Фудбал

Наскоро излегува документарецот на Нетфликс за Винисиус

Како што самиот Бразилец од Реал Мадрид вели, сакал да тргне по стапките на своите идоли Мајкл Џордан и Леброн Џејмс, па и за него да се сними документарка за Нетфликс. И желбата му се остварила. На 15-ти мај ќе се прикаже премиерно документарецот насловен „Baila, Vini“ (Танцувај Вини). 24-годишниот ѕвезден фудбалер ќе раскаже за своите почетоци.

Како Куртоа го спаси Реал

По минималниот триумф на Барселона над Мајорка и Реал Мадрид беше под голем притисок да мора да победи на гостување во мадридското предградие. И победи. Ама таму налета на тврд орев. Хетафе имаше 20 шута од кои 6 во рамки на противничкиот гол а сите 6 ги одбрани Тибо Куртоа од кои 5 беа удари од самиот шеснаесетник. На крај заслужено највисока оцена доби белгискиот голман и признание за играч на мечот. Победничкиот гол за триумф 0-1 го даде Турчинот Арда Ѓулер.

Пенал без залет, нема поглупа работа

Либертад од Парагвај загуби дома од Сао Паоло со 0:2. Има и зошто. Вака не се шутира пенал ни на тренинг.

Јака акробација на Тати Кастељанос

Јувентус киксна на гости со Парма 1:0, а Лацио ја совлада Џенова на гости со 0:2 и сега битката за ЛШ е тотално неизвесна и хаотична. За издвојување е евроголот на Аргентинецот Тати Кастељанос. Па и Фиорентина држи чекор, бидејќи славеше 1:2 против Каљари.

Лука Јовиќ го потопи Интер и го остави без сон за тројна круна

Чекаше, чекаше долго време српскиот репрезентативец и конечно дочека своја шанса. Тренерот на Милан Серџо Консеисао почна да има повеќе доверба во Лука Јовиќ а тој му врати со два гола во големото градско дерби, и тоа во полуфинале на Куп на Италија каде росонерите го згромија Интер со 0-3.

Емирати одамна не видел таков гол како синоќа

Во прекрасно мало градско дерби Арсенал и Кристал Палас постигнаа 4 гола и поделија по бод. Арсенал водеше 1-0, па 2-1 и на крај Французинот Жан-Филип Матета во 83-та минута постигна прекрасен еврогол со лоб. Сега на табелата во Премиер лига Ливерпул е прв со 79 бода, 12 повеќе од Арсенал но и натпревар помалку имаат црвените кои наскоро би можеле да ја осигураат новата шампионска титула.

Голчиште на Ѓулер, Реал ја следи резултатски Барса

Како први, така други. Само еден ден по триумфот на Барселона над Мајорка од 1:0 и фудбалерите на Реал Мадрид славеа со идентичен резултат. Хетафе на гости го реши Арда Ѓулер со убав гол. Разликата останува на 4 бода. Во сабота е финалето во Копа дел Реј меѓу Барса и Реал со почеток од 22 часот.

Сезоната на Тотенхем во едно видео

Не е само Манчестер Јунајтед мизерија оваа сезона, туку уште една екипа, а тоа е Тотенхем, кој следна европските купови ќе ги гледа на тв. 18 порази имаат во Премиер лига и во моментов се на 16-то место со 37 бода. Погледнете колку се синхронизирани во напад.

Страшниот гол на Орсолини против Интер кој ја разгоре борбата за скудето

Дваесет и осум годишниот повремен италијански репрезентативец Рикардо Орсолини постигна прекрасен гол за Болоња во 90+4' минута против Интер за триумф од 1:0. На овој начин Наполи се израмни бодовно со Интер на врвот, имаат по 71 бод и до крајот ќе следува голема борба за скудетото. Има уште 5 кола до крајот. 

Паненката за која зборува цел Балкан

Авторот на славниот удар од пенал се вика Антотин Паненка, кој му го демонстрираше на светот во 1976-та и тоа во финале на ЕП против Германија. Го изведе во последната пенал серија за победа на Чехословачка која стана Европски првак. Ама сега заборавете на таа историја и погледнете што искомбинираа царевиве.

Бизарната поврзаност на клубот Авелино со смртта на Папите

Фудбалскиот клуб Авелино 1912 од јужна Италија повторно се најде меѓу ударните вести од светот на фудбалот, не само поради долгоочекуваниот пласман од трета во втора италијанска лига Серија Б, туку и поради една необична мистерија.

40 клучни пасови на Де Брујн печени за асистенции

Завршува една славна ера на Манчестер Сити со Кевин Де Брујн. Архитектот во играта на Пеп кој мижеечки ги гаѓаше соиграчите со топка. 10 сезони, 16 трофеи, 417 настапи, 107 голови и дури 177 асистенции. Страшен играч. Дефинитивно еден од најјаките во историјата на Сити. Погледнете колку од овие пасови можеле да станат асистенции.

Трите големи промашувања на Барса, Араухо се посрамоти

Ако некој се прашува во кладилница, зошто Барса не му ја даде 1 со повеќе голови, нека ја погледне статистиката. Имаа ужасно лоша вечер во однос на ефикасноста, изразена со 40 удари од кои 13 во рамки на гол, со 78% посед на топка. Додуше и голманот на Мајорка беше во елемент и затоа мечот заврши 1:0. Одиме со шансите на Олмо, Араухо и Јамал.

Мртвата трка во Премиер лига за ЛШ

Гори во Англија кога се во прашање битките за места кои водат во Лигата на шампионите. И допрва ќе гори, а голема е веројатноста да одлучуваат директи дуели.

Педри е дефинитивно нешто најблиско до Иниеста

Барселона со 1-0 ја совлада Мајорка со голот на Дани Олмо во 46' минута и одново му избега 7 бода на Реал Мадрид кој има и меч помалку. На дуелот синоќа во Барселона Педри беше избран за играч на натпреварот. Правеше чуда со топката како на времето Андрес Иниеста. За 90 минути имаше 105 успешни од 114 додадавања, 6 создадени шанси, 20 додавања во последната четвртина од теренот, 18 одземени топки и 100% успешни дриблинзи.

Голот на Сити за победа во 94-та минута после кој Гвардиола полуде од радост

Доскорешниот европски шампион и една од најголемите фудбалски сили на светот Манчестер Сити сезонава игра под сите очекувања. Откако западнаа во сериозна криза, некако во финишот почнаа да ја вадат сезоната за да се изборат за место кое води во Лига на шампиони следната сезона. Синоќа со 2-1 ја победија Астон Вила која претходно прва поведе преку Маркус Рашфорд од пенал. Сити славеше со погодок на Матеуш Нуњеш во 90+4' минута! Гвардиола полуде од среќа.

Осимен ја мести маската пред да центрира

На еден натпревар против Каљари во ноември 2021-ва уште додека играше за Наполи и беше најдобар центарфор во Италија, Виктор Осимен при еден дуел со противнички голман и удар на топката со глава, страшно опасно ја повредил регијата околу едното око. Му течело крв непрекинато. Од тогаш носи заштитна маска. Некогаш како на пример синоќа на мечот Коњаспор - Галатасарај во турскиот Куп на кој даде гол во победата 1-5, ја местеше маската пред да центрира.

Антони не го ископирал голот од Роналдо, туку Роналдо од Антони

Играл добро за Бетис или не, уште не го оставаат на мира по социјални мрежи. Синоќешниот волеј против Жирона му го споредија со еден сличен таков на Роналдо, токму со коментар каков што е насловот.

Деца, гледајте Дејо Геније што им направи на двајца од Парма

Тоа што помладиве се растени во време на Меси и Роналдо, па ќе продолжат да се воодушевуваат на Мбапе, Халанд, Јамал и другите, не значи, односно не смее да не знаат какво играчиште беше Дејан Савичевиќ. Луиџи Аполони и Фернандо Коуто не знаат што ги снајде. Кај ги изеде со два потега, па уште и му ја даде на тацна на легендарниот Роберто Баџо. 30 години е стара снимката, а мечот е Милан - Парма.

Мо Салах можеше да има тројно повеќе асистенции

Триесет и две годишниот најдобар египетски фудбалер во историјата, кој на 15-ти јуни ќе наполни 33 години, сезонава игра во транс. На 33 меча во Премиер лига има 27 гола и 18 асистенции и е најзаслужен што Ливерпул е на прагот да освои нова шампионска титула. Салах е многу близу да ги освои индивидуалните награди што се доделуваат за најдобар играч на светот, најдобар стрелец во европските лиги, најдобар стрелец во Премиер лига итн.

Десната рака на Флорентино Перез е за Клоп на клупата после Анчелоти

Во последно време се погласни се шпекулациите дека еден од најдобрите и најтрофејни фудбалски тренери во историјата, Карло Анчелоти наскоро ќе го напушти Реал Мадрид. Очигледно е дека на „Сантијаго Бернабеу“ има заситување на релација тренер-управа-играчи па многу веројатно Дон Карло пред истекот на договорот ќе замине.