Фудбал

Лекарот е за да те лечи, не да те крши

Дефанзивците на Олимпик Марсеј немаа шанси синоќа против Мбапе и Меси и дуел не можеа да добијат. А што да каже Данило Переира за овој неочекуван дуел?

Првиот пехар за Јунајтед после 5 години, 9 месеци и 2 дена

На 24-ти мај 2017-та година Жозе Мурињо го одведе Манчестер Јунајтед до пехар во Лига Европа откако во финале го совладаа Ајакс во шведска Солна. До неделата вечер тоа беше единствен трофеј во витрините на Јунајтед во последните 5 години. Трофејниот музеј го збогатија синоќа откако со 2-0 апсолутлно заслужено го совладаа Њукасл во големото финале на англиски Лига Куп.

Везилка со Мбапе и Меси

Килијан му наместил 29 гола на Лео, а Лео му наместил 25 гола на Килијан. Нејмар седи дома и се витка од болки, кога ги гледа како играат заедно.

Натпревар со гол од центар кој не доживеа крај

Во третата шпанска лига Сабадељ го пречекал Логроњес. Домашните на 15. место, а гостите на 18-то место. Теренот потопен цел поради обилни врнежи од дожд. Судијата и делегатите решаваат да почне. Прво полувреме се одиграло, а буквално на стартот на вториот дел со изведување од центар на терен Кристијан Ерера дава луд гол. После неколку минути судиите го прекинуваат мечот кој најверојатно ќе продолжи со истиот резултат на исто време каде сопрел.

Препишете му го ремек делово на Тео

Тео Ернандез е лев бек кој вреди злато и Милан треба да биде пресреќен што имаше можност да му го лапне на Реал за само 20 милиони евра. Игра напред, назад, не губи дуел и плус решава натпревари. Погледнете му го волејов против Аталанта, кој за жал е запишан како автогол на голманот. Има 22 погодоци откако е на Сан Сиро. Неверојатен играч.

Немања Гудељ е како претплатен на евроголови

Српскиот репрезентативец сезонава не знае да постигне нормален гол. Севиља може да состави компилација на голчишта само со него. На мечот против Осасуна кој го загубија дома со 2:3, одново испука бомба од далеку.

Гол и асистенција на Адеми против Хајдук, Рики сликаше за време на делириумот

Македонските репрезентативци направија шоу на најголемото хрватско дерби кое Динамо Загреб го доби убедливо со 4:0.

Школски пример за волејчиште и еврогол

Тсукаса Шиотани, фудбалерот на Санфресе Хирошима од Јапонија, сигурно ќе влезе во Топ3 најубави голови на сезоната во Азија. Тој го намали резултат на 1-2 во 79' од мечот со Нигата со невозможен волеј.

Нов хет-трик на Роналдо, овојпат за 25 минути

Португалскиот ветеран во саботата постигна нов неверојатен хет-трик, за само 25 минути игра од првиот дел од мечот Дамак - Ал Наср на кој неговиот тим славеше 0:3 и остана на чело на табелата во Саудиска Арабија со 43 бода пред второпласиранито Ал-Итихад. Кристијано претходно постигна четири гола против Ал Вехда месецов и стигна до 500 лигашки погодоци во кариерата.

Победа на Абердин благодарение на волејот на Миовски

Трансферот во Шкотска минатото лето му се погоди како кец на десетка. Стигна до 15 гола во првенство, а првиот на табела има четири повеќе.

Комична сцена од Лига Конференции, центарфор заборави колку пенали се извеле

Минатата недела белигски Гент загуби 1-0 од азербејџански Карабах во првиот меч од 1/16 финале на Лига Конференции. На реваншот белгискиот состав едвај ја надомести негативата откако Нигериецот Гифт Орбан постигна гол во 74' миунта за 1-0. После продолженија се отиде на пенали а таму истиот Гифт Орбан откако даде гол се затрча да слави со навивачите, несевесен дека е 4:3 и дека серијата уште трае.

Пазете го Јапонецов како ја врати на голман

Уствари се знае ли овој на кого сакаше да подаде? Па ова е генијално одиграно.

Бруно намерно ли го издиша Де Јонг?

Манчестер Јунајтед ја елиминираше Барселона во плејофот од ЛЕ, а во еден момент нервите зовреа на Олд Трафорд поради еден непромислен потег на Бруно Фернандеш кој го зарога Де Јонг со топка и доби жолт.

Тричковски во осминафинале нагази на премиерлигаш

По извлекувањето на ждрепката во Лига Европа, познати се осминафинлните двојки и во Конференциската лига, третото по ранг клупско европско натпреварување.

Јувентус оди на Фрајбург, Арсенал против Спортинг

Бидна ждрепката за нокаут фазата во Лига Европа, каде има големи екипи, но осминафиналето за разлика од претходната фаза не донесе некое големо дерби.

Напаѓачот на Фиорентина даде гол и го истрола ВАР за неправдата

На Бразилецот Артур Кабрал му поништија гол после еден нејасен и чуден судир на две технологии. Но напаѓачот на Фиорентина потоа успеа да погоди за 3:2 и да ја реши Брага. Му се исмејуваше на ВАР системот. И со право.

Цар Жозе му направи класичен македонски муабет на преведувачот

Ете ти нова прес конференција која се надоврзува на нашата вчерашна статија со наслов „Најповторуваните и најдосадните изјави на тренерите“. Мурињо беше два пати во Скопје, го сакаме пак. Роден е за шоу.

ВАР технологија vs Гол технологија 1:0

И тоа чудо го видовме, ВАР да и понишни гол на „Гол технологијата“ и тоа чист. Нестварната сцена се случи во Фиренца на дуелот меѓу Фиорентина и Брага во Конференциската лига. Скроз чудно и нејасно.

Навивач на ПСВ го нападна голманот на Севиља, ама овој го собори во секунда

ПСВ ја победи Севиља дома со 2:0 во ЛЕ, ама не оди во осминафинале поради поразот на првиот дуел од 3:0. Очигледно најфрустриран беше еден цреп кој се симна од трибина и почна да го удира голманот на гостите Марко Димитровиќ. Експресно го суредија.

Блесок на Ди Марија со хет-трик, еден од головите уште вечер стајте го на најавни шпици

По ремито во Торино, Јувентус убедливо со 0:3 го реши Нант на гости, благодарение на трите погодоци на светскиот шампион Ди Марија. Првиот гол е велемајсторија и убавина за око.

Не се брани овој волеј на Трајковски

Александар Трајковски ја крчка формата пред квалификациите за ЕП кои Македонија ги стартува следниот месец. Денеска го постигна третиот гол за Ал Феиха на дуелот против Ал Тавон во 18-тото коло во првенството на Саудиска Арабија. Ја заби силно и убедливо, таму каде голманот нема шанси.

Симеоне, Станковиќ, Манчини, дури 22 играчи од шампионската генерација на Лацио се пробаа како тренери

Кога Симоне Инѕаги и Серџо Консеисаио синоќа се ракуваа на Меаца на мечот Интер - Порто од ЛШ, коментаторите веднаш констатираа дека тоа се двајца соиграчи од Лацио кои ја освоија последната титула во 2000-та.

Млад навивач на Манчестер Јунајтед си поигра со Нуњез

И децава не се тоа што беа. Бара фотографија од играч на Ливерпул, а му вади дрес од Јунајтед. Оди на Јап Стам напрај му вака.