Фудбал

Најава на сезоната како за филмски фестивал

Со фантастична најава, како во старите добри времиња во англискиот фудбал, БиБиСи спорт го пречека мечот од ФА Купот меѓу второпласираниот во втора лига Шефилд Јунајтед и четвртопласираниот во Премиер лига Тотенхем. На култниот стадион „Брамал Лејн“ во Шефилд, градот на железото и челикот.

Влијанието на Педри во Барселона

Со него на терен, Барса освојува повеќе бодови, постигнува повеќе голови, има повеќе удари во рамки на гол, повеќе асистенции, шанси...Сè е подобро со него, а има само 20 години.

Беше светски шампион со Германија 2014, а сега се качува гол на планини на -19

Сте се запрашале ли каде е и што прави познатиот германски репрезентативец Андре Шурле? Нешто скроз неочекувано и сосема друго од сите други фудбалери откако одат во пензија.

Џентлменски манир на Чави и Карвахал

На вечното Ел Класико меѓу Реал Мадрид и Барселона секогаш има набој и тензија, па така беше и синоќа на првиот меч од полуфиналето на Кралскиот Куп кога Барселона славеше со 0:1. Во еден момент од дербито, Чави и Карвахал се навредуваа еден со друг, за да на крај џентлменски си подадат рака и се гушнат.

Наполитанците очигледно веќе се спремаат за фешта

До крајот на сезоната во Серија А има уште 14 кола, а Наполи му бега на Интер 18 бода, што значи дека успехот кој последен пат го славеле пред 33 години со Марадона е се поблиску на дофат. Пазете ги што направиле фанатиците.

Не се оправија и не се оправија

Во Бразил скоро и да нема одиграно коло во првенство или фаза во Купот а да нема упад на интервентна единица за брзо да спречи хаос. Така синоќа за време на мечот меѓу нисколигашот Сергипе и познатиот Ботафого од Рио де Жанеиро во Купот, гостите се спасиле од срамен пораз и испаѓање и израмниле на 1-1 дури во 90+7’ минута после три спорни корнери по ред.

Голманот на Јужен Судан за кој викаат дека има 18 години

Минатата недела беше прекрасна за африканската земја Јужен Судан која за првпат во историјата се квалификуваше на Светско кошаркарско првенство кое се игра летово (август/септември), а историски подвиг направиле и младинците во фудбалската репрезентација на Јужен Судан кој оствариле победа на Куп на Африкански нации.

Во Холандија измерен шестиот најсилен шут во фудбалот

ПСВ Ајндховен игра добра сезона. Во Лига Европа за многу малку ќе ја надоместеа големата негатива од 3:0 против шпанска Севиља, а во домашното првенство се четврти со само шест бода зад лидерот Феенорд кој има 52 бода. Во холандскиот Куп ПСВ синоќа со 3-1 го совлада Ден Хаг а при третиот гол за домашните кој го даде Ибраим Сангаре бил измерен шут со брзина од 170 км/час со што Африканецот стана шести на листата најсилни шутери во историјата.

Пред Бернабеу летаа банкноти од 500 евра со ликот на Лапорта

Во Шпанија неодамна изби афера со првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта кој наводно дебело подмачкувал во судиската комисија на шпанскиот фудбал. Навивачите на Реал протестираа пред Ел Класико, па дури и испечатија и банкноти.

Увертира на фудбалски меч во Босна со орање

Вележ од Мостар ја совлада Слога Добој во Купот на БиХ со 3:0, иако искрено не ни е јасно како. За да создадат услови за игра, царевите решаваат да го отсранат снегот со трактор, кој му влегува на теренот и го прави масакр.

Ансу Фати го спаси Реал од пораз од 2:0

Барселона го доби Реал на гости во првиот полуфинален дуел од Купот на Шпанија. Кралевите одиграа Ел Класико со најголем посед на топка до сега, но без никаков успех.

Коментарот на четвртиот судија кој го разбесни Мурињо

Рома ќе биде без тренер во следните две кола во Серија А, но тоа изгледа нема да биде крајниот исход од кавгата со четвртиот судија кој воопшто не бил нежен кон Португалецот.

Голчиштето на Македонија на Сицилија

Футсал репрезентацијата на Македонија загуби 6:3 од Италија во квалификацискиот меч за СП 2024, одигран во Катанија. Избраниците на Васко Скендеровски добро се држеа против фаворитот и дури три пати израмнуваат, а за издвојување е мајсторијата на Петровиќ за 2:2.

Легендарниот Џанлука Паљука раскажа зошто стариот фудбал беше поубав од модерниот

Култниот италијански голман, еден од најдобрите во историјата на италијанскиот фудбал, Џанлука Паљука долго време го држеше неверојатниот рекорд со 592 натпревари во Серија А и бројот на одбранети пенали (24). Првиот рекорд го надмина Џиџи Буфон, а вториот Самир Хандановиќ. Но друг ни е муабетот.

Последниот гол на Роналдињо за Барса пред точно 15 години

Ни кидна за еден ден, бидејќи тоа се случи на 1 март 2008-ма против Атлетико Мадрид, ама сепак не се пропуштa вакво нешто. Пред да замине во Милан за 22 милиони евра, еден од најголемите фудбалски миленици и магионичари на сите времиња, стави печат на кариерата во Барселона во негов стил, велемајсторски и акробатски. За на Јутјуб му беше секој потег.

Да не ти е Конате додека Салах ти дава дрес

Ливерпул до 73-та минута не можеше да го пробие Вулверхемптон во 25. коло од Премиер лигата во меч одигран на „Енфилд Роуд“. Дури тогаш Ван Дајк отвори а после само три минути Салах ги постави конечните 2-0. Триумф кој Ливерпул дополнително го приближи до четвртото место кое води во Лига на шампиони следна сезона. После мечот Мо Салах му го дава вредниот дрес на еден гледач, а во шега упаѓа Ибраима Конате кој вика „не, не“ и го смрзнува гледачот.

Златни Ајфони од Меси за сите во репрезентација

Капитенот на Аргентина одлучил на сите колеги со кои го освои Светското во Катар, да им подари Ајфон 14с и тоа златни.

Кога едно чиче мислеше да му продаде фора на Златан Ибрахимовиќ

Додека играше во ПСЖ и освои неколку трофеи, а се изнадава и голови, пред да излезе на терен пред еден меч (веројатно на гости), му приоѓа еден постар човек и на место детенцето кое го држи Златан за рака, пробува да ували некое свое (веројатно внуче). Ибра одбива на прва.

Голот од 58 метри кој ја разбранува Италија

Фиорентина со 0-3 ја демолираше Верона во меч од 24. коло во Серија А. Виолетовите се 12-ти на табела а Верона со овој пораз остана во зоната за испаѓање со 17 бода, три помалку од Специја која е над цртата.

Како изгледа тренинг кампот на Манчестер Јунајтед за кој се жалат дека е остарен

Кристијано Роналдо пред извесно време и Џеси Лингард во јануари, а и други отворено ја критикуваа тренинг базата на Манчестер Јунајтед за која велат дека заостанува светлосни години зад оние на Манчестер Сити и Челси.

Како Чоло Симеоне искусно им помогнал на Аргентинците на Светско

Родриго Де Пол, фудбалерот на Атлетико Мадрид раскажал анегдота за тоа како на тројцата играчи од Атлетико кои играа за Аргентина на Светското, пред мечот со Холандија им се јавил Диего Симеоне. Им кажал како да избегнат картони од главниот судија Шпанецот Матеу Лахоз.

Легендарниот Роби Кин со спонтано видео кое стана хит

Асоцијација на расен голгетер, убиствен шпиц кој се растури од голови во Вулверхемптон, Ковентри, Лидс Јунајтед, Тотенхем, Ливерпул, Селтик, Вест Хем Јунајтед, ЛА Галакси, Астон Вила. Ирецот Роби Коин денес има 42 години и живее во САД, во Лос Анџелес од каде прати едно интересно видео.

Само мајстори како Де Брујн може вака лесно да ти ја сместат од 25 метри

Англичаните ден не мируваат. Во недела кога нема ЛШ, тие му гостуваа на Бристол Сити во ФА Купот. Победија 0:3, а после двата гола на Фил Фоден, мечот атрактивно го затвори еден од најдобрите играчи од среден ред во светот.