Фудбал

Фудбалската убавина не знае за граници

Само што се загреа ирското фудбалско првенство, Шамрок Роверс и Корк Сити одиграле спектакуларен меч со дури 8 гола. На крајот реми 4:4, а од двата гола на гостинскиот фудбалер Дарах Кроули, првиот за 1-2 му беше феноменален од пола терен.

Машки 8 март?

Ова е уствари кога имаш еден слободен ден во неделата и не можеш да одлучиш на која од двете омилени работи да го потрошиш.

Како 41 годишниот Ибра се спремаше за кам бек?

Девет месец го немаше поради повреда, што на таа возраст е сосема нормално човек да рече доста е. Ама не, Златан реши на тие години, после операција на колено да се фрли на долг рехабилитациски и тренажен процес и успеа да се врати. Каков карактер.

Кога не знаете вие да играте, ќе ви покаже едно куче

Во КОНКАКАФ Лига на шампиони турнирот за Северна Америка, Алијанца од Ел Салвадор и Филаделфија одиграа без голови во првиот меч од 1/8 финалето. Најинтересен момент во таква ситуација направи куче кое упадна на терен.

Каква недела за Џејми Карагер, го искина и Шмајхел

Некогашниот капитен на Ливерпул, Џејми Карагер, цела полусезона патеше поради бледите резултати на црвените, но на крај ги дочека своите пет минути. Откако Ливерпул со 7-0 го прегази Ман. Јунајтед и му го нанесе најтешкиот пораз во историјата, Џејми прво го шина од зафркавање неговиот најдобар другар и колега Гери Невил кој беше капитен на Јунајтед, а сега и легендарниот голман на Манчестер, Данецот Питер Шмајхел.

Кулушевски: „Горди бевме на Пандев што сме Македонци како него“

Во пресрет на големиот дуел меѓу Тотенхем и Милан, реванш меч од 1/8 финале на Лига на шампиони, големата ѕвезда на англискиот клуб, Дејан Кулушевски кој води потекло од охридско а игра за Шведска, даде интервју за официјалната страна на Лига на шампиони УЕФА.

Челси со повторен пенал го скроти Дортмунд, Бенфика го растури Бриж

После минималниот пораз 1-0 во Германија на првиот меч, вечерва Челси на својот „Стемфорд Бриџ“ успеа да ја надомести негативата и со триумф од 2:0 да се пласира во четвртфинале од Лига на шампиони. Бенфика го петардираше Клуб Бриж.

Тренерот на Лацио распали цигара и на тренинг

Во пресрет на мечот меѓу Лацио и АЗ Алкмар кој се игра вечерва, пред сите останати утрешни дуели од 1/8 финале на Лига Конференции, страствениот пушач Маурицио Сари не издржал и на последниот тренинг на Лацијалите распалил цигарче.

Мурињо студен ко шприцер го проследи победничкиот гол против Јувентус

Постојат два типа карактери: еден топол и бурен а друг студен и ладнокрвен. Такви беа Мурињо и Тејму Абрахам за време на голот на Џанлука Манчини во големото дерби со Јувентус.

Винисиус е неумен во последно време

Со одличните партии, асистенции, како и 22 гола, Винисиус Жуниор беше една од најважните карики лани во шампионска година на Реал Мадрид. Но кралевите сезонава го губат чекорот со Барса која им бега 9 бода, а Бразилецот кој по Мундијалот има само еден гол и четири жолти картони, демонстрира многу нервоза и предизвикува лутина во тимот.

За оние што пишуваа Луиш Фигу и Жоау Фелиш

Челси го чека многу тежок меч од осминафинале на Лига на шампиони против Борусија Дортмунд која на првиот меч славеше со 1-0. Реваншот се игра вечерва на „Стемфорд Бриџ“ каде Жоао Феликс и другарите ќе се обидат да ја надоместат негативата од Германија. Притоа Португалецот имаше нешто да каже за некои паметковци.

Зошто сите голмани во Шпанија викендов бранеа во црни дресови?

Изминатото коло во шпанска Ла Лига сите чувари на мрежи излегоа во темно црни дресови, во чест на 80-годишниот легендарен голман на Атлетик Билбао Хозе Анхел Ирибар. Тој во текот на цела кариера бранел на преку 600 натпревари и на сите од прв до последен бранел во црн дрес, без исклучок.

Камерата која најдобро покажува зошто Клоп беше бесен подари навивачот

Ливерпул го ишамара Јунајтед за сите пари, ама за време на прославата на еден од головите, Клоп му беше ифрит лут на навивач кој влета на терен. Во преносот не се виде глупоста која ја направи црепот. Некој од трибина најдобро го снимил тоа за да го долови. Робертсон се виткаше.

Понеделничко мешање во шеснаесетник сам против четворица

Од скромната понеделничка фудбалска програма го издојуваме снаодливиот Јан Карамо кој ги направи попара пред гол кој како му дојде, за победа на Торино против Болоња од 1:0.

Туку го видовте ли евроголот на Гризман?

Атлетико Мадрид го искали сиот бес од неефикасноста сезонава над Севиља. Тимот од главниот град на Шпанија со 6-1 ги демолираше гостите од Андалузија и го сочуваа третото место на табела зад Барселона и Реал Мадрид. Сезонава Атлетико немал ваков меч. По два гола дадоа Депај и Мората, а по еден Караско и Гризман.

Некогашен фудбалер на Реал Мадрид, денес работи во магацин во Крагуевац за 400 евра

Некогашниот репрезентативец на Југославија кој беше член на селекцијата која на Светското првенство 1990-та стигна до четвртфинале па испадна на пенали од Аргентина на Марадона, Предраг Спасиќ има тешка животна судбина.

Кои се најбрзо исклучени играчи во историјата на Серија А?

Чудната епизода со просечниот центарфор на Јувентус Моизе Кин кој само што стапна на терен на стадионот „Олимпико“ во дербито со Рома, после 40 секунди доби црвен картон затоа што му удри клоца на стоперот Џанлука Манчини, не е ни прва ни последна.

Шпиц на Јувентус влезе во игра и за 40 секунди доби црвен картон

Рома го совлада Јувентус со 1:0 во големото дерби на италијанската Серија А и ја прекина серијата од 4 победи по ред на бјанконерите. Навивачите на Јувентус од самиот пораз повеќе ги изнервира реакцијата на нивниот резервен центарфор Моизе Кин кој влезе во игра во 89’ минута и за само 40 секунди доби директен црвен картон откако буквално му удри клоца Манчини.

Клоп збесна во еден момент кога навивач упадна во терен

Петти март 2023-та година ќе го паметат уште многу долго навивачите на Ливерпул, но и оние на Манчестер Јунајтед. Гостите од „Олд Трафорд“ го претпреа најтешкиот пораз во последните 92 години! Ливерпул ги прегази со 7:0 и оствари историски триумф. При прослава на еден од головите, прекрасната вечер на Енфилд Роуд можеше да ја расипе еден глупчо кој влета во терен и при судир со редарите закачил двајца играчи на Ливерпул кои се пожалија на повреди.

Еврогол на вечерта - мајсторија со ножички

Брага игра одлична сезона во португалската Примеира, има 17 победи, 1 нерешена и 5 порази и со гол разлика 50:22 освои 52 поени после 23 кола. Интересно Брага е трета со само два бода зад Порто на местото кое води во Лига на шампиони и 10 бода зад лидерот Бенфика. Синоќа Брага со 2-0 го совлада Рио Аве а вториот гол на мечот, дело на Симон Банѕа во 79-та минута беше ЧУДЕСИЈА.

7:0 на Енфилд Роуд - најтешкиот пораз на Манчестер Јунајтед во 92 години

Фудбалерите на Ливерпул го истурија целиот бес од слабите резултати сезонава над најголемиот ривал и тоа со најубедлива победа во историјата на меѓусебните средби и еден од  највисоките триумфи во историјата на англискиот фудбал воопшто.

Шести хет-трик на Тричко во дресот на АЕК Ларнака

Ако на некој македонски напаѓач најдобро му лежи фудбалот во Кипар, тоа дефинитивно е Иван Тричковски кој од 2018-та до сега има шест хет-трикови во дресот АЕК Ларната. Последниот го запиша против Паралимни за победа од 3:1. Тричко следниот месец полни 36 години, кои воопшто не му се приметуваат.

Џордан и Пипен се натпреваруваат кој е бољи

Годината е 1992-ра, Мајкл тука има 29 години, Скоти 27. Играат во врвна форма и ја напаѓаат втората титула со Булси од вкупно шест. Не е доволно да се погледне клипов само еднаш.

Кога водиш 3:0 на дерби и после ти е лабаво

Олимпик Марсеј - ПСЖ минатото коло заврши 0:3. Мбапе даде два гола и еден му асистираше на Меси. Лесно му беше после на Килијан кој знае да се мајтапи на терен.