанатици за фудбал во Италија од Наполитанците. Двајца браќа држат слаткарница и се среќаваат со Виктор Осимен за да му подарат торта која ја крстиле по него. Остај друго, него и бизнис прават со помош на хитот во Серија А.

Се знае реклама кога треба да оди

За време на еден натпревар меѓу Коринтијанс и Гоијас од најдобрата бразилска лига Паулиста, шпицот на домашните Рожер Гуедеш изведе многу смешен шут па топката заврши дури во аут на сосема друга страна. Веднаш после овој обид на кајронот се појавила реклама за наочари од бразилскиот Амазон со прашање: „Треба да го подобриш видот?“

Давид Алаба им објасни културно за Меси и Бензема

Освојувачот на Мундијалот во Катар, Лео Меси, очекувано и заслужено е играч на годината според ФИФА. Фудбалер на Реал Мадрид гласал за него. Навивачите непотребно драмат.

Македонски репрезентативец со Роналдо во тимот на колото во Саудиска Арабија

Александар Трајковски го постигна единствениот гол за неговиот тим Ал Феиха на гостувањето кај Ал Тавун во меч кој заврши 1-1. Трајковски бил прецизен во 31’ минута од средбата а тоа е негов втор гол сезонава во луксузната саудиска Про Лига.

Храбриот Полјак без една нога кој ја доби наградата „Ференц Пушкаш“ за најубав гол

Полјакот Марчин Олекси заслужено беше една од најголемите ѕвезди на синоќешната манифестација The Best на која ФИФА додели неколку награди за најуспешните од минатата година.

Боливиски анти фер плеј при изведување пенал

Чудни фудбалски ликови ни се појавуваат утрово на интернет. Голман во индонезиската лига смета дека може да брани со раце на цел терен, а пак во прволигашкиот фудбал во Боливија некои мислат дека можат да им прават друштво на пеналџиите. Бесрамниот потег му успеа во продолженијата и неговиот тим успеа да стигне до бод.

Што им кажа Меси на децата од сред церемонија во Париз?

Очекувано, Лионел Меси заслужено и без ни најмала дамка ја освои наградата најдобар фудбалер на светот за минатата година која што ја доделува ФИФА. Лео лесно и убедливо победи 30 кандидати за играч на годината, а во краткиот говор на свечената сцена во Париз на своите деца кои гледаат им порача: „Им праќам бакнеж на моите деца Тиаго, Матео и Чиро, кои гледаат сега и кои ги сакам. И одете на спиење сега, ајде“.

Ни голманот на Аргентина нема направено ваква глупост

Запознајте го Теџа Паку Алам, голман од првата индонезиска лига кој брани за Персиб Бандунг. Можеби на некој ќе му треба ваков човек кој царува не само во својот шеснаесетник, туку многу повеќе.

За кого гласаа капитенот и селекторот на Македонија?

Стефан Ристовски и Боби Милевски излегоа одлични прогнозери во изборот на ФИФА за најдобрите на годината.

Голчиште на Луис Алберто за делириум на Олимпико

Лацио се изнамачи против Сампдорија во понеделничката пресметка, за домаќинот важна да остане во зоната на ЛШ, за Дејан Станковиќ нова тешка битка во борбата за опстанок. Шпанецот Луис Алберто со прекар „Il mago“ (магионичарот), ја реши токму како што му прилега на прекарот.

Парада на ѕвезди: Меси избран за најдобар играч на светот според ФИФА

Во Париз синоќа на свечена церемонија беа доделени наградите The Best-2022 кои ФИФА ги врачи на најдобрите за претходната година.

Опасен изум за пиротехника од топ во Аргентина

Во Аргентина по трибини човек може да види најстраствени навивачи на свет. Не се исклучок ни оние на Росарио Централ кој во победата со Годој Круз во 5. коло од аргентинската Примера направија пиротехничко шоу на нов начин. Со топ за огномети.

Аталанта уште има трауми од ланскиот епски слалом на Тео Ернандез

Проектилот како од катапулт е хит број 1 викендов во Серија А, ама кога сме кај Милан и Аталанта, не може да не се потсетиме на тоа што се случи минатата сезона во претпоследното коло. И тогаш нивното соочување заврши 2:0, и тогаш францускиот бек одлепи, ама уште повеќе. Незаборавно соло за кое зборуваше цела Италија. За глава се држеа на Сан Сиро.

Тој Кариус ни на загревање не е сигурен

Нема, тоа е, дечкото ќе се памети по двете кардинални грешки во големото финале на Лига на шампиони 2018 кога Реал Мадрид со 3-1 го декласираше Ливерпул. Германскиот голман Лорис Кариус е просечен чувар на мрежата кој во финалето на англискиот Куп бранеше за Њукасл против Ман. Јунајтед само затоа што првиот голман Ник Поуп беше казнет поради црвен картон, а вториот голман Мартин Дубравка беше позајмен во Јунајтед за кого веќе настапуваше во Лига Куп па сега немал право да брани.

Аргентинско бразилски танц со холандски шмек

Ќе речеш Карабао Куп, помалку вреден од ФА купот како најстаро натпреварување и неспоредлив со титула во Премиер лига, но сепак погледнете ги овие среќни лица на Лисандро Мартинез, Ентони и Тен Хаг. Како деца се радуваа на трофејот. Скоро 6 години Манчестер Јунајтед немаше освоено ништо.

Лекарот е за да те лечи, не да те крши

Дефанзивците на Олимпик Марсеј немаа шанси синоќа против Мбапе и Меси и дуел не можеа да добијат. А што да каже Данило Переира за овој неочекуван дуел?

Првиот пехар за Јунајтед после 5 години, 9 месеци и 2 дена

На 24-ти мај 2017-та година Жозе Мурињо го одведе Манчестер Јунајтед до пехар во Лига Европа откако во финале го совладаа Ајакс во шведска Солна. До неделата вечер тоа беше единствен трофеј во витрините на Јунајтед во последните 5 години. Трофејниот музеј го збогатија синоќа откако со 2-0 апсолутлно заслужено го совладаа Њукасл во големото финале на англиски Лига Куп.

Везилка со Мбапе и Меси

Килијан му наместил 29 гола на Лео, а Лео му наместил 25 гола на Килијан. Нејмар седи дома и се витка од болки, кога ги гледа како играат заедно.

Натпревар со гол од центар кој не доживеа крај

Во третата шпанска лига Сабадељ го пречекал Логроњес. Домашните на 15. место, а гостите на 18-то место. Теренот потопен цел поради обилни врнежи од дожд. Судијата и делегатите решаваат да почне. Прво полувреме се одиграло, а буквално на стартот на вториот дел со изведување од центар на терен Кристијан Ерера дава луд гол. После неколку минути судиите го прекинуваат мечот кој најверојатно ќе продолжи со истиот резултат на исто време каде сопрел.